Убаво е човек сам да одлучи дали ќе биде или не крстен, обрежан, инициран или било што друго, а не тие обреди да служат за обележување и регрутирање. Не е човекот тој што треба да и припаѓа на религијата туку обратно. Ете ти си кажала дека припаѓаш на православна религија а на друга тема си пишала дека не веруваш во ѓавол... Тие две изјави ти се контрадикторни, а тоа затоа што за тебе и илјадници други религијата е само алатка за колективен идентитет, бренд за распознавање, етикета, ништо повеќе.Убаво е да си крстен да се знае која религија си и како се викаш незнам зашто некои се против и се бунат зашто се крстени
Па тоа се мали деца како да одлучуваат,се разбира родителите одлучуваат тие не мислат лошо и нема ништо лошо детето да се биде крстено ама секој со своето мислењеУбаво е човек сам да одлучи дали ќе биде или не крстен, обрежан, инициран или било што друго, а не тие обреди да служат за обележување и регрутирање. Не е човекот тој што треба да и припаѓа на религијата туку обратно. Ете ти си кажала дека припаѓаш на православна религија а на друга тема си пишала дека не веруваш во ѓавол... Тие две изјави ти се контрадикторни, а тоа затоа што за тебе и илјадници други религијата е само алатка за колективен идентитет, бренд за распознавање, етикета, ништо повеќе.
Лошо е. Религијата се користи како алатка за колективна идентификација, се сведува на традиција чија цел е да ги класифицира луѓето уште на возраст на која не се способни самите да одлучуваат. На тој начин се асимилира индивидуалното за сметка на колективното, се наметнуваат вредности и менталитет што не се производ на самостојно созревање и одлучување. Ти се лепи етикета и се очекува истата да ја носиш и да се идентификуваш со неа. Не е ни чудо што религиозната терминологија користи називи како ,,стадо", ,,пастири" и слично, затоа што човекот е сведен на стока што треба да се класифицира, преброи и обележи.Па тоа се мали деца како да одлучуваат,се разбира родителите одлучуваат тие не мислат лошо и нема ништо лошо детето да се биде крстено ама секој со своето мислење
Јас лично не гледам ама баш ништо толку лошо во крштевањето!? Незнам зошто толку бурно реагираш на тој чин..па тоа е само мало одмивање на бебето со вода и не му го одмиваат умот.Лошо е. Религијата се користи како алатка за колективна идентификација, се сведува на традиција чија цел е да ги класифицира луѓето уште на возраст на која не се способни самите да одлучуваат. На тој начин се асимилира индивидуалното за сметка на колективното, се наметнуваат вредности и менталитет што не се производ на самостојно созревање и одлучување. Ти се лепи етикета и се очекува истата да ја носиш и да се идентификуваш со неа. Не е ни чудо што религиозната терминологија користи називи како ,,стадо", ,,пастири" и слично, затоа што човекот е сведен на стока што треба да се класифицира, преброи и обележи.
Зошто со сила се правите мутави?! Зошто да не се чека тоа бебе или дете да одлучи само?! Може ќе сака да биде хиндус! Може ќе биде атеист, може ќе биде муслиман! Зошто да се наметнува религијата од таа возраст кога непостои интелектуален капацитет за самостојно одлучување? Не ти е ништо чудно тоа што една крштевка чини 50 евра? Што некој во целото ова перење мозоци гледа бизнис - потенцијални овци за стрижење?Јас лично не гледам ама баш ништо толку лошо во крштевањето!? Незнам зошто толку бурно реагираш на тој чин..па тоа е само мало одмивање на бебето со вода и не му го одмиваат умот.
Етикетирањето за кое велиш не му направило на никој досега проблем, лесно може ако сака да си ја "извади", а до ден денес немам слушнато дека некое дете им се налутило на своите родители зошто го крштевале а не го прашале.
Тоа дека поповите не стрижат нуларица знаеме сите, ништо ново..но ете останало така а и не гледам дека нешто ќе се смени, така да уште долго ќе не стрижат.Зошто со сила се правите мутави?! Зошто да не се чека тоа бебе или дете да одлучи само?! Може ќе сака да биде хиндус! Може ќе биде атеист, може ќе биде муслиман! Зошто да се наметнува религијата од таа возраст кога непостои интелектуален капацитет за самостојно одлучување? Не ти е ништо чудно тоа што една крштевка чини 50 евра? Што некој во целото ова перење мозоци гледа бизнис - потенцијални овци за стрижење?
Значи апсурд до апсурд ти е постов.... Си признаваш дека ве стрижат, ама неможело да се смени?! Зошто? Затоа што ,,така останало"?! Ај објасни ми зошто било подобро крштевање како бебе?! Страшно ме интересира!Тоа дека поповите не стрижат нуларица знаеме сите, ништо ново..но ете останало така а и не гледам дека нешто ќе се смени, така да уште долго ќе не стрижат.
Религија може да се смени, не е проблем и подобро е да се крсти додека е бебе отколку па кога ќе порасне да му текне да се ксрстева.
Тоа некако не ми иде во глава кога ги гледам секоја година на големо групно крштевање возрасни луѓе облечени во долги бели кошули, влезени во Треска а попот ги фаќа за глава и ги гњурнува во вода..е тоа ми е веќе смешно.