Ново поскапување на горивата се крчка пред утрешната седница на Регулаторната комисија, која според сознанија на Скај ќе одреди повисоки цени на бензините за 1 до 1,5 денари по литар.
Најоптимистичко очекување е дека цената на дизелот ќе остане иста, но сепак утре се' ќе биде појасно.
Пред 14 дена, Регулаторната комисија одлучи цените на бензините да скокнат за денар и половина.
Некои од медиумите блиски до владејачката партија, обелоденија дека се туркаат постепени поскапувања на бензините, кои ќе достигнат до 2 евра или 120 денари, по што владата би интервенирала со намалување на акцизите.
Со поскапувањето на бензините, во земјава е забележан тренд на брз раст на цените на прехранбените производи.
е ај дека не можат до 100 да го донесат бензино !!!!!!!