Како почетник во фитнесот многу ми е важно мислењето и искуството на другите пред да се зачленам во некоја теретана. За мене најважно е да има тренер кој барем 2-3 месеци ќе биде до мене и ќе го следи моето вежбање и напредок и не помалку важно да има проветреност. До сега вежбав во 2 теретани и еве го моето мислење за двете:
1. Fitness Club Fit - се наоѓа на прифатлива локација (позади Универзална Сала, спроти хотел Влахо). Може да се бира дали ќе вежбате самостојно (1200 за
женски и 1500 за машки), полупрофесионално (со надзор од личен тренер; 1500 за женски и 1800 за машки) и професионално (со личен тренер 1900 за женски и 2200 за машки). Може да се оди секој ден во неделата, работи и во недела и може да вежбате колку сакате. Во тие 9 месеци додека вежбав некогаш се случуваше да вежбам 1 саат, а некогаш и по 2.5 саати. Теретаната е прилично добро опремена и постојано ги заменуваат старите справи со нови, но прво ги продаваат старите и трае малце подолго додека стигнат новите. Теретаната поседува големи две соблекувални, една женска и една машка; и во двете соблекувални има доволно простор, проветреност и редовно се чистат. Покрај хигиената во соблекувалните има и вц и по два туша во соблекувалните. Има и по 50 шкафчиња со клуч. Доколку вежбате самостојно, никој од тренерите кои работат таму нема ниту да ви се приближи (само ќе ве манијачат од страна и ќе ве оговараат со другите кои вежбаат таму). Другите две програми се разликуваат само во цените. Која програма и да ја одберете ќе доиете само надзор од личен тренер и евентуално помош додека вежбате. Освен претходно споменатото, гратис ви следува и манијачење од тренерите и оговарање со другите кои вежбаат подолго време. На тренерите сте им интересни да ви покажуваат вежби и покажуваат заинтересираност првите 2 недели (максимум 3); после тоа се им е здодевно, ги мрзи да дојдат да ти помогнат, забораваат дека си отиден таму, треба да им платиш за да дојдат да ти помогнат (така е зборот). Иако имаше 6 тренери (ако не вработиле нов сега се 5) често се случуваше некој тренер да помага на 20 души, а некој муабет да си прави со колегите. Кога веќе сме кај муабетот, често знае да се најдат по 3-4 души на кои никој не им прави муабет дома, па наместо да го прават тоа за што се отидени они зафаќаат справа и прават муабет наместо да вежбаат. Тренерите воопшто не мотивираат, напротив често знаат да демотивираат. Престанав да одам таму откако поради оправдани причини не бев во можност да вежбам две недели. Кога отидов после тие две недели, тренерот ми изеде г**на дека од моето вежбање немало ништо да испадне, иако резултатите беа видливи по 4 месеци вежбање (не ми беше целта да станам светски шампион, само сакав да ги дефинирам мускулите). Така заврши моето 9-месечно искуство во таа теретана. Како прва теретана во која сум бил (не знаејќи тотално ништо за фитнесот и тотално антиспортист) сум задоволен во глобала. Одлична е за почетници и ќе ги научите справите и како се вежба на нив. Од 1-5 јас би ја оценил со 3.5 евентуално 4 (за жал се приметувам и многу ме иритираше оговарањето) доколку вежбате со тренер, а доколку вежбате самостојно веројатно заслужува 5.
П.С. Заборавив да кажам за гужвата: од 1 кога и отвара теретаната до 5 нема гужва и е одличен тајмин за вежбање, после тоа вежбањето е малце незгодно и ќе треба да се менувате со тројца на една справа, но сепак се вежба. И да не заборавам да го поздравам еден од тренерите (се надевам ќе прочита и ќе си го промени понашањето), нема да наведувам посебно имиња кој им помага на женските и притоа често знае да ги фати за бут, струк и на други места (не зборувам за да им помогне). Иако си ветив дека моја нога таму веќе нема да стапне, гледајќи и читајќи коментари на други и искуството од другата теретана сериозно размислувам да се вратам да вежбам таму.
2. Strong Gym - одлична локација (на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, во подрумот од зградата пред студентскиот). 700 денари за женски и 1050 за машки, без никакви ограничувања. Нема опција за личен тренер (вработениот или газдата, не знам што е преку телефон кажува дека ќе биде цело време до тебе и ќе ти помага (мало сутра)). Голема е теретаната, но несоодветно се распределени справите и има впечаток како да е гз место, а и ѕидовите се црни и се добива впечаток како да си во некоја секта, а не во теретана. Има доволно справи за сите. Соблекувалните се средно големи со вц и тушеви. Има можност опремата за вежбање да ја оставите таму за да не ја носите наваму-натаму секој ден. Не ја препорачувам за почетници, но има одлични услови за поискусни вежбачи можат сами да вежбаат и одат таму за да вежбаат, а не за муабет. Реална оценка за целото место: 3 (на теретаната и треба уште работа и средување. И ДЕФИНИТИВНО НОВА БОЈА НА ЅИДОВИТЕ).
Се надевам дека некако ви помогнав. Доколку ви треба некоја дополнителна информација слободно пишете ми тука или во инбокс. (Би ми било мило доколку ми предложите некоја теретана која нуди тренер по разумна цена и има добра проветреност, можеби и јас конечно ќе најдам некое убаво местенце со добри услови за вежбање).