Леле бре, омладино... што е со фрустрацииве?
Да не се вреѓаме (а ќе се вреѓаме), ама обично муабетов дека љубовта (па и сѐ останато) се купува со пари, иде од народ што нема што да понуди.
1. Немаш многу пари, ама имаш мерак на некоја напукана што очигледно во свои рани 20ти не може да си дозволи капут од 400 евра, па следат фрустрации. Нема врска дали си одговарате и дали карактерно имате што да си понудите еден на друг, битно друг ја шета ко икона, а ти плачеш оти те баталила за истиот.
Просто да се чуди човек како сте изненадени од исходот. Демек до вчера во корито ви бакнувала нозе од љубов, па сега фактор изненаџење удрил.
2. Имаш пари... and that's pretty much it. Можда малце douchebag карактер на кој се палат тинејџерки и теткици заглавени во тинејџерство. Карактер нула, евентуално по некој бицепс и фин изглед, а можда и не пошто богати сте, нема што да се замарате.
По што друго, озбилно, би трчала некоја? Интелектот дека последно сте прочитале формулар во 2008ма кога сте отвориле фирма? Умешноста што случајно ви се погодиле коефициенти во кладилница, па ко оној што пеел „Где си била кад сам био нико?“ да го вртите истиот муабет цела недела? Да ви паѓа некоја на „Цуцо, каква к***а ми се лепеше вчера, али како сум ја одјебал пошто тебе те сакам“, па ко на кученце да ѝ фрлите да си купи некој партал, а она ќе трепка и лета во облаци оти тоа е доказ дека е неодољива и непобедлива риба.
И жените и мажите сте си криви за таквата т.н. љубов.
Амбиција веќе не е да се потрудите, да научите и да заслужите, туку по брза постапка да се дојде до нешто, па макар било и труло.
Овој ќе лиже газови за да дојде до некаква позиција на менаџерче, сѐ со цел да кажува колку е поштуван (хинт: ич) и „да врти п***ња“, оваа сака скапи работи и дома ја напнуваат да најде богат, да им се тргне од врат, па шири нозе ко најбрз начин. Епа Маро, епа чорба.