


Таман задремав мам на врата се појавува, "Сара, пази го брат ти татко ти спие, јас ќе одам на родителска", но нели коа не треба нешто тогаш е поинтересно, во случајов ми повеќе ми се спиеше. Задремував цело време, па брат ми ми се качи во соба нешто трескаше
. Станав и таман дасе туширам ми ѕвони комшиката одма да сум ја налкирала ќе одела на матурска, па нели ја сум добра и секогаш јас сум последна на листата, отидов ја налакирав.
Воздишки секоја секунда.Заради што?
Заради мојата желба.
Понекогаш силно посакувам да се вратам во детството кај што само одраните колена ми беа причина за плачење.
Кога едвај чекав да се самне за да се соберам со моите пријателчиња од маало да играме брканица или жмурка.
Кога брат ми ми ја факаше косата во реп и ми ја врзуваше.
Кога единствена грижа ми беше дали да си играм со моите барбики или да отидам во парк.
Кога едвај чекав да добијам од оние миризливите ливчиња.
И верувајте им се радував премногу.
Кога на 16 години не ми беше гајле дали му се допагав на симпатијата или не.
Едноставно не се замарав.
Кога и да поминувам покрај градинката ги гледам децата и би сакала барем за момент да им се придружам во детската игра и барем уште еднаш да си го одерам коленото.
Го сакав и се уште го сакам мирисот на штотуку направен ајвар во некој двор.Тогаш уживав во тоа а и сега.
Ме потсека на тие денови.
Штета што нема репете.
Само знам дека во мојата душа и срце секогаш ке бидам дете без разлика на се !
