Зошто форумов е неактивен?
Би дал дури и многу повеќе од вештачко дишење, да бев барем 10 години уназад.Затоа што нема активни членови. Оние кои беа одлучија да го напуштат форумот од само ним познати причини. А ново членство тешко се добива пошто има конкуренција од Кајгана и Фемина, за помладите тука е Тик-ток, за останатите тука се социјалните мрежи. Форум сепак е платформа на која треба да се размисли пред да се постира и нема прилика за чек ин во сендвичара или инста стори во биртија.
Почни да пишуваш во секој случај
btw, welcome back @Lena се надевам за постојано. Апелирам и на другите кои само чат-пат читаат како гости да се вратат и некако да му се даде барем вештачко дишење на форумов ако не и нешто повеќе од тоа.
Би дал дури и многу повеќе од вештачко дишење, да бев барем 10 години уназад.
Реалната причина ја знаеме, форумот како смисла на платформа живурка во последниве 5 години општо и тоа. Активноста на другиве гореспоменати места можеби не се споредува со активноста тука, но у принцип квалитетот вртоглаво опаѓа секаде. Се појавуваат одредени ликови од 50 години нагоре со скромни познавања и никаков бонтон, за кои се лепат дечурлана која се пали како млад мајмун и е неискусна да ги изигнорира нивните ретардирани постови. Останатите сме веќе толку одамна извозени низ форумскиот лавиринт што веќе ни е буквално сеедно на каде би врвела дискусијата. Ако сметаме дека би можело некако да изигнорираме се ова, и придонесуваме со квалитет, пак ќе испадне по горнава теорија. Како што фејсбукот се наполни до гуша со реклами и масовни групи во кои истите средновечни дртала доминираат со коментари, или пак инстаграмот со дрољи за самопрезентација, или недај боже твитер каде на еден асален пост ќе видиш 100 ретвита на гоВно твитови. Така и тука. Мислам дека се изгуби целосно поентата на форумот, а тоа е пред се информирање.
Сега сите се оптеретени со сликање и постирање, кој, кај бил...
Тртење по разни социјални мрежи, со цел да се дочепат до некои кругови, површни како и нив...
Форумот е место каде пишуваш свое мислење, став, влегуваш во дискусија, ама не секој има капацитет, интелект и информираност за да се вклучи во било каква дискусија...
Полесно им е да пишат омилен парфем, ташна, бренд или не знам шо...
Жално ама вистинито...
Зато сме само неколку кои го одржуваат форумот...
Искрено мене на почетокот, а и сега ми смета ограниченоста на овој форум.. (што не е случај на пример со Кајгана)
Прва опомена ми беше оти сум пишувала на латиница (мислам big deal) значи две админки одма ме опоменија, второ треба да внимаваме на вулгарностите, а некогаш ти доаѓа да се изразиш баш со таков жаргон, ама ете политиката на форумот не е таква, значи ми смета цензурата и последно знам бев опомената околу гејовите од страна на една членка од администрацијата и воопшто не ми се допадна тоа...Или не смее политички теми...
Мој став, мое мислење...
Ако не се сложуваш со мене, не значи дека си во право, а не значи и дека и јас сум во право...
Може само да се сложиме, дека не се сложуваме....
Има и некои други ситници, ама во глобала, барем јас лично од тие причини сум помалку активна...
Пак ќе речам во периодот кога станав член имаше далеку поинтересни и поконструктивни дискусии отколку денешниве...
Се враќам заради носталгија, а и драг ми е форумов...
Изгледа ќе бидеме двајца кои последни ќе останат
Не би се откажала скроз од форумов, не знам...можеби дека ми е прв
Сепак мислам дека малку треба да е поопуштено, поспонтано и да се намали со ограниченоста, можеби така ќе се врати во старото светло...
Точно, моментално....Нема никаква ограниченост моментално
Agree.Точно, моментално....
Ама мислам дека поради тоа се згасна со дискусиите и многу членови кренаа раце...