Скар јас сум во иста ситуација како твојава. Не можам колку и да сакам да го заборавам. Веќе повеќе од јасно е дека е крај помеѓу нас јас сум свесна, но залудно кога срцево не може и не сака да сфати. Но сепак си поставив една граница и реков КРАЈ, па колку и да боли..
Од друга страна другаркиве ме прашуваат како може толку лесно да одлучам да не се замарам за него, така наеднаш да се сменам. Навистина не знам како функционираат луѓево, но јас сум таква. Кога еднаш ќе речам крај стојам на тоа, па колку и да ме боли од внатре. Луѓето се помалку слепи и не заблежуваат какви сме внатрешно, зашто нели на повеќето им е побитна надворешната убавина. Како и да е, како и јас треба и ти да ставиш прст на глава и да се запрашаш дали сега треба да си ја трескаме главата од зид, зашто некој не знаел да не цени на време? Да слушаме депресивни песни и се` да не потсетува на нас? Да се оптоваруваме дали тие мислат на нас?
За тебе не знам, но јас не можам веќе да си го комплицирам животот. Сакам мир, љубов, уживање. Со него ми беше убаво, но убаво ми е и без него. Треба да ни биде јасно на сите дека никој друг не ја чини нашата среќа, освен самите ние. Би сакала еден ден сите да научме како да го цениме тоа што го имаме на време, како да бидеме смирени, како да бидеме задоволени само со себеси и ништо да не го наруши нашиот мир. Да, мене ми требаше многу време да стигнам до оваа состојба. Не беше лесно, го допрев дното, ама пак би поминала низ истото. Не жалам за ништо. Со него созреав, со него научив да сакам, со него осознав што е пријател и партнер во исто време. Имаме многу убави спомени, ама не можам слепо да се држам за минатото. Тој се промени, го уништи мојот живот и односот што го имавме за само неколку дена. Не можам да се држам за човек што повеќе не ми одговара, само поради страв дали ќе најдам сличен на него, дали ќе има друг со кој ќе создавам спомени, само поради она време поминато заедно. Минуваше часови со мене, давајќи ми поддршка, убедувајќи ме дека не е се` така црно ко во моите замисли. Ми се смачи да бидам таква, станав борец кој секогаш го бара позитивното во нештата. А ти само ме влечеш надоле. И наместо да беше среќен што не сум личност што не им го прави на другите тоа што не сака да и` го прават неа, тој ме отфрли од својот живот како последна небитна работа. Не знам, можеби премногу рационално размислувам и не им се препуштам на чувствата, ама таква сум. Ниту жалам, ниту ми е криво што вака завршивме, ниту му посакувам лошо. Би го имала како другар, но за жал ни така не функционираме. Пак ќе сум тука за него, нема да го одбијам за помош, дури и сама чувствувам должност да се вмешам. Ама мора да биде оставен сам на себе за да си ја најде силата. Не го обвинувам за ништо, така требало да биде. Но исто така не сакам да сум со него, ама сакам да го видам тоа негово среќно лице. Да видам дека себичноста исчезнала, толерантноста се вратила, да видам дека е истиот човек кој може да им даде само љубов на другите.
Морам да се искажам тука, не од преголема опседнатост, туку како што ми течат мислите, пишувајќи ги, се ослободувам од нив. Кога би имала можност би мѕ кажала да не си го храни толку егото, да се среди овој период, да не се оптоварува што ме изгуби, кога додека ме имал, не ни забележал дека постојам. Така што, нема смисла. Би го научила да биде среќен, ама тоа е само во негова моќ.
Епа лав еден, да видам сега колку си способен оставен сам на себе. Се надевам ќе излезеш како победник од оваа ситуација и ќе биде вредно поради се` што изгуби.
*Затоа девојки и момци, не потклекнувајте под ничие влијание, затоа што вие сте тие кои си ја кроите судбината, падовите, успесите, насмевките, солзите. Вие сте тие кои можете и мората да влијаете на сопствениот живот. Не дозволувајте други да управуваат со него. Љубете се самите себе и дарувајте љубов и верувајте таа сама ќе ви се врати!
да,ова е сето точно во право си. но мислам дека веќе ме уништи...мислам дека чувствувам само празнина,горчина,болка...секогаш се смеам,сум насмеана но кога помислам на него се ми се чини дека е залудно... се ... многу работи дозволив да си ги направам и веќе доволно ме уништи за цел живот.