Телема

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
93
Сме разговарале и друг пат на оваа тема.Колку и да одбиваш (како поединец) не можеш да го сокриеш фактот дека целата ваша филозофија е темел на верување, односно законот сте го добиле преку Аиваз , пратеник на силите кои што владеат со земјата.
Тоа ти е исто како што Ездра разговараше со пратеникот божји, Мојсе доби заповеди од богот и разговараше од грмушката што гори, Ное доби заповед да гради Арка....и ред други.
Како што за многуте што ги набројав нема доказ , така и за вашиот Аиваз кој освен Кроули друг никој,нуту го видел ниту муабет си направиле.
Занчи , за да прифатиш закон така како што наложува вашата филозофија, неизбежно е да се проголта постоењето на тој Аиваз и многу - многу да не се поставуваат прашања за него.Дошол му ирецитирал книга и си заминал!
А бидејќи промовирате нов еон каде верувањето е нешто кое не е во вашата програма, тогаш тој Аиваз навистина бил - цврсто убедени дека е така,а се поинаку всушност ќе премине во верување, а тоа е опасна работа бидејќи ќе се уназадиш цел еден еон.

И една забелешка, сили кој владеат со земјата е малку дискутабилно.
Ако е сила , нема потреба да владее т.с да се подели на владетел и потчинети сили , а бидејќи се преставува како сила која владее, тогаш не е сила туку слабост!
Аивазот направил лапсус при своето преставување...но во текстот точно се изразил - напишал пророкот.
13. Јас сум над вас и во вас. Мојата екстаза е во вашата.

Така да , има некој работи со пропуст, не е лошо да престанеш да се труеш со вакви книги и да се прошеташ во природа размислувајќи за своето постоење!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Знам дека сме зборувале, не само тука, туку и на други форуми и постојано едно та исто се зборува.
Целата наша филозофија кога ќе седнеш да ја разгледаш барем - ќе може да те сфатам сериозно во ова твое дебатирање. Вака, ме обвинуваш за нешто што постои во твојот ум и јас треба да те разубедувам сега или да ти наоѓам факти.
Не сме ние оние од стариот еон. Не ти е доволно што Законот вели дека мора сам да сработиш, сам да надминеш и дека не по стои пречка помеѓу тебе и божественото, што и да е тоа за тебе?
Бараш докази за да ти се разбие верувањето и да ти стане спознание? Надворешните симболи се само тоа, ништо повеќе.
Како не може да разберете?

А ти реков и во претходниот пост, ќе се повторам:
„Ако за тебе важи дека Нуит е апсолутно божество и мора да веруваш - ок, не може секако за тебе да биде ништо повеќе ниту помалку.“
- цитат

Ти не ме читаш мене или не ме разбираш. Заборави на стариот еон и потребата верувањето да е апсолутното најголемо постигнување за поединецот.
Не знам од каде тоа дека за да го прифатиш Законот мора да веруваш дека постои Аиваз или Нуит или што и да е за тебе нештото недостижно па мора да се верува...

Се додека ми ги спомнуваш овие стари закони за да го опрадаш твоето неразбирање на Телема и Новиот еон - не можеме да се разбереме.

Тој Аиваз дали постои или не - е небитно кога се чита Книгата на Законот и она што е дадено во неа. Битно е како разбираш и што разбираш. Тоа дека мора да прифатиш дека постои тој Аиваз или дека постои Свет Ангел Чувар и без да користиш различни методи дадени низ праксите - ќе те одведе во догма и навистина ќе бараш верување преку туѓи постигнувања кои ќе фрлаат само сенка врз твоето разбирање. За некои не постои ниту астрал, сето тоа е мозочна активност, хемија, електрицитет итн итн...
Да седнеме насила да им наоѓаме докази? Не можеме и да сакаме... размисли ти зошто не можеме.

И те како мора да се прашува за тој Аиваз (93)! Не зборувај глупости од незнаење! И те како мора да се спознае Нуит! А пак Хадит, тој таен центар...
И тоа е запишано во нашите философски книги кои се сигурно 2000 години пред твоето секташко толкување на стариот еон!

Еноставно е!
Ја читаш Liber AL, пробуваш да ја разбереш, нормално со Коментари, со други книги низ кои се расфрлани различни клучеви за дешифрирања и самиот доаѓаш до заклучок дали оваа философија или религија или Закон или како сакаш наречи го е во склад со твојот универзум или не...
Ако не е за тебе - ништо. Доволно е што некој се обидел да го проучи Законот, што насетил дека стариот еон заедно со догматските религии е минато!

Има интересен пасус во Liber О, пишува вака (но ти нема да прочиташ и да размислиш со своја глава, не пак да се заморуваш со праксите):

"This book is very easy to misunderstand (се мисли на оваа книга, Liber O); readers are asked to use the most minute critical care in the study of it, even as we have done in its preparation.
In this book it is spoken of the Sephiroth and the Paths; of Spirits and Conjurations; of Gods, Spheres, Planes, and many other things which may or may not exist.
It is immaterial whether these exist or not. By doing certain things certain results will follow; students are most earnestly warned against attributing objective reality or philosophic validity to any of them."
- Liber O

Законот јас лично не го прифатив заради тоа дали сум убеден дека постои или не Аиваз или Нуит како божество... туку она што е дадено во Книгата на Законот, собрано со моето претходно искуство како начин на живеење со сите тајни - ме привлече кон овој Еон.
:)

П.С. Не можам да ја коментирам Книгата на Законот како јас ги разбирам тие ствари и што означуваат за мене во пракса. Не е ништо дискутабилно за мене. Ако за тебе е дискутабилно, имаш книги - може да разрешиш многу свои мистерии во однос на Телема и Новиот Еон.
Но можам да кажам дека Аиваз е само гласно-г0ворник.
Во првото поглавје зборува Нуит. Во второто Хадит.
 

