Крштевање на деца

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Инаку во еден несторијански текст, наводно некое евангелија по Јован крстител кое што црквата го прогласила за ерес, се вели дека крштевањето кое што тогаш Јован го практикувал е всушност прочистување со клистирање. Исус им кажува на лугето кои што болни седат пред него и го молат за спас, да најдат тиква со голема дршка, да ја испразнат внатрешноста и да ја наполнат со вода, да ја остават на сонце за да се смлачи и да ја врзат за гранка на дрво. Дршката да биде свртена надоле и да и биде песечена на врвот. Ги учи да се поклонат пред водата и преку задниот дел од своето тело да ја пуштат во својата внатрешност, а потоа да ја испуштат и да се прочистат од сите внатрешни гнасотии. Кога го послушале луѓето и од себе исфрлиле голем број на паразити во форма на црви, Исус им посочил дека сега можат со свои очи да го видат сатаната, кој што цело време бил во нив и им предизвикувал болести и на телото и на душата. Им посочил дека ако некој сака да го пушти бог во себе, мора да се прочисти, да се крсти, односно да се клистита...
и така натаму.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
А зошто да не почнеме? Еве јас од себеси, ти, овие неколку души што не читаат. Ако сакаш некаква промена нели најдобро е да почнеш од себеси?
Според тебе океј е детенце да го ословиш со грешник и да треба да се искупува за нешто што родителите го направиле? А најголем број од родителите не ни имаат грев некаков. Освен нели ако не се поклонуваме целосно на Библијата, според која грев е и ако во Недела работиш.
А одењето во црква нема врска со тоа колку е некој религиозен. Колку од моја генерација одат во црква на Велигден оти одат другарите, оти така им рекле од дома и од многу други причини.
Мене не ми смета кога некој сака да си се крсти, луѓе кои си се религиозни и си веруваат, слободно. Ама да крштеваш дете оти грешно било искрено нема логика и сама си свесна :)
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Сега ќе ти одговорам во твој стил, земи прочитај ја библијата.
Сериозна си?! Јас библијата ја познавам наизуст, ја имам прочитано повеќе пати одколку што просечен верник ја има допрено или отворено! Никаде немаш правило ниту порака да се крштеваат бебиња или деца! Ниту пак имаш порака да се наплаќа за тоа! Напротив, еве што пишува:
Матеј 10:
8. Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте.

Наспроти ова, оние што самата си призна дека ве стрижат, си имаат ценовник:
Taksenik.jpg

 

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Сериозна си?! Јас библијата ја познавам наизуст, ја имам прочитано повеќе пати одколку што просечен верник ја има допрено или отворено! Никаде немаш правило ниту порака да се крштеваат бебиња или деца! Ниту пак имаш порака да се наплаќа за тоа! Напротив, еве што пишува:о
Матеј 10:
8. Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте.

Наспроти ова, оние што самата си призна дека ве стрижат, си имаат ценовник:
Отвори ја прикачената датотека 30229
Јас ти реков да прочиташ за наследениот грев кој го носиме од нашите прапрародители а не ти реков ценовник да ми постираш.
Знам дека ја имаш читано и знам дека си експерт за многу работи во врска со религијата, тука ти пружам рака, и многу убаво знаеш како почнало и од кога всушност започнало крштевање на луѓе и тд.(мене ме мрзи да пишувам) а ти подобро знаеш од мене 100 пати.
Мене само ми пречи тоа што се обидуваш да не убедиш да се откажеме од верата наша која си ја имаме а да ја прифатиме твојата.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Јас ти реков да прочиташ за наследениот грев кој го носиме од нашите прапрародители а не ти реков ценовник да ми постираш.
Знам дека ја имаш читано и знам дека си експерт за многу работи во врска со религијата, тука ти пружам рака, и многу убаво знаеш како почнало и од кога всушност започнало крштевање на луѓе и тд.(мене ме мрзи да пишувам) а ти подобро знаеш од мене 100 пати.
Мене само ми пречи тоа што се обидуваш да не убедиш да се откажеме од верата наша која си ја имаме а да ја прифатиме твојата.
Никого јас не убедувам да се откаже од ништо! Ова е форум и намената му е дискутирање, размена на аргументи. Ако почнеш дискусија и немаш аргументи, незначи дека некој се обидува да те убеди да се одкажеш од нешто.

