Последен хорор кој го гледав, ако не се лажам, беше Insidious. Добар филм, ама повеќе ме исплаши кога другарка ми влезе ненајавено или кога некој ќе вриснеше отколку самиот филм. Исто така и The Woman in Black, со Daniel Radcliffe.
(Малку оф-топик, па читајте ако сакате)
Имам некое мислење од кое не можам да се отерасам -- дека последниве неколку години нема филм што не е само крв да се распрсне насекаде и некој со маска (по можност и секира или пила) да се појави еднаш и после цел филм да гледам во позадината да не се појави, пропуштајќи го цел филм -- додека во меѓувреме сите изумираат. Немаат приказна, немаат нешто посебно или нешто ново. Никакви пресврти. Се е исто и веќе после првите десет минути може да се претпостави кој ќе биде убиецот, кои двајца ќе имаат секс, кои тројца ќе имаат љубовен триаголник и слично.