За карактерот на луѓето

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Што е тоа карактер?

Какви видови карактери постојат?

Кој дел од животот има најголемо влијание за формирањето на карактерот?

Кои се факторите кои највеќе влијаат врз неговото оформување?

Дали може да се глобализира и да се зборува за карактерни црти на машките и женските личности како што тоа обично го правиме?

Се што имате да напишете на тема карактер, повелете тука

Како да ги препознаете различните карактери според изразите на лицето?
face-reading-personality-compatibility-facial-reeding-techniques1_resize.jpg

Карактерот може да се дефинира како видливиот аспект на личноста кога таа се изразува пред другите луѓе. Значи, карактерните особини се тие што се гледаат во однесувањето на личноста кон другите. Постојат многубројни истражувања што се спровеле со цел да се разберат различните видови на карактер и карактерни особини кои се одредуваат според однесувањето и начинот на реагирање при стресни ситуации.
И пред да избрзате за да направите тест за вашиот карактер, застанете и размислете. Ништо не зборува појасно за карактерот на една личност како изразите на лицето во разни ситуации, бидејќи изразите на лицето покажуваат точно како размислува и се чувствува самата личност.
Сепак, не постојат истражувања кои ги категоризираат луѓето спред изразите на лицето. Па затоа, еве една кратка анализа за тоа како да ги препознаете различните типови на карактер според изразите на лицето.
different-personalities_resize.jpg

Типови на карактери

Доминантен тип: Типични особини за овој вид се длабокиот загрижен изглед во нивните очи, кој често е пропратен со спуштени веѓи и постојана готовност за климање со главата додека зборуваат со постари лица. Ова е една поблага верзија на нарцисоид – ваквите лица сакаат да им се наметнат на другите во секоја погодна ситуација бидејќи постојано “бликаат со идеи”. Тие сакаат да докажат дека секој нивен потег е вистински и дека тие се секогаш во право. Иако вакви лица се навистина потребни во една канцеларија и често ја добиваат довербата од нивните директори, нивните колеги и соработници често ги одбегнуваат.
personality-test.jpg

Пацифист: Секогаш насмеани и со блескави очи, со џентлменско однесување кое ретко кој го има денес. Тие се мирни и разумни. Ваквите особини ги прават добри сопрузи и директори, ваквото опуштено однесување, проследено со разумност за донесување добри одлуки го формираат карактерот на пацифистот – некој кој е смирен на површината ама сепак се движи под неа, исто како и Пацифичкиот и сите останати океани.
smiling_man_resize.jpg

Ноншалантен тип: Овие лица имаат замислен поглед од кој можете да сфатите дека не се грижат за ништо на светот. Тие изгледаат како да се добри слушатели, меѓутоа, тие само изгледаат дека слушаат а во меѓувреме да сонуваат за нова кола или облека. Изгледаат како да спијат малку, и затоа постојано се прозеваат (и притоа прилично заразно влијаат врз околината). Според ова, не мора да се каже дека вакви лица не помагаат во фирмата. Овој тип на карактер е сосема спротивен на доминантниот тип.
daydreaming-640x480_resize.jpg

Дрдорко: Можеби никогаш нема да успеете да им го видите лицето бидејќи постојано ќе барате начин да ги заќутите. Тие дрдорат, се фалат и не престануваат да досадуваат. Адвокати, секретарки и свекрви спаѓаат баш во овој тип на карактер. Меѓутоа, иако не се најпотребни во една фирма, тие се сметаат за непотрошливи поради две причини. Прво затоа што тие секогаш ја добиваат најдосадната задача: да прават презентации со разнобојни слики кои бодат очи и со глас кој ќе одѕвонува во вашите уши. Исто така, тие се дел од виталната група на луѓе кои пренесуваат трачеви по цел ден. Значи, тие сепак претставуваат нужно зло во една фирма.
chatterbox1_resize.jpg

Нервозен тип: Нервозата им е во крвта на овие луѓе. Можете да ги забележите и на најниска температура затоа што им се појавуваат капки пот на челото од напнатост. Имаат живи очи, немирни усни и целосен изглед на личност која има тајно знаење за некоја катастрофа што треба да се случи. Нивните алишта се често со дамки од кафе поради тоа што прстите секогаш им треперат. Иако можеби станува збор за многу интелегентни лица, нивните скоро непостоечки вештини за соработка со останатите можат да направат само штета.
derren_brown_resize.jpg

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

КрисТина К.

Истакнат Член
2 март 2012
527
1,654
393
Скопје
Ноншалантен тип: Овие лица имаат замислен поглед од кој можете да сфатите дека не се грижат за ништо на светот. Тие изгледаат како да се добри слушатели, меѓутоа, тие само изгледаат дека слушаат а во меѓувреме да сонуваат за нова кола или облека. Изгледаат како да спијат малку, и затоа постојано се прозеваат (и притоа прилично заразно влијаат врз околината). Според ова, не мора да се каже дека вакви лица не помагаат во фирмата. Овој тип на карактер е сосема спротивен на доминантниот тип. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Сам би се декларирал во гупацијата бунтовници, ме нема на списокот.
Подобро би било членовите да дадат мислење за друг член, одколку сами да се фалиме на темава.:D
Неможеш преко форум, или буквално виртуелно да процениш карактер на човека...
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Неможеш преко форум, или буквално виртуелно да процениш карактер на човека...
Па до некаде и си во право. Но претежно јас имам некој заклучоци донесено преку виртуелна комуникација со одредени ликови и кога ќе се запознам со иситите , не се ни за нианса различни од тоа што сум го мислел претходно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Па до некаде и си во право. Но претежно јас имам некој заклучоци донесено преку виртуелна комуникација со одредени ликови и кога ќе се запознам со иситите , не се ни за нианса различни од тоа што сум го мислел претходно.
Сакав да кажам реткост е... ретко кој е ист и live и виртуелно.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Сакав да кажам реткост е... ретко кој е ист и live и виртуелно.
Нека е така, но еве за тебе ќе кажам дека си тврдоглав и инаетџија(тоа го сметам за доблест да нема забуна), исто така дека си мрчатор, класичен кумановец, расположен за секаков вид дискусија.
За физономија нема да зборувам тоа само во живо како што кажа.