Љубовни проблеми

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Ахх....
Иам голеееем проблем. Бендисувам едно машко и од ден на ден дури и се заљубувам :/ А не сум била долго онака да речиме заљубена :Р
Арно ама, машкото не е тип за врска барем самиот ко шо кажува, туку мали кратки авантури и тоа му е животот. Не сака да е заљубен..
Хелп?! :Р
Ова машко и нека ти остане само да ти се бендисува.И самата си заприметила дека типот не е за тебе.
Ти си сакаш врска он не.Од старт се разликувате.Па и да почнете нешто ништо нема да биде од тоа.
Само може да те повреди.Ништо повеќе.
Не е работата дека не сака да биде заљубен едноставно не ја нашол онаа што едноставно ќе му одземе срцето.
"Пеперутките во стомакот" не може така лесно да се контролираат,кога едноставно ќе те обземат.
Подобро почекај и твојата љубов сочувај си ја за друг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93

Фала ти !! :) ќе го запамтам ова и ќе пробам да го направам ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: sweetgirl

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Искрено, се чудам како дозволувате некому да се доближи толку многу. Јас на ниедна моја бивша не сум дозволил толку многу да ми се доближи за после неа се` да ме потсеќа на неа, да мислам дека повеќе се` е залудно и сл. Секоја врска сфаќај си ја како лекција за следната и ќе ти биде многу полесен животот. Ах, да, заборавам многу битен фактор наречен импресија. Очигледно дека си била импресионирана од својот бивш партнер што воопшто не е добро. За мене да ме импресионира некој е потребно навистина премногу, досега не сум нашол личност што ме импресионирала. Според мене би требало да заборавиш на секоја импресија од него.

E види. Кај мене не е ни ,,бивш партнер,,. За да биде тоа, требало прво да биде ,,сегашен,,. Ама не бил.
Беше човек кој го имаше во мојот живот, повеќе години, илјадници (буквално) километри меѓу нас, 2-3 дена заеднички годишно.
И да, не му дозволив ич да ми се приближи. Знаев што следува.
Заебано беше, кога, сфатив дека се лажам самата себе.
Имав се, освен него. Зошто не и него?

Прво мислев дека е повредено его. Тоа се средува со време.
Ама помина уште една година, и полошо е.

Дали ме ипресионирал? Не би рекла. Нема со што. Многу е сличен на мене, а како личност, дефинитивно јас сум поимпресивна.

Верувам дека во него се видов себе, на некој начин. Тоа е лошо. Зошто јас не сум личност во која е лесно да се вљубиш, или со која е лесно да живееш.

Видов гомно од човек. И си помислив дека не сум сама на светот.

Викаш, до тоа е?
 
Во болдот „човек“ смени го со „девојка“ (поточно таа што не се шминка) и го добиваш мојот случај. Знам дека е тешко со такви луѓе кои ги сретнуваш еднаш во животот. Толку е несекојдневно чувството. Јас секогаш кога сум со нејзе (а тоа е 4-5 пати годишно) се чувствувам ко да сум на друга планета. Не приметувам луѓе кои поминуваат, ги слушам другите како зборат но не ги разбирам. Чудно е.

Разликата во мојот и твојот случај е тоа што ти велиш дека си поимпресивна, а јас ја доживувам нејзе како божество. Едно време се плашев да ја допрам мислејќи дека ќе ја нарушам целата таа совршеност (совршеност според мене) со само еден допир. Ти си видела двојник на себе, а јас го видов најголемиот инает што сум го сретнал, најнепредвидливата девојка. За прв пат у животот јас седев со девојка која не знаев како ќе изреагира, што ќе каже... За некое чудо не сум импресиониран, туку зачуден што постои таква личност у мојот живот.

Ако ме праша за совет, не можам да ти дадам. Да знаев, ќе си помогнев и самиот.
 
Не те прашав за совет, само одговорив на делот со ,,импресијата,, и ,,доближувањето,,.
За него сум едно од најладнокрвните суштества на светот (па нели, механизми на одбрана, не дајем ти душу!!! ;) ), али види, уште по заебано е ова твоето. Најчесто со таквите луѓе се чувствуваш инфериорно и супериорно во исто време. Доста лошо.
Моја среќа, па се некои губитници наоѓам :)
 
Darkho

Нов член
12 април 2012
12
2
3
33
шо корист од тоа да го чекаш? он додека се забавува ти седи дома и тажи...у никој случај!
до летоска ќе си најдеш барем уште 2 момчиња, погледај околу тебе сигурно има некој што те шмека...дај му шанса...а дечково штом ти се скарал и фатил друга...јас мислам дека не треба повеќе да се замараш.

Потполно се согласувам! :)
 
martin4etoooo

Нов член
12 април 2012
21
17
3
28
Здраво јас сум нова и ми треба ваше мислење и еден совет.
Има еден дечко и е трета година,учи во истото училиште каде што учам и јас.Порано искрено и не го забележував многу,но се се измени еден ден кога го погледнав подобро и од тој момент знам дека го сакам и што всушност значи зборот ЉУБОВ.Само тој ми е во мислите.По извесно време го адд. на фб. и ме прифати и се допишувавме,некогаш малку некогаш долго,но секогаш јас прва му пишував освен еднаш тој ми пиша и тоа по грешка.Му признав дека многу ми се свиѓа,но тој ми кажа дека има девојка.ДУри и се обидов да немислам на него,да почнам нов живот со друг,но се е попсто.Толку многу го сакм што дури и да побара да умрам за него би умрела,но тој не ме сака.Исто така планирам да му пратам писмо во кое ќе му признаам дека го сакам,јас имам храброст тоа и во лице да му го признаам,но сите мои пријателки ми велат дека тој не вреди за тоа и да го заборавам.Исто така дечкото пуши,пие и што е најлошо бидејки така имам слушнато тој се дрогира.Ве молам за еден искрен совет.Благодарам однапред:pomos