Не ретко на улица срекаваме луѓе што просат, молат за некој денар да соберат и да купат (демек) парче леб. Али се случува истите тие луѓе да ги видиш како купуваат цигари наместо леб.
Паѓате ли на молбите на питачите или ладнокрвно поминувате покрај нив? Колку пари би им дале? Го оправдувате ли ваквиот начин на доаѓање до пара?
Мене лично се случило питач да ме убеди да му дадам нешто ситно, 10-20 денари. Или било некое мало детенце што звучело толку убедливо или некоја мајка со дете па ајде пуштам срце. Но пред некое време решив да не дадам ни денар на питач. Не ради себичност. Ми се случи дете во инвалидска количка да ми побара пари, па почна да ми збори колку му е тешко, дека се само он и мајка му, која е болна итн итн. Седнувам на клупа 10 метри од местото. Истиот тип таму со количката. Доаѓа негов врсник и му вели стани сеа мене ми е редот. Овој станува си ги делат парите и заминува. Да не го видев бар да не ми беше криво што ме прелагале. И не го оправдувам ваквиот начин на заработување. Тоа е чисто од мрза (според мене)