Мислам дека нема ваква тема, а истата е доста дирлива и дискутабилна.
Колкаво е всушност влијанието на насилниот сексуален акт врз психата?
Казните, барем кај нас, се минимални, а без поцврсти докази - не се може ништо, како и за секој друг криминал во државичкава. А пак да не спомнуваме дека уште ни фалат мозочни ќелии, па општеството неретко реагира во стил „Сама си го барала“, така да, личноста не само што за навек е обележана како силувана, туку и на некој начин добива етикета, при што сè повеќе владее оној страв од етикетирање и простодушни, љубопитни погледи од сите страни, па жртвите се решаваат да молчат за да не се стекнат со негативна и непосакувана репутација и епитети од речитиот ни народ. Ко крив да е некој што на манијаков му мрда на сè што се движи на две нозе, макар носело и бурка. А што е со педофилите кои силувале дете во почеток на развојот? Со што си го барало тоа? Пижамките со Сунѓерот Боб?
Да, точно е дека некои навистина претеруваат со облекувањето и однесувањето, но секој груб допир откако личноста кажала „Не“, веќе се важи за насилно навлегување во интима, без разлика на „провокацијата.“
Дали можеби вам или на некој близок ви се случило нешто слично, да бидете на некој начин злоставени или да сте избегнале несоодветна акција која имала тенденција да заврши фатално? Кои се најдобрите мерки за заштита и хм...само-помош во такви ситуации? Постои ли желба за одмазда или само желба што побрзо да избледи немилиот настан? Доколку сте во можност и го знаете сторителот, колку далеку сте спремни да одите доколку вие или ваша блиска личност стане жртва на ваков акт?
Од друга страна пак, што мислите дека е она што ги наведува сторителите да извршат такво нешто?
Дали подоцна постои каење, или желбата за насилни полови односи се зголемува? Можеби стагнира?
Премногу прашања и простор за дискусија, па да видиме.