Не знам како да ти објаснам. Постојано навредувам и повредувам некој од моите блиски и не чувствувам вина за тоа. Тие се лутат одреден период, а потоа преминуваат преку тоа. Не е тоа важното, туку важното е дека јас не осеќам вина или грижа на совест.Мене лично кога би ме навредил некој близок и да не ми се извини за тоа, повеќе нема ни го погледнам.
Но, најверојатно ти навредуваш некои личности кои не ти се воопшто важни, и баш ти е гајле дали ќе ти зборуваат или не.
Или пак, важни ти се, но тие ги сваќаат твоите навреди како зафрканција, па ти цело време мислиш дека всушност си ги навредил.
Како и да е, никој од нас нема никакво право да навредува некој. Ако чувствуваш вина, престани да го правиш тоа.