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
93
Но можам да кажам дека Аиваз е само гласно-г0ворник.
Во првото поглавје зборува Нуит. Во второто Хадит.
Значи си убеден во неговото појавување спрема вашиот пророк?
Убеден си дека постојат сили кој владеат со земјата?
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Значи си убеден во неговото појавување спрема вашиот пророк?
Убеден си дека постојат сили кој владеат со земјата?

Морам прво да прашам две работи па да се обидам да ти дадам одговор:
1. Кој е нашиот пророк според твоето разбирање и проучување на Законот и Светите Книги на Телема?

2. Ти не си убеден дека владеат сили со Земјата и човештвото и тоа без грам искуство од она што јас го имам во однос на овие ствари?
НЕ дискутирам како ги разбираш ти овие сили... секој има различно искуство и знаење.


П.С. Ако ти е долг претходниот пост, прочитај го пак... ќе ти разјасни некои работи околу „верувањето“ и прифаќање работи кои не може да ги прифатиш како реалност каква што ја знаеш во моментот...
 
Последна промена:

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
93

Морам прво да прашам две работи па да се обидам да ти дадам одговор:
1. Кој е нашиот пророк според твоето разбирање и проучување на Законот и Светите Книги на Телема?

2. Ти не си убеден дека владеат сили со Земјата и човештвото и тоа без грам искуство од она што јас го имам во однос на овие ствари?
НЕ дискутирам како ги разбираш ти овие сили... секој има различно искуство и знаење.

1. Кроули.
2.Го кажав мојот став за сили кој себеси се поставуваат како владетели.
Ќе мериме чив е поголем?
Прочитај го уште еднаш бр.2
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Не е Кроули Пророкот во Книгата на Законот. Ќе мора да се потрудиш повеќе. Ајде бре луѓе, па ја има Книгата на Законот бесплатно на нет, ги имате и Коментарите и сите други книги на нет - што е проблемот со вас?
Не сакате да учите нови ствари? Не ви е во прилог да ви се уништи верувањето?

Ми доаѓате да дебатирате и да ми наоѓате „невистини“ за работи кои вие не ги ни знаете површно, не пак да сте се заморувале да ги разберете во самата срж?
Ме прашуваш за сили владеење, а не знаеш ништо од философијата на новиот еон, како е поврзан со стариот, со претхонидот од тој стар, кои ритуали се останати, кои пракси исто така...

Не заслужуваш одговор во што сум јас убеден и како сум убеден... остануваме на тоа дека:

„Тој Аиваз дали постои или не - е небитно кога се чита Книгата на Законот и она што е дадено во неа. Битно е како разбираш и што разбираш. Тоа дека мора да прифатиш дека постои тој Аиваз или дека постои Свет Ангел Чувар и без да користиш различни методи дадени низ праксите - ќе те одведе во догма и навистина ќе бараш верување преку туѓи постигнувања кои ќе фрлаат само сенка врз твоето разбирање. За некои не постои ниту астрал, сето тоа е мозочна активност, хемија, електрицитет итн итн...
Да седнеме насила да им наоѓаме докази? Не можеме и да сакаме... размисли ти зошто не можеме.“
- Цитат

Јас цело време мерам и премерувам за вакви ствари, секакви шарлатани ми зборуваат за свети работи од кои се далеку со еони... тука зборувам за општи ствари кои може да ги најдете лесно, ако не сте мрзливи.
 

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
93
Ме прашуваш кој бил пророк во книгата?

За вас Кроули е пророк поправи ме ако не е така.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ме прашуваш кој бил пророк во книгата?

За вас Кроули е пророк поправи ме ако не е така.

Ти ништо не знаеш за нас, кои сме Телемити by the Book и кои сме го прифатиле Законот на Телема. Не знам како можеш да зборуваш вака... да даваш мнение за други што е што за нив... и тоа без да имаш ниту тронка познавање за овие ствари.
Слабо просветлување, повеќе омраза и насобрана негативна енергија низ времето заради неубаво искуство со Телемити...
Батали го тоа време и муабетите, се менуваме :)

Ти велам не е Алистер Кроули. Треба да го проучиш Законот на Телема и ќе дојдеш до истото...
И нема да те поправам, поточно да ти кажам директно каде да бараш или да ти кажам што е што, бидејќи сакам да се помачиш да откриеш сам, а и се работи за „Книгата на Законот“ - не е паметно да ти објаснувам ствари кои може само да ти ги поматат мислите уште повеќе.

П.С. Зарем не ти е доволно што доби ново знаење дека Пророкот не е Кроули?
 

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
93
Thelema je mistično filozofsko učenje koje je utemeljio Crowley objavom Knjige zakona 1904. godine. U tom djelu dao je osnove novog učenja, kako ga je, navodno, primio od strane svog Svetog anđela čuvara - Aiwassa, koji ga je zadužio da bude prorok Theleme. Oni koji taj Zakon proučavaju i provode obično se nazivaju Thelemiti.[8]

http://esotheria.com/knjiga/knjiga-zakona/
“Bogovi” preko Keli daju poruku, koja kaže da je Krouli određen da bude prorok Neba u nastupajućoj, novoj eri čovečanstva…

Докторе, додека е време прекини да се труеш со глупости, почна да забегуваш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol