Сме разговарале и друг пат на оваа тема.Колку и да одбиваш (како поединец) не можеш да го сокриеш фактот дека целата ваша филозофија е темел на верување, односно законот сте го добиле преку Аиваз , пратеник на силите кои што владеат со земјата.
Тоа ти е исто како што Ездра разговараше со пратеникот божји, Мојсе доби заповеди од богот и разговараше од грмушката што гори, Ное доби заповед да гради Арка....и ред други.
Како што за многуте што ги набројав нема доказ , така и за вашиот Аиваз кој освен Кроули друг никој,нуту го видел ниту муабет си направиле.
Занчи , за да прифатиш закон така како што наложува вашата филозофија, неизбежно е да се проголта постоењето на тој Аиваз и многу - многу да не се поставуваат прашања за него.Дошол му ирецитирал книга и си заминал!
А бидејќи промовирате нов еон каде верувањето е нешто кое не е во вашата програма, тогаш тој Аиваз навистина бил - цврсто убедени дека е така,а се поинаку всушност ќе премине во верување, а тоа е опасна работа бидејќи ќе се уназадиш цел еден еон.
И една забелешка, сили кој владеат со земјата е малку дискутабилно.
Ако е сила , нема потреба да владее т.с да се подели на владетел и потчинети сили , а бидејќи се преставува како сила која владее, тогаш не е сила туку слабост!
Аивазот направил лапсус при своето преставување...но во текстот точно се изразил - напишал пророкот.
13. Јас сум над вас и во вас. Мојата екстаза е во вашата.
Така да , има некој работи со пропуст, не е лошо да престанеш да се труеш со вакви книги и да се прошеташ во природа размислувајќи за своето постоење!