На кој начин планирате да ја запросите вашата идна сопруга?

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
На кој начин планирате да ја запросите вашата идна сопруга?

Еве во последно време станаа популарни јавните запросувања. Дали и вие би ја запросиле јавно, во кругот на пријателите или додека сте сами? Ако сте сигурни дека таа е вистинската, како ќе и покажете дека ја сакате и дека остатокот од животот би сакале да го поминете со неа? И како би реагирале кога би евентуално биле одбиени?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: angela_ane and Caci

Snape

Истакнат Член
14 февруари 2012
285
401
63
29
Hogwarts School of Witchcraft and Wizardry
Би ја запросил на некое егзотично место или некој романтичен град на вечера, свеќи , вино, абе романтика :D, инаку ќе гледам прстенот да брои повеќе карати па и тогаш ако ме одбие сигурно нешто и фали :p
 

Ace_18

Нов член
25 февруари 2012
13
12
3
30
ќе и донесам глобус и да го сврти и кај ќе допре со прстот таму одиме :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mermaid

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Еве ви од мене предлози :D
  • Ако знаете дека вашата девојка чита некој дневен весник или списание откупете една цела страница и на неа напишете го прашањето.
  • Сакате филмови? Снајдете се пред почетокот на филмот да биде прикажано кусо видео на кое сте вие главен актер.
  • Налепете ги на таван буквите исечени од флуоросцентна хартија, изгаснете ги светилките и легнете заедно на креветот.
  • Ако е лето,одете на плажа,направете замок и скријте го прстенот во највисоката кула
  • Паркирајте се пред нејзината куќа,пуштете ја омилената песна најгласно што може па кога ќе излезе паднете на колена и предложете брак
  • Купете го миленичето кое отсекогаш го посакува а на вратот ставете му синџирче на кое ќе биде закачен прстенот
  • Соберете неколку свои пријатели кои ќе носат маици на кои ќе биде испишано прашањето
Се надевам дека ќе ви биде корисен постов момчиња :D (happy)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Се надевам дека ќе ви биде корисен постов момчиња :D (happy)
нека биде корисно и за девојчињата кои ке сакат да запросат некого...а зошто да не?:sreken:giggle
само да го најдам одма: Налепете ги на таван буквите исечени од флуоросцентна хартија, изгаснете ги светилките и легнете заедно на креветот.:)Нема да мора да ме одбие,ке може да се направи наудрен дека не видел ништо:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and JaMi