Штета што мислиш дека нема што да студираш... но штом така мислиш, нека ти биде.
Јас со неписмени, а уште помалку со луѓе кои одбиваат да научат повеќе за светот иако им е дадено да можат да научат, но заради мрзливост или омраза не сакаат - не дискутирам.
Не ми изгледа така, ја искрши тастатурата од пишување.
А да не зборам дека и сопствените книги во кој зјапаш постојано не си ги совладал, земи прочитај и твојот пророк ви има оствено правилник,потсетни за сопственото однесување ,каде вика дека оној сиромав е можеби крал,затоа не потценувај ниту еден соговорник!
Џабе читаш , кога немаш основа од искуство, книгите ти ја полнат само главата со зборови,збор како збор не е најсоодветно да пренесе искуство.
Зло? Кога би доживеал (а не прочитал) , свое непостоење-безличност би разбрал дека злото и доброто не постојат додека за нив не сведочи некој надворешен,но за својата празнина тие постануваат одлични спротивности во кој се "раѓаш" и "умираш".Таквите се големото зло што ги создаде стариот еон, чија најголема доктрина е верувањето и во светите книги а и во самите себе си, без да се надградуваат и надминуваат!
Додека , тој што сведочи за тоа , всушност го искажува тоа кое преовладува во него!
Еднаш кажа соодветна мисла во контекст на толкувањата, а тоа дека книги и зборовите се надминати ,а со толкувањето ја "кинам" библијата.Според тебе, сите книги да се запалат, не смее да постои „пророк“ а тоа да не си ти, не смее да има избрани луѓе по некоја божествена промисла, а тоа да не си ти ... инаку е лага
Друг е методот за одлучување што е лага што не, но тоа ти "го знаеш".
Мислам на толку цитирања на христијанската библија (еј, па ова е книга за боговите), сигурно знаеш.
Велам , човекот премногу се фокусирал на говорната форма за пренос на информација, зборовите се силни,но не и совршени за тоа, барем кога се работи за духовното.Но ,што тебе ќе ти објаснувам кој студира , учи ,чита ,зборува, пишува кога друго не ти е познато!
Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон. 93/93Исто ова ми звучи како што направија нацистите со палењето на книгите, исто што првите христијански секти што се обидоа да направат... Like за неспособните кои крадејќи од сите егзотериски размисли, мислеа дека зборуваат со боговите преку тие пракси!
Да не студираш ништо! Да си цитираш библијата и да веруваш онака како што тебе ти одговара.
Чекај, па ти со години цитираш и „објаснуваш“ како тебе ти чини една книга позната како Библија!
Визии ти даде таа книга?
Бладај си тогаш во незнаење ... од тука и доаѓа тоа да мислеш дека си просветлен и пророк и со прст да покажуваш кон другите бидејќи не гледаат ништо полезно во христијанската библија од IV век.
Доволно кажав за човекот и какво зло може да донесе толкувањето на свети книги да важат исто за сите, на основа на верување!