Која туристичка агенција нуди најдобри услуги?

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
Со кои туристички агенции имате патувано до сега?
Колку сте задоволни од услугата?
Која агенција ја препорачувате?

http://iguana.com.mk/

http://www.granada.com.mk/home/

http://www.savana.com.mk/

http://www.fibula.com.mk/

http://www.aurora.com.mk/

http://www.pet.com.mk/

http://www.arbotravel.com/

http://www.orfej.com.mk/

http://www.falcon.com.mk/

http://www.atlas-travel.com.mk/

http://www.ta-safari.com/

http://skopjetours.com.mk/

http://atlantis.mk/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ivona Kicevo

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
До сега немам одено на одмор преку агенција, само за превоз до Солун и до Бугарија на одмор. Почесто одам со Лени Травел (спроти бикот на ул. Македонија) до Солун и до некаде сум задоволен. Само еднаш ми се има појавено кондуктерка (над 70 години беше) бабиште и ни два збора не кажа. Само не оставија и ај чао пријатно. Нит на микрофон да каже во колку часот да се чекаме, ништо не кажа. И после ми излегоа некои проблеми заради неа. Па едвај ја решив ситуацијата.

А за Бугарија бев со една агенција (не ми текнува име) се наоѓа исто така во близина на бикот (поточно меѓу лени травел и Рамстор, во уличката на лево кон Рамстор кога идете од Лени Травел). Е сега автобусите не беа лоши, но не беа ни добри. Средина. Но најголемиот број на патниците како и јас, имавме проблем со возачот. Дрзок, невоспитан.......и што ли уште не. И со мене се скара заради тоа што го спуштив столчето да си подлегнам и ми вика не е дозволено да се спуштаат столчињата. А и доста други караници имаше не само со мене туку и со други патници. (еден покрупен, поцрн тен малку, кој бил преку таа агенција може и го видел)

Иначе не практикувам да уплаќам преку агенции, туку во сопствена режија. (само пат преку агенција) Или освен за некоја подалечна дестинација би уплатил преку агенција.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: krissthemaster055

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Некој да патувал или да уплаќал преку Арбо туристичка агенција? (се наоѓа во центар кај Соборен Храм)
Да каже повеќе инфо, како, што итн.....
 
devojka9999

Полноправен Член
4 мај 2012
34
43
18
Да ви опишам на кратко како поминавме во Истанбул преку туристичка агенција од Скопје
Како прво автобусот беше многу неудобен за пат од 10 часа, мене лично буквално цела нога ми е со модринки исто и на госпоѓата што беше со мене. По 10 часа пат сите очекувавме да стигнеме во хотелот да се одмориме барем саат време пред да продолжиме со другите активности, но секако не беше така, кога стигнавме во Истанбул водичот ни кажа дека ке одиме прво во хотелот и после 4 часа возење низ Истанбул се симнавме од автобустот некаде близу капали чаршија и ни беше кажено дека сме имале панорамски преглед на градот и дека ке продолжиме со посета на топкапи, плавата џамија и аја софија.... уморни, ненаспиени, гладни, укочени од долгиот и неудобен пат баш ни се погоди и убавото жешко сонце тргнавме по водичот што неможевме да го следиме од што му се брзаше, прво бевме во плавата џамија но неможевме да влеземе внатре бидејки имаше молитва по претходно чекање на улица саат време да стигне водичот од Истанбул за да може нашиот водич да преведува, откако не ја посетивме плвата џамија тргнавме накај топкапи сарај, кога стигнавме таму се разбира со трчање по водичот, ни објаснуваше едно пола саат после имавме слободно време пола саат значи не бевме во харемот, не ги видовме собите кај што беа изложени облеката на султаните и накитот... после имавме пола саат да се одмориме малку и да јадеме нешто набрзина за да не ни избега водичот... кога тргнавме накај аја софија без да не преброи тргнавме до автобусот кога тогаш некои луге од групата му кажаа дека фалат две жени, па отиде да ги бара уште саат време додека ние го чекавме во автобусот во кој беше неподносливо жешко... откако ги најде госпоѓите имаше пола саат расправија со него па тргнавме најпосле во аја софија исто така беше се набрзинка гледање, сликање итн... и тргнавме после накај хотелот конечно за да стигнеме до таму незнам уште колку се возевме но знам дека стигнавме во 21 часот, право влеговме во собите без да ни го каже распоредот за утре например во колку да се чекаме и каде ке одиме... без разлика тогаш најбитно беше дека стигнавме до хотелот. Следниот ден прво отидовме во аксарај се беше убаво но не не однесе во харемот, потоа отидовме на брод да ги гледаме куките од "турските серии" без никакво објаснување за старите градби! после тргнавме накај хотелот после возење 3 часа ни остана само пола саат да се спремеме за вечерата што ја откажавме после бидејки бевме премногу изморени, следниот ден бевме во куката на али риза саат ипол, два саати во капали чаршија и по цел ден молење не однесе во џамијата на Сулејман и гробовите на султан Сулејман и Хурем после бевме во трговскиот центар и си тргнавме назад.
Ова за мене беше малтретирање, а не шетање ако вака треба да изгледа постета на било кое место преку туристичка агенција тогаш нема да се повтори уште еднаш...никаква организација, се што беше пишено во програмата не беше реализирано кога стигнавме.. никаков редослед немаше и водичот беше неискусен!!!
 
Преку која агенција беше? И мене слично ми се случи за Велигден...водичот со 300 на саат одеше, луѓе се губеа итн....
 
devojka9999

Полноправен Член
4 мај 2012
34
43
18
Преку која агенција беше? И мене слично ми се случи за Велигден...водичот со 300 на саат одеше, луѓе се губеа итн....

Делфина Турс, ама мислам дека има две агенции со исто име или подружница е едната незнам точно, јас се јавив во канал 5 за да го добијам бројот... истата агенција го организираше патувањето со Драган Вучиќ што беа жените за 8-ми Март, втор пат ми е со агенција и никогаш повеќе...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Делфина Турс, ама мислам дека има две агенции со исто име или подружница е едната незнам точно, јас се јавив во канал 5 за да го добијам бројот... истата агенција го организираше патувањето со Драган Вучиќ што беа жените за 8-ми Март, втор пат ми е со агенција и никогаш повеќе...

Епа затоа следен пат во сопствена режија. Без агенции и такви чуда.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: devojka9999

Ivona Kicevo

Полноправен Член
13 јуни 2012
38
27
18
35
До сега не сум патувала преку агенција но планирам на одмор да одам но мислам за следната година
првото патување ќе биде преку некоја агенција на најубавото место според мене ;)
Кушадаси, Турција
253171_398864690159048_512107086_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kristina Bozinova