Со дозвола на ipopovski, а на моја огромна чест и задоволство, ја добив можноста да ја отворам оваа прекрасна тема во која ќе се обидам да Ви ја доловам магичноста и модната важност на едните и единствени обувки кои се заштитен знак на Куманово, влечките-лајнарки, кои непоколебливо го газат времето.
Лајнарките се всушност ко историско минато за кое не се знае многу, но сепак оставаат посебен белег.
Не се знае ниту нивниот генијален дизајнер, ниту годината кога прв пат се појавиле. Единствено е познат нивниот производител ЧИК ака Чевларска Индустрија Куманово, но јасно е дека за многу кратко време истите завладеале со модниот свет, и до ден денес се синоним за добар вкус и моден сенс.
Нивните броеви обично се движат од 40 па нагоре. Тоа е така бидејќи дизајнерот првенствено мислел на комоцијата на купувачите, па потоа и на дизајнот, и секако, бојата.
Дизајнот е нешто посебно. Нешто на кое и познатите дизајнери ко МекКвин останале со подзинати усти.
Којзнае, може овој генијален изум е и причината за самоубиството на МекКвин.
Како и да е, влечките се направени од најквалитетната гума, измешана со најквалитетна пластика, поради цврстина. Гумата е рапава на допир, но има мека душа. Таа перфектно го симболизира Македонецот и неговата природа - јак ко лав, а однатре ко мушичка. Влечките имаат по 2 дупки од страните, бидејќи влечка ко влечка не е доволна за да се проветрее ногата, па мора и од страните. Голем плус е што малото прсте може да ви излезе од едно од тие дупчиња, и така добивате уникатност и шмек на маалски badass.
Ѓонот на овие влечки е поцврст и од самиот бетон. Всушност, ѓонот го јаде бетонот, согласно со фактот дека ѓонот е составен од шупливи коцкички во кои навлегуваат каменчиња кои подоцна служат за така нареченото стружење бетон за време кога сите одмараат од работа.
Едноставно, лајнарките се ко весник кој ве известува дека ви иде гостин, бидејќи нивниот звук е толку јак, што ќе го слушнете од голема далечина.
Погодни се за сите пригоди. Од најсвечени свадби и деловни состаноци, до орање нива и чистење нужник. Истото важи и за сите годишни времиња, од проветрување во летните горештини, до парно-греење во зима, секако, во комбинација со дебела тегет чорапа на која сѐ иде. А богами и иде, ако земеме предвид дека бојата на овие медењаци е ни помалку ни повеќе туку каки кафеава, со варијации од лесен, воденикав пролив, до тежок, тридневен запек.
За да не очајуваат помалите генерации, врвниот дизајнер се погрижил и ним да им обезбеди лајнарчиња во согласност со возраста, но не помалку корисни! Од одење на гости до играње маалски фудбал.
Затоа тие се наречени и спортски лајнарки, папучки за кои се шпекулира дека биле предложени да се користат за време на тренинг низ светските фудбалски клубови, но биле одбиени поради супериорноста која играчите ја добивале штом ќе ја облечеле лајнарката на нога.
Како за крај, ќе ве оставам да плакнете очи на овие легендарно-маестрални обувки.
A moment of silence, please.
Огромна благодарност до JaMi за прекрасната слика.
Благодарам што оддвоивте време да се запознаете со едно врвно обележје на мојот роден град.
Дали поседувате вакви и ако да, со што ги комбинирате?
Слободно искажете го вашето воодушевување од истите.
Мораше во мода! Ако сметате дека треба да биде преместена, бујрум.