Што се однесува за наследниот грев, многу ми е интересно кога жена се повикува на истиот.... Ако ја толкуваш библијата буквално, тогаш прифаќаш теза според која жената е главниот виновник за сите невољи од Адам до денес. Прифаќаш дека жената е помалку вредна од мажот, дека треба да му биде послушна и покорна, дека не треба да подучува ниту да има власт над него.... Ете, не те убедувам да се одкажеш, верувај дека си инфериорна во однос на нас мажите, јас знам само дека никогаш нема да ја учам ќерка ми да верува во такво нешто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Во Македонија постои чудна, налудничава идеја која се провлекува помеѓу размислите на луѓето - дека Македонецот мора да е христијанин - инаку не е Македонец.

Сето тоа мислам дека е останато од времето кога турската империја насилно го исламизирала народот на овие простори, а бидејќи тогаш не сме биле нешто посебно писмени и способни да си докажеме кои сме, какви сме и што народ сме, единствен спас во зачувување на една нација, на еден народ било преку идентификување преку религијата - во овој случај, христијанството, каде што „најписмен и најмудар“ бил селскиот поп.

Но, денес - апсурдно е да се турка дете во некоја религија бидејќи неговите родители и предци биле дел од истата и верувале и се надевале преку тоа учење кое ним им се видело добро за нив.
Да, родителот го сака најдоброто за своето дете, но никој не го знае внатрешниот пат и состојба на другиот!

Од тука следи дека родителите се силувачи ако дете (за родителот секогаш ќе бидеме деца) без разбирање на учењето на една религија, без разбирање на начинот на живот што би требало да го има како припадник на таа религија - го „иницираат“ (крстат) во организација и учење од кое тие се дел - нема друг збор за нив.
Или егоисти - гледаат што ќе каже народот и наместо да гледаат најдоброто да излезе од нивното дете, тие ќе го малтретираат и индоктринираат со философии кои можеби нема да функционираат за детето во иднина, кога ќе биде млад човек кој што ќе треба да се снаоѓа во светот!

А тоа доаѓа од она што реков на почетокот: никој не го знае и нема да го разбере внатрешниот пат и состојба на другиот освен преку искуство!
А дете, најмалку има искуство и разбирање на светот околу, за да го препознае некој преку неговите дејствувања!

Дете е, не му требаат богови, ритуали и философии! Не му треба верување!
Му треба искуство! Потоа следува другото...

Со ова мое размислување многумина нема да се сложат. Но што да правиме, силна е раката на „традицијата“ на ова парче земја каде што сеуште некој за да се чуствува Македонец мора да се заморува и со религијата на своите родители!!!
Sic semper tyrannis!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin, malo and Abraxas

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Никого јас не убедувам да се откаже од ништо! Ова е форум и намената му е дискутирање, размена на аргументи. Ако почнеш дискусија и немаш аргументи, незначи дека некој се обидува да те убеди да се одкажеш од нешто.

Што се однесува за наследниот грев, многу ми е интересно кига жена се повикува на истиот.... Ако ја толкуваш библијата буквално, тогаш прифаќаш теза според која жената е главниот виновник за сите невољи од Адам до денес. Прифаќаш дека жената е помалку вредна од мажот, дека треба да му биде послушна и покорна, дека не треба да подучува ниту да има власт над него.... Ете, не те убедувам да се одкажеш, верувај дека си инфериорна во однос на нас мажите, јас знам само дека никогаш нема да ја учам ќерка ми да верува во такво нешто.
Нека е жива и здрава ќерката, незнам мекици дали си частел:)
убаво е да дискутираш со човек кој може да ти парира..јас на пр. со моето минимално познавање можам толку, немам многу аргументи за изнесување оти, се разбира нели, немам некоја надоградба, немам читано, плус сум мрзелива да пишувам и објаснувам...НО, откако за прв пат на овој форум почнав да читам за ТЕЛЕМА( не ни знаев дека постоела воопшто, ќе мислев дека е нешто за јадење) бајаги ме заинтересира, па морам да признам дека ме натера да размислувм за вистинитоста на библијата и се што во неа се пишува или буквално ми ја раздрма мојата вера во Исус.
Многу работи и мене ми се несфатливи и без резон ама сакам да ти кажам дека така е наметнато, така е прифатено, кој сака може да верува и да се придржава кон тие обичаи а кој не сака и немора..ти ме налути што рече дека се правиме мутави..
Инаку никој неможе со сила да се учи да верува во нешто, така да ќеркати ќе си верува во тоа што она сака и мисли дека треба а што знаеш па, можеби ќе и се бендиса христијанството:)
 

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Во Македонија постои чудна, налудничава идеја која се провлекува помеѓу размислите на луѓето - дека Македонецот мора да е христијанин - инаку не е Македонец.

