Љубовни проблеми

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Скар јас сум во иста ситуација како твојава. Не можам колку и да сакам да го заборавам. Веќе повеќе од јасно е дека е крај помеѓу нас јас сум свесна, но залудно кога срцево не може и не сака да сфати. Но сепак си поставив една граница и реков КРАЈ, па колку и да боли..

Од друга страна другаркиве ме прашуваат како може толку лесно да одлучам да не се замарам за него, така наеднаш да се сменам. Навистина не знам како функционираат луѓево, но јас сум таква. Кога еднаш ќе речам крај стојам на тоа, па колку и да ме боли од внатре. Луѓето се помалку слепи и не заблежуваат какви сме внатрешно, зашто нели на повеќето им е побитна надворешната убавина. Како и да е, како и јас треба и ти да ставиш прст на глава и да се запрашаш дали сега треба да си ја трескаме главата од зид, зашто некој не знаел да не цени на време? Да слушаме депресивни песни и се` да не потсетува на нас? Да се оптоваруваме дали тие мислат на нас?

За тебе не знам, но јас не можам веќе да си го комплицирам животот. Сакам мир, љубов, уживање. Со него ми беше убаво, но убаво ми е и без него. Треба да ни биде јасно на сите дека никој друг не ја чини нашата среќа, освен самите ние. Би сакала еден ден сите да научме како да го цениме тоа што го имаме на време, како да бидеме смирени, како да бидеме задоволени само со себеси и ништо да не го наруши нашиот мир. Да, мене ми требаше многу време да стигнам до оваа состојба. Не беше лесно, го допрев дното, ама пак би поминала низ истото. Не жалам за ништо. Со него созреав, со него научив да сакам, со него осознав што е пријател и партнер во исто време. Имаме многу убави спомени, ама не можам слепо да се држам за минатото. Тој се промени, го уништи мојот живот и односот што го имавме за само неколку дена.
Не можам да се држам за човек што повеќе не ми одговара, само поради страв дали ќе најдам сличен на него, дали ќе има друг со кој ќе создавам спомени, само поради она време поминато заедно. Минуваше часови со мене, давајќи ми поддршка, убедувајќи ме дека не е се` така црно ко во моите замисли. Ми се смачи да бидам таква, станав борец кој секогаш го бара позитивното во нештата. А ти само ме влечеш надоле.
И наместо да беше среќен што не сум личност што не им го прави на другите тоа што не сака да и` го прават неа, тој ме отфрли од својот живот како последна небитна работа. Не знам, можеби премногу рационално размислувам и не им се препуштам на чувствата, ама таква сум.
Ниту жалам, ниту ми е криво што вака завршивме, ниту му посакувам лошо. Би го имала како другар, но за жал ни така не функционираме. Пак ќе сум тука за него, нема да го одбијам за помош, дури и сама чувствувам должност да се вмешам. Ама мора да биде оставен сам на себе за да си ја најде силата. Не го обвинувам за ништо, така требало да биде. Но исто така не сакам да сум со него, ама сакам да го видам тоа негово среќно лице. Да видам дека себичноста исчезнала, толерантноста се вратила, да видам дека е истиот човек кој може да им даде само љубов на другите.

Морам да се искажам тука, не од преголема опседнатост, туку како што ми течат мислите, пишувајќи ги, се ослободувам од нив. Кога би имала можност би мѕ кажала да не си го храни толку егото, да се среди овој период, да не се оптоварува што ме изгуби, кога додека ме имал, не ни забележал дека постојам. Така што, нема смисла. Би го научила да биде среќен, ама тоа е само во негова моќ.

Епа лав еден, да видам сега колку си способен оставен сам на себе. Се надевам ќе излезеш како победник од оваа ситуација и ќе биде вредно поради се` што изгуби.

*Затоа девојки и момци, не потклекнувајте под ничие влијание, затоа што вие сте тие кои си ја кроите судбината, падовите, успесите, насмевките, солзите. Вие сте тие кои можете и мората да влијаете на сопствениот живот. Не дозволувајте други да управуваат со него. Љубете се самите себе и дарувајте љубов и верувајте таа сама ќе ви се врати!

