Само со 10 минути дневно, наскоро ќе имате прекрасно обликувана карлица, задник и бедра. Мислам дека вреди 10 минути да посветиме на многу важниот женски атрибут – убавиот задник!
Вежбата е едноставна, нозете се во ширина на рамената, или нешто повеќе, клекнувате па станувате. Ете тоа е се. Понатака, за уште подобри резултати користете тежина како на сликата.
Еве неколку навистина ефективни вежби по методата на Пилатес, со чија помош можете да постигнете неверојатни резултати. Овој комплекс од разнообразни вежби е создаден имено за задникот, карличниот појас и бедрата. За почеток направете од 8 до 12 повторувања во една серија. Со тек на време бројот на серии се зголемува. Во суштина вежбите представуваат клекнување и станување во различни позиции.