Две недели пред нова година паѓаат договорите и порано сум се замарал, сум организирал, но сум имал желба. Оваа година сите со девојки, дечковци, новодојденици во друштво, сите не ја осеќале новогодишната еуфорија, па не се напињам за тоа каде да славиме. Оставам на другите да пуштат некоја понуда, во краен случај ќе биде некоја домашна варијанта на славење. До сега разгледаните понуди ми личат скапо, а се добива премалку значи неколку пијачки со апетисани или похована даска. Златно буренце 1600, миднајт 1200, одисеја мислам беше 1800 и другите не ми текнува кои беа. Ги договарав или поточно убедував да идеме оваа нова година во Белград или Будва, околу 50 евриќи е превоз, преспивање, прошетки со водич и прослава на плоштад и тоа е со 3 дена престој таму, но ништо од моето убедување, требало малку повеќе храброст и желба за во друга држава
D