да,ова е сето точно во право си. но мислам дека веќе ме уништи...мислам дека чувствувам само празнина,горчина,болка...секогаш се смеам,сум насмеана но кога помислам на него се ми се чини дека е залудно... се ... многу работи дозволив да си ги направам и веќе доволно ме уништи за цел живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Искрено, се чудам како дозволувате некому да се доближи толку многу. Јас на ниедна моја бивша не сум дозволил толку многу да ми се доближи за после неа се` да ме потсеќа на неа, да мислам дека повеќе се` е залудно и сл. Секоја врска сфаќај си ја како лекција за следната и ќе ти биде многу полесен животот. Ах, да, заборавам многу битен фактор наречен импресија. Очигледно дека си била импресионирана од својот бивш партнер што воопшто не е добро. За мене да ме импресионира некој е потребно навистина премногу, досега не сум нашол личност што ме импресионирала. Според мене би требало да заборавиш на секоја импресија од него.
 
LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
32
Во неговото срце.

Многу добро знам како ти е, ТОЈ ми беше се' што некогаш сум посакувала, а посакував малку, само да потрае, затоа што така бев среќна, но залудно е кога само еден се бори. Чувствував огорченост, но сепак се обидов да го запомнам по нешто убаво. Стана моја инспирација, моја муза, мој дел од минатото, сегашноста и дел од иднината. ТОЈ сакала јас или не ќе живее во мене. Повеќето од нас се плашат од промени, оти така имаме помалку време за живеење, но ретко кој сфатил дека промените се тоа што го чинат животот:)

Искрено, се чудам како дозволувате некому да се доближи толку многу. Јас на ниедна моја бивша не сум дозволил толку многу да ми се доближи за после неа се` да ме потсеќа на неа, да мислам дека повеќе се` е залудно и сл. Секоја врска сфаќај си ја како лекција за следната и ќе ти биде многу полесен животот. Ах, да, заборавам многу битен фактор наречен импресија. Очигледно дека си била импресионирана од својот бивш партнер што воопшто не е добро. За мене да ме импресионира некој е потребно навистина премногу, досега не сум нашол личност што ме импресионирала.Според мене би требало да заборавиш на секоја импресија од него.

Ете сам си го даде одговорт, не можеш да судиш ниту да знаеш се додека не почувствуваш. Сепак би ти посакала да ја почувствуваш убавината на љубовта, но никогаш да не го дочекаш крајот;)
 
Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Искрено, се чудам како дозволувате некому да се доближи толку многу. Јас на ниедна моја бивша не сум дозволил толку многу да ми се доближи за после неа се` да ме потсеќа на неа, да мислам дека повеќе се` е залудно и сл. Секоја врска сфаќај си ја како лекција за следната и ќе ти биде многу полесен животот. Ах, да, заборавам многу битен фактор наречен импресија. Очигледно дека си била импресионирана од својот бивш партнер што воопшто не е добро. За мене да ме импресионира некој е потребно навистина премногу, досега не сум нашол личност што ме импресионирала. Според мене би требало да заборавиш на секоја импресија од него.

искрено и јас се чудам како си дозволив толку да ми значи....толку да го засакам и да ми влези под кожа :/
 
Масон

Полноправен Член
21 март 2012
26
38
18
Кога некој сакаш со цело срце, и за прв пат во животот се чуствуваш подготвено да му се предадеш целосно и да ги откриеш твоите тајни, како после да се соочиш со фактот дека него отсекогаш гордоста му била поважна од тебе, и како полесно да заборавиш таква бурна но кратка врска? и дали вреди да се откажеш сега иако знаеш дека има шанса за да се случи уште нешто?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ете сам си го даде одговорт, не можеш да судиш ниту да знаеш се додека не почувствуваш. Сепак би ти посакала да ја почувствуваш убавината на љубовта, но никогаш да не го дочекаш крајот;)
Не судам, само реков дека не сфаќам како дозволувате некој дотолку да се доближи. Инаку си имам јас своја муза иако е далеку од мене и ретко се гледаме, ама со нејзе ми е се` поинаку. И сеуште не ме импресионирала иако ме инспирира.
 
LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
32
Во неговото срце.
Не судам, само реков дека не сфаќам како дозволувате некој дотолку да се доближи. Инаку си имам јас своја муза иако е далеку од мене и ретко се гледаме, ама со нејзе ми е се` поинаку. И сеуште не ме импресионирала иако ме инспирира.

