Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
како бе не .....зошто бе... Сандокан е најјакиот прилепчанец .. шо сакаш можи да ти најди и дати дај ...Мене 2 години ме моли да ми дај пауни да си чувам дома ...

хахахаахаааааа:rofl..нека ми даде некое Бентли јас да почувам дома, или порше...

и сдк Деца да не ве јаде баба меца...да си легнам јас...најпаметно(think)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Сакам да кажам кој ќе го тагне @|o$y(|-|0$0(|@l за помалку од 30 секунди го частам шо сака :rofl P.S. без копи пејст :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_Mayor

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
И да, уште нешто сакам да кажам... Коцките си се местат хм...
Ми ја развесели вечерта, да да, ти, што ми прати порака во 12 часот и 50 минути по полноќ...
Те немаше деновиве, си се извини, срцка си стварно (inlove)
Уште да те видам и ќе сум пренајсреќна ;)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Решив да си се дружам сама со себе некое време.
Јас бре. Недозреано човече во кревки години оставено на себе и времето.
И не сакам да звучам патетично-филозофски или сожалувачки. Јок. Ќе се изградам ко јака личност, за гордеење е.
Ќе си бидам сама себе родител, партнер и другар. Сама свој учител и патник-самотник.
Крајно е да пораснам, да го гледам светот со заледени очи. Самиот факт да си признаам себеси дека само така се проаѓа боли до коска, ама морам. Се’ што досега некогаш и некаде имам вложено, се распадна. Градев со години, со труд, љубов и со сето срце. Бирав и градев добронамерно, за утре да имам на што да се потпрам.
Кога да видиш, во неколку мига - kaboom, end, finito, ende, fin, конец фильма. Секој си го повлече својот дел од таа градба, за своја подобра иднина, и за мене остана само пепел за потпирање, а јас патрава сум, не знам да се потпирам на нестабилни површини, ама пак сета среќа што не се претвориле работите во канализација, е тогаш ќе се удавев во лајненца бре. :D
Велат кога чукнува по глава, чукнува се’ одеднаш, и вистина било. Ама зошто јас бре? Милиони прават секакви гадотии и наштетуваат секому, а јас само трчкарав наоколу да угодам, и на крај посрав. Со недоволно искуство испаднав лошата оти сум се растргнала на 1000 страни и не сум стигнала да угодам на секое можно поле.
Ах...а само сакав да имам значење во нечии животи, да вредам за неколку едноставни жртвувања и да бидам се’ ко што тие мене ми беа, да бидам причина за скокотливи насмевки.
Се изначитав сваштарии на makesmethink и кога на неколку минути седнав сама, со ладна глава да размислам за се’, сфатив дека во свет на живи мртовци, не вреди да делиш по малку живост бидејќи истиот само неблагодарно ќе го впијаат и ќе заминат останувајќи истите живи мртовци во потрага по нов живот за впивање. Мојот веќе не.
Not anymore. Ќе се вклопам во таа искулирана, јака багра и ќе мериме ташак кој е поголем камен.
Бре, колку патетично звучам, не мора ни да читате, чисто онака си пишувам, да си олеснам бидејќи ова ми е единственото место на кое можам да се доверам, на кое можам да се искажам без да ме осудува. Сепак, вистински пријател не морал да биде од крв и месо, и не мора да каже ни збор за да знам дека секогаш е тука за мене.
Фала ти црно-бели свету за сите истрпени гомнојадења и реферати ко овој.
Фала и на сите што случајно или намерно сте прочитале некој пост, што сте се насмеале, сложиле или сте ме испцуле во себе за нешто. Ќе се читаме пак де, само не утре. Ни јас не знам кога, но битно некогаш ќе ве посетам да ви подарам по еден пар лајнарки ко што имам ветено. Ама сега дојдов до дел кај што морам да се оддалечам од се’.
Ајмо Електро, чао пријатно и за арно нека е.
До поведри постови и во поубави времиња.
So long.
50510_102615493140933_174502_n.jpg

Барајќи ја сликава на Гугл, си го видов и аватарот. Ах, носам таг „лајнарки“, ете ти едно позитивно обележје. :D
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Сдк како нема некоа транс журка да се оди, што сега вака тука слушам на лаптопот ама не е филингот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.