Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Да прашам да не му се наоѓа на некој материјал или некаква презентација за некој микропроцесор, по можност, 80 85, 8086 или некој сличен на нив ...?
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Сакам да кажам дека и Каљопа е геј ....сака мажи :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Официјално кревам раце од некои работи во животот, готово. Преку онаквиот што го немам ми е веќе од тоа да си придавам вина на себе, да земам грижа на свои рамења, за на крај јас да сум лошата, да бидам на игнор, а притоа да ми се донесуваат одлуки од кои зависам јас, без мене никој да ме праша? Со време научив да трпам, ама еднаш кога ќе пукне, назад нема. Тоа многупати сум си го докажала, и не би да правам исклучоци. А не, „Посери се врз себе“ во мое кино не игра.
Кој курац пак јас да попуштам на секого? Што сум? Ај глупавата, ќе се бори сама ако сака, ние само ќе свиркаме и ќе чекаме да преземе во свои раце. Точно е дека јас сама и затворена во себе сум научила да се борам, ама подадена рака никогаш никому не е на одмет. Само штета што сите се ко во муабетот со поповите: кога ќе го видиш кај што се дави во кал и речеш „Дај попе рака“ - не дава, а ако му речеш „На ти рака“ - ти ја откинува до рамо, па оди осмели се да ја подадеш и другата после.
Сакам и јас да живеам, сакам и мене еднаш некој да ме погледне и да знае што ме мачи, без да треба милион пати да ме прашува дали сум ок иако веќе знае, сакам и јас искреност, насмевки, случајни изненадувања и муабети без повод и без секоја минута да се чувствувам дека сум должна да вратам или да си играм „на ти тебе - сега ти мене дај ми“ и само така во круг.
Јас знам како е и да имаш и да немаш ништо, знам како е и да „владееш“ и да си погазен, секогаш кругот се врти.
А мене многу добро ме воспитале на доброто секогаш со добро да вратам, а мојава добродушност т.е. во модерново време глупавост, неретко ми налага на едно добро, со повеќекратни добра да враќам, но џабе кога истото не се цени и лесно се заменува со банални глупости. Епа чорба, исто како што ме научиле да враќам на доброто, ме научиле и да не премолчувам и да не изигравам последно дупче на шупелка, за да биде угодено на секој друг освен мене.
И тоа е тоа. Се одјавувам да си гледам филм. Ми одговара дождов, како да ми го измива мозокот од сета прашина, кодекси и правила кои ми биле вгнетувани. Се надевам со првото сонце повторно да огрее она моето право „јас“, на кое сум горда.
Гњавам со реферативе, ајт. Добра ви ноќ.
р.ѕ. Да ми го вратите каки „смајлито“! Најомилено и најупотребувано ми беше! :place
 
Статус
Затворена за нови мислења.