Јасно ми е:)и многу ми е мило за тоа, сепак за моево не стануваше период од 1 недела или 1 месец се работеше за години и за секојдневно излегување, споделување на многу работи и слично, па нормално беше и да се поврземе. Имавме сериозна врска дури и малку посериозно гледавме на животот имавме планови, но сепак се случи нешто што никој од нас не го очекуваше, животот е многу непревидлив па после толку обиди да се врати врската во ред дигнавме раце и двајцата. Можеби и подобро е така, сепак најдов мир со друг, но никогаш мислам дека нема да љубам како што го љубев него.

Кога некој сакаш со цело срце, и за прв пат во животот се чуствуваш подготвено да му се предадеш целосно и да ги откриеш твоите тајни, како после да се соочиш со фактот дека него отсекогаш гордоста му била поважна од тебе, и како полесно да заборавиш таква бурна но кратка врска? и дали вреди да се откажеш сега иако знаеш дека има шанса за да се случи уште нешто?

Остави нека тече се, како минува времето, ќе сфатиш што е најдобро и за тебе. А зашто да се откажеш, ако ви оди добро тогаш продолжи, а ако тој се откажува од тебе уште сега тогаш тоа ќе го направи и понатаму. Сепак да сум на твое место би дала шанса на оваа врска, никогаш не се знае што следи, но сепак се зависи од тебе и него, на тоа колку вие сте подготвени на тоа. И уште нешто да надополнам КОГА СЕ ЉУБИ - ГОРДОСТА НЕ ПОСТОИ!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Масон

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Остави нека тече се, како минува времето, ќе сфатиш што е најдобро и за тебе. А зашто да се откажеш, ако ви оди добро тогаш продолжи, а ако тој се откажува од тебе уште сега тогаш тоа ќе го направи и понатаму. Сепак да сум на твое место би дала шанса на оваа врска, никогаш не се знае што следи, но сепак се зависи од тебе и него, на тоа колку вие сте подготвени на тоа. И уште нешто да надополнам КОГА СЕ ЉУБИ - ГОРДОСТА НЕ ПОСТОИ!
Ако човек си свати дека не оди подобро да спречи одколку да лечи.
Се сложувам кога се љуби -гордоста не постои,но не и до степен да го злоупотреби тоа другиот.
Па да дозволи он да лежи и само да го гази другиот одозгора во буквална смисла.
Тоа најчесто се случува.
Па после повеќе боли.
Потоа оди она "Ах јас будала,ах јас глупа...зошто дозволив до толку....." и ред такви покајанија.
Па тогаш доаѓа моментот на омраза.
 
LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
32
Во неговото срце.
Ако човек си свати дека не оди подобро да спречи одколку да лечи.
Се сложувам кога се љуби -гордоста не постои,но не и до степен да го злоупотреби тоа другиот.
Па да дозволи он да лежи и само да го гази другиот одозгора во буквална смисла.
Тоа најчесто се случува.
Па после повеќе боли.
Потоа оди она "Ах јас будала,ах јас глупа...зошто дозволив до толку....." и ред такви покајанија.
Па тогаш доаѓа моментот на омраза.

Никаде јас не пишав дека треба по секоја цена да остане со него, баш и напоменав погоре
а ако тој се откажува од тебе уште сега тогаш тоа ќе го направи и понатаму.
-- со ова сакав да кажам дури е порано, ако тој сега се откажува ќе се откаже и понатаму - што значи не вреди да сте заедно, а доколку е поинаку ситуацијата, со оглед на тоа дека не објасни баш добро што се случило, мој совет беше да проба понатаму:)
 
Масон

Полноправен Член
21 март 2012
26
38
18
Никаде јас не пишав дека треба по секоја цена да остане со него, баш и напоменав погоре
-- со ова сакав да кажам дури е порано, ако тој сега се откажува ќе се откаже и понатаму - што значи не вреди да сте заедно, а доколку е поинаку ситуацијата, со оглед на тоа дека не објасни баш добро што се случило, мој совет беше да проба понатаму:)

Јас ставив веќе еднаш крај, но останавме во контакт како "добри другари" со оглед на тоа дека имаме исти пријатели. Сеуште го сакам и му го кажав тоа искрено, а он иако се што ми збори е дека ме заборавил и сака да продолжи понатаму и да ме има како блиска другарка, знам дека не го мисли тоа , некои негови постапки го издаваат. Дали е возможно да го натерам да си ја прегази гордоста и да сфати дека самиот се лаже , или да се убедам себе си дека не е единствен за мене и да продолжам понатаму...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaLoca