Неодамна се заентересирав за литература од 18 век, односно за книгата Гордост и Предрасуди од Џејн Остин. Се разочарав кога открив дека не може да се најде така лесно на нашиот пазар, односно проверив во Матица, Култура и Табернакул. Беше петок поручек и не ми се шеташе по други продавници да ја барам. Љубопитството и нетрпението ме натера да ја побарам на интернет и ја најдов на бугарска страна во дигитална форма. Ја прочитав викендот, но можете да ја замислите разочареноста поради смешноста, а со тоа и несериозноста на бугарскиот јазик со кој не може да се долови оригиналтана приказна. Не велам дека Бугарскиот јазик не е добар јазик за читање книги но пак не ми е мајчин јазик, а со тоа и не можноста да ги доловам пораките скриени во речениците. Затоа во понеделникот се нафатив да ја барам на нашиот пазар. Ја најдов во издавачката куќа Ѓурѓа. Се израдував и се изненадив од услужливоста на луѓето во Ѓурѓа поради ниските цени како и тоа дека прават бесплатна достава. Покрај Гордост и Предрасуди нарачав и други седум книги и предпоставувам поради поголемата нарачка добив и една гратис. Пријатно се изненадив и од брзината на достава не помина половина час и веќе беа на врата. Кога го отворив пакетот со книгите, ми остави впечаток дебелината на книгите посебно книгата Гордост и Предрасуди беше премногу тенка од тоа што очекував. Но си реков ајде можеби фондот е премногу голем на дигиталната верзија која меѓудругото беше 288 страни во А4 формат со поголем формат на буквите. Додека пак книгата од Ѓурѓа беше некаде 120-130 страни на А5 формат хартија со нормален фонд на букви. Ми стана чудно поради големата разлика од 150 страни, па ја проверив првата страна од дигиталната верзија со првата страна од Ѓурѓа. Шокот што го доживеав беше неверојатен, првата страна од дигиталната верзија се простираше на една страна и 2-3 реченици од втората страна од книгата на Ѓурѓа. Математиката е јасна, во книгата од Ѓурѓа фалат најмалку стотина страни ако не и повеќе. Се нафатив паралелно да ги читам и македонската и бугарската верзија и веќе на 12-13 страна ми стана јасно. На македонската верзија фалат големи делови од главите, но не само делови туку и цели глави (книгата е поделена на 61 глава во бугарската верзија) односно македонската верзија има 33-34 глави. Пред да почнам да обвинувам прво се нафатив да ја валидирам оригиналноста на бугарската верзија. Побарав на интернет и видов дека оригиналната верзија си има точно 61 глава со страници кои нормално варираат во соодност со форматот на хартијата и фондот по кој се пишува. Добро во тој случај штом македеонската верзија односно верзијата на Ѓурѓа е скратена верзија тогаш сигурно таа информација ке ја пишува некаде во книгата. Побарав но никаде немаше таков тип на информација туку пишуваше дека е преведена од некоја си англиска издавачка куќа. Но јас од каде да знам дека таа издавачка куќа не ги издава оригиналните верзии. Тогаш ги видов и другите книги кои ги купив од Ѓурѓа и видов дека и тие книги се со сомнителен волумен. Споредив уште една книга и видов дека и кај неа исто така се направени исечоци и тоа не мали туку огромни односно некаде 150-200 страни. Од нервоза не можев да ги проверувам и другите книги туку останав со мислата зошто издавачката куќа Ѓурѓа би се нафатила на такви верзии на издавање на книги. Не треба да си експерт за да разбереш дека материјалот, преводот, печатењето и лиценцата за една книга чинат многу помалку на 100-150 страни одколку на оригиналните 200, 300, 400 или повеќе страници, а истата да се продава под претекс дека книгата е на попуст и чинат 150-200 ден. од оригиналните 400-500 ден., кога на издавачката куќа и одговара да си ги продава по помалата цена и во исто време да се рекламира дека книгите се на попуст. Не знам дали издавачката куќа Ѓурѓа има право да издава скратени верзии на книгите, се надевам дека има но мислам дека кога би се скратила една книга тоа треба да стои на корицата како информација и токму таа информација на читателите би била пресудна при изборот на книга, барем за мене лично би било одлучно. Јас си сакам да си ја читам оригиналната верзија, а не верзијата не некој што одлучил дека може и без тие делови, вшусност јас како читател треба да си одлучам дали некои делови се вишок или не, дали скратените делови односно информации се пресудни за приказната или не, а не некој во мое име да одлучува за тоа и за истото да не ме информира. Не велам дека не треба да се издаваат скратени верзии на книгите, знам дека не секој има време да ги чита оригиналните верзии и скратените се добредојдени, но мислам дека читателите треба да се информирани што купуваат и истото треба де се регулира со закон. Замислете ја само главоболката сега што треба купувачот да ја помине при купувањето на книга. Избраната книга треба де се проверува дали е оригинална или скратена, дури и продавачот да ви ја даде таа информација не може во целост да му се верува зошто него го интересира единствено продажбата и ќе се послужи со било какви срестства само и само да ја продаде, па ќе треба да се проверува на интернет или на други места и дури тогаш одкако ќе се увери за оригиналноста да се врати во продавницата и да ја купи книгата. Па кажете ми кој би се нафатил да го помине тој пат кога истото би се решило многу лесно со закон и со тоа да се врати задоволството на читателите при купувањето на книга.