Сето тоа мислам дека е останато од времето кога турската империја насилно го исламизирала народот на овие простори, а бидејќи тогаш не сме биле нешто посебно писмени и способни да си докажеме кои сме, какви сме и што народ сме, единствен спас во зачувување на една нација, на еден народ било преку идентификување преку религијата - во овој случај, христијанството, каде што „најписмен и најмудар“ бил селскиот поп.

Но, денес - апсурдно е да се турка дете во некоја религија бидејќи неговите родители и предци биле дел од истата и верувале и се надевале преку тоа учење кое ним им се видело добро за нив.
Да, родителот го сака најдоброто за своето дете, но никој не го знае внатрешниот пат и состојба на другиот!

Од тука следи дека родителите се силувачи ако дете (за родителот секогаш ќе бидеме деца) без разбирање на учењето на една религија, без разбирање на начинот на живот што би требало да го има како припадник на таа религија - го „иницираат“ (крстат) во организација и учење од кое тие се дел - нема друг збор за нив.
Или егоисти - гледаат што ќе каже народот и наместо да гледаат најдоброто да излезе од нивното дете, тие ќе го малтретираат и индоктринираат со философии кои можеби нема да функционираат за детето во иднина, кога ќе биде млад човек кој што ќе треба да се снаоѓа во светот!

А тоа доаѓа од она што реков на почетокот: никој не го знае и нема да го разбере внатрешниот пат и состојба на другиот освен преку искуство!
А дете, најмалку има искуство и разбирање на светот околу, за да го препознае некој преку неговите дејствувања!

Дете е, не му требаат богови, ритуали и философии! Не му треба верување!
Му треба искуство! Потоа следува другото...

Со ова мое размислување многумина нема да се сложат. Но што да правиме, силна е раката на „традицијата“ на ова парче земја каде што сеуште некој за да се чуствува Македонец мора да се заморува и со религијата на своите родители!!!
Sic semper tyrannis!!
Морам само накратко да ти кажам дека воопшто не се согласувам со тебе за ова пишаното а најмногу дека некој се заморувал со религијата на своите родители....е баш без врска!!
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Нека е жива и здрава ќерката, незнам мекици дали си частел:)
убаво е да дискутираш со човек кој може да ти парира..јас на пр. со моето минимално познавање можам толку, немам многу аргументи за изнесување оти, се разбира нели, немам некоја надоградба, немам читано, плус сум мрзелива да пишувам и објаснувам...НО, откако за прв пат на овој форум почнав да читам за ТЕЛЕМА( не ни знаев дека постоела воопшто, ќе мислев дека е нешто за јадење) бајаги ме заинтересира, па морам да признам дека ме натера да размислувм за вистинитоста на библијата и се што во неа се пишува или буквално ми ја раздрма мојата вера во Исус.
Многу работи и мене ми се несфатливи и без резон ама сакам да ти кажам дека така е наметнато, така е прифатено, кој сака може да верува и да се придржава кон тие обичаи а кој не сака и немора..ти ме налути што рече дека се правиме мутави..
Инаку никој неможе со сила да се учи да верува во нешто, така да ќеркати ќе си верува во тоа што она сака и мисли дека треба а што знаеш па, можеби ќе и се бендиса христијанството:)
Зборуваме за деца! Тука неможе да има компромис, неможе да кажеш дека тоа е тоа, наметнато било и мора да се прифати.... Не се слагам ниту ќе се слагам било кога. Една работа е да дискутираме за одлуки и избор на возрасни луѓе, сосем друга е кога се работи за деца. Посебно мизерно и подло е да се користи стравот и грижата на совест за манипулирање. Да се убеди некој од најмала возраст дека бил грешен роден и дека должи некому некакво искупување на гревови е крајно подла манипулација.
 

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Да се убеди некој од најмала возраст дека бил грешен роден и дека должи некому некакво искупување на гревови е крајно подла манипулација.

Никој никого не убедува, каде го виде тоа, упорно се обидуваш да ги претставиш работите поинаку отколку што се навистина.
Родителот е тој што ќе одлучи дали да го крсти или не детето, родителот му дава име, го одгледува како сака и како умее, го храни и воспитува...значи родителот ги има сите тие права во свои раце, е сега, кога таа индивидуа ке стане свесна за себе, способна да расудува и да реагира по слободна воља, тогаш нека се прекрстува, одкрстува, нека си мења име, што сака нека прави......ништо не е толку напнато ниту изманипулирано, никој досега не се побунил оти за се има решение и лично расудување.