^ Де мор џубре, ти па само да музеш, туу!
Едит: За
ГоспоТ беше наменето, сори.
Него да си пројадам трици за она за што дојдов.
У мајчине! Толкав есеј напишав за blank page да добијам на крај.
Anyway...
Не, неќам да оставаш песнички со subliminal messages. Или кажи ми директно ко на човек, или ништо не прави.
Не, неќам да се правиш наудрен ко демек не знаеш кој те манијачи, а мене ваму ојлевци-дојлевци на дотично заинтересираната особа да ме додаваат по фб ко не знам што ќе откријаат. Мандала. Две години ни сум пишала нешто, ни ќе пишам, јако се заебале ако мислеле дека ќе дознаат нешто за мене преку „социјални“ мрежи. Не сум јас социјалка за која секој мора да знае дека последната серка и’ била тешка и дека пијам кафица чекната на фенси место. Си почитувам приватност.
А од гугл секој знае да копира мудра мисла, па за жал ни тоа немам дури. Аш, празнина.
Не, немој да ми се ваѓаш дека и овојпат е случајно ко што беше со Ал Каеда лук алајк фаците пред некое време, оти апла провидна глупоќа е ова, што дури не ми е ни интересно. Радо би да читам состав на прашок за перење.
Не, немој да чекаш веќе јас да преземам нешто. Ако сакаш со заеднички сили ок, јас радо ќе помогнам, ако не, јас сама да изигравам Сизиф, а од другата страна да наидам на non-responsive особа, немам намера. Not anymore.
Да, знам дека и не се отепав пробувајќи периодов, а ти запрашај се и зошто.
Доста ми е веќе сама да се борам на секое поле, па дури и на единственото на кое можев да имам поддршка. Е не бива така. Па на крај и јас лошата, јас поттикнувам де, у реду.
Не викам јас дека сум мирната, кутра и настрадана душичка, ама не сум ни ѓаволот кој ме тераш да си помислам дека сум.
Еве, сега ќе си седам на страна, да видам колку добриот ќе преземе нешто, или пак егото ќе го преземе него.
Да, уште сметам дека
тоа што го направи е крајно детски и незрело, ама ок, барем некој друг се израдувал на моја сметка, а мене кој ме шиша да ме праша? Јас лајно во канализација сум, па кој како пушти вода, натака ќе летам.
Аха, ќе летам дури еден ден не ми пукне, па да лајносам се’ околу мене. А не многу ја знаат таа моја страна, оти тоа не сум навистина јас. Ама кај што мора одбрамбен механизам - нема да штедам. И не е никаква закана, ко демек ја Хулк или Чак Норис па ќу те патошем или нешто, туку смешно е да очекуваш на такви работи реакција у стил: „Ок е душичке, јас сум крива знам, нема веќе да зборам, за да не направиш нешто што не ми е ок.“ Напротив, имаш среќа што не си налетал на манга што ќе те пројде низ пеколот и пак на крај ти ќе бидеш тој што ќе трча и ќе моли.
И Хитлер можел да каже дека му е жал за Евреите, ама дури не докаже, кој би му верувал?
А јас што добив? „Леле ти само за тоа замараш, не сакам да ти се објаснувам, реков извини“ + игнор? Јак доказ!
Извинувањето не дека не е прифатено, ама докажи го де, не барам јас скапи подароци, пари и луксузи за доказ, барам само да се однесуваш спрема мене како човек. А јас ќе возвратам на ист начин. Па и многу повеќе. Ама денеска изгледа тоа е најскапото нешто што некој може да го побара. За жал.
Јас никогаш нема да одречам дека не си правел многу и дека не го ценам тоа, но во последно време ти сакаш поддршка и разбирање, а ваму само на збор викаш „Јас за тебе ја имам, ти за мене не.“ И пак јас лошата што ми е тешко.
Имаш да, ме праша како сум фала Богу дури бев болна деновиве. Ме праша дома како ми е, или во било која друга сфера од животот, многу знаеш кај мене што се’ се одвива, се понуди да пружиш рака, макар само интерес да покажеш чисто да знаеш што ме мачи, да го знаеш изворот на моето однесување. Ако мислиш дека јас сама треба да си изрецитирам, се лажеш. Немам намери attention whore да изигравам и да привлекувам внимание и сожалување, сакам самиот, искрено, макар и на збор да се заинтересираш. Туку само судење и префрлање вина. Ок. Прифаќам. Лоша сум што побивајќи си ги тешкотиите, пробувам да заштитам други околу себе, и да ги спасам од непотребно кукање, а сето тоа е протолкувано на лош начин. За 10ина дена и онака ќе си останам сама, на друг крај на светот, повторно, без никој да знае што ми е. Но небитно, лекција плус. Тебе ти ја посакувам сета среќа за таму. И иако мислиш дека немаш, ја имаш сета поддршка за да успееш.
Знам дека што и да кажам, на крај пак заклучокот ќе е: „Пф, само за себе гледа и сака да се осеќам лошо“ и дека пак ништо нема да сменам, ама во ред. Барем самата да си олеснам на душата, кога веќе нема кој друг напомош. Дали и воопшто ќе прочиташ и ќе те замисли малку текстов, или можеби секогаш ќе си останам бездушник и саможивник во твои очи.
р.ѕ. Не зборам за неверства де пу пу. Чисто информативно, други лајненца си јадам што ме мачат.