Инсел!

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Јас со изразот се запознав скоро, кога во една дискусија со една девојка на една социјална платформа бев наречен така од нејзина страна. Вака читајќи за значењето на изразот и што се опфаќа, не можам да се препознаам себе.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur

Мислам дека многу луѓе и не се баш добро запознаени со ова, туку само се расфрлаат со терминот пошто го чуле од други. Самиот израз не е страшен колку што екстремните инсели го направија. Involuntary Celibate е тоа што е - целибат, но не по своја волја. Е, како стигна од така обично зборче до ова што е денес (и како станува само полошо), тоа е загрижувачкото. (worried)
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Пред некој месец во Бразил, 19 годишен инсел и опсесивен гејмер на Кол оф дјути после долго планирање и предумисла ја ликвидирал 19 годишната девојка која била најдобра во таа бразилска сојузна држава што се однесува до такмичарско гејмање. Профи гејмерка која заработувала по 50-60К долари годишно. Да не се разбере погрешно, таа не му била девојка нему, немала дечко, со него била на рандом мех однос како познаник што очигледно страшно го разјарило ликот кој нели, ја испил Д БЛЕК ПИЛ. Како се осмелила да не му "даде" веднаш на лице место, па која е таа, што се замиљша? :banghead
Ликот напишал и 40 страни менифест (афкорс хи дид, елиот роџер стајл) во кој објаснува зошто и како ја искасапил девојката.
Дотогаш немал никакво криминално досие!

Некои денови минувал и по 18 часа во гејмање, уринирал во шишиња и воопшто не јадел со денови само локал енергетски напитоци и кофеински сокови.

  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас со изразот се запознав скоро, кога во една дискусија со една девојка на една социјална платформа бев наречен така од нејзина страна. Вака читајќи за значењето на изразот и што се опфаќа, не можам да се препознаам себе.

Не го земај тоа за сериозно :)
Некако ептен е примитивизам некоја си типка да нарече некого инсел поради тоа што е културен и фин, како што во случајов си ти. Освен ако немаш тајна страна ама не верувам... :)
Ако немаш против, во кој правец течел муабетот?
 
187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Не го земај тоа за сериозно :)
Некако ептен е примитивизам некоја си типка да нарече некого инсел поради тоа што е културен и фин, како што во случајов си ти. Освен ако немаш тајна страна ама не верувам... :)
Ако немаш против, во кој правец течел муабетот?

Беше најбанална дискусија, се работеше за личност која е радикален феминист односно го злоупотребува терминот феминизам во погрешни цели. Всушност само ширеше омраза кон спротивниот пол. Реплицирав дека со тоа не прави ништо добро односно не придонесува за подобрување на моменталната состојба и на тоа добив реплика во која бев наречен со горенаведениот епитет.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Беше најбанална дискусија, се работеше за личност која е радикален феминист односно го злоупотребува терминот феминизам во погрешни цели. Всушност само ширеше омраза кон спротивниот пол. Реплицирав дека со тоа не прави ништо добро односно не придонесува за подобрување на моменталната состојба и на тоа добив реплика во која бев наречен со горенаведениот епитет.
Секогаш можеш со femcel да вратиш на тоа. Иде во двата правци. :zelen:zelen
Се шалам, не треба. Од радикалци ќе слушнеш и прочиташ свашта. Сите што одат во екстремности ги множам со нула, посебно ако фати на личен основ, па и без поткрепа/докази за било што. Тука знаеш дека веќе си победил во дебатата, ако може да се нарече тоа.
 
187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Секогаш можеш со femcel да вратиш на тоа. Иде во двата правци. :zelen:zelen
Се шалам, не треба. Од радикалци ќе слушнеш и прочиташ свашта. Сите што одат во екстремности ги множам со нула, посебно ако фати на личен основ, па и без поткрепа/докази за било што. Тука знаеш дека веќе си победил во дебатата, ако може да се нарече тоа.

Јас искрено не ни ги знам повеќето од термините кои ги користат помладиве генерации. Се познава дека сум старо магаре веќе. Инаку нејзиното повеќе беше квази феминизам и дискусиите ги сведуваше на лични навреди. Од тогаш избегнувам да дискутирам кога станува збор за сензитивни теми или сензитивни прашања.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас искрено не ни ги знам повеќето од термините кои ги користат помладиве генерации. Се познава дека сум старо магаре веќе. Инаку нејзиното повеќе беше квази феминизам и дискусиите ги сведуваше на лични навреди. Од тогаш избегнувам да дискутирам кога станува збор за сензитивни теми или сензитивни прашања.

Подобро избегнувај ја целосно :)
Инсел не е толку нов поим само што во пошироката јавност се етаблира пост-Елиот Роџер масакрот 2014.