Крштевање на деца

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
крштевањето е свет чин и затоа треба да се крстат децата уште додека се бебиња, како не би дошло до недај боже никогаш на такви трагедии како горе поменатите и ред други работи кои тоа миење со света вода го прават тој чин убав.....Нели може кога ке достигнат зрелост и способност за размислување и определување да се откажат или преминат во друга вера!??
Тоа е религиски чин! А религијата треба да биде личен избор! Не наследен, не наметнат, не под присила! Изговорот дека било "за недај боже" е смешен! Веќе те прашав - каков е тој бог што би оставил бебе во пекол, затоа што не било крстено, сунетисано или што и да е било друго?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: poslusen and malo

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103

Богот не доаѓа на погреб..збориме за поповите и нивните пишани црковни закони.Во право си дека религијата треба да е личен избор, но и донесениот закон дека несмеам моето дете да го крстевам додека е мало ми личи на мешање во верата на луѓето, навлегување во најсветото нешто.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Богот не доаѓа на погреб..збориме за поповите и нивните пишани црковни закони.Во право си дека религијата треба да е личен избор, но и донесениот закон дека несмеам моето дете да го крстевам додека е мало ми личи на мешање во верата на луѓето, навлегување во најсветото нешто.
Па тогаш зошто да не им отвораме и партиски книшки? Што ако за некого да се биде вмро-вец или сдсм-овец е света работа?
Што има комплицирано за да се разбере? Религија и политика не се за деца! А тоа подразбира и активности и обреди што се од тој карактер! Ако го почитуваш и сакаш своето дете, тогаш ќе му дозволиш само да одлучи што ќе биде, во што ќе верува и каде ќе припаѓа. Да сакаш некого значи да го прифатиш каков што е, а не да го претвориш во она во што ти си зацртал дека треба да биде!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: poslusen, malo and Idiot

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Па тогаш зошто да не им отвораме и партиски книшки? Што ако за некого да се биде вмро-вец или сдсм-овец е света работа?
Што има комплицирано за да се разбере? Религија и политика не се за деца! А тоа подразбира и активности и обреди што се од тој карактер! Ако го почитуваш и сакаш своето дете, тогаш ќе му дозволиш само да одлучи што ќе биде, во што ќе верува и каде ќе припаѓа. Да сакаш некого значи да го прифатиш каков што е, а не да го претвориш во она во што ти си зацртал дека треба да биде!
Да се разбереме, за тебе овој закон што ќе се донесе е исправен, така барем те разбрав, а за мене е чудна одлука со која повторно христијанството го ставаат на тапет. Повторувам пак, ваква одлука нека биде донесена и за муслиманките деца, исто и кај нив слободната воља да не биде занемарена..ама таму во муслиманството не смеат А да кажат оти знаат каква побуна ќе настане додека ние христијаните сме тутурутки...
Оваа одлука по мене е навреда за родителите, навлегување во правата на родителот кон сопственото дете, превземање на нивното право за воспитување од страна на државата...Дали е детето крстено или не, битно е кај расте, со какви религиски убедувања и верски обичаи ќе се развива и што ќе осознава..и сега што ќе биде, двајца родители верници, крстени, треба да чекаат 18 год да направи нивното дете па потоа да го прашаат да се произнесе и одбере дали сака да го крштеват, да биде христијанин или атеист или нешто сосема друго.....
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Религијата е избор, не смее да биде наметната. Крај на муабетот.
Зарем ке дозволиш тебе држава да ти кажува што да правиш со своето дете!??
Кога ке фарбате дома јајца за велигден или ке кршите паричка за бадник, децата некрстени ќе ги тргнете у друга соба и нема да учествуваат во верските адети до 18 год.!?????
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com

А зошто ти да му кажуваш на детето во што да верува? И без да го крстиш, можеш да му објаснуваш за религии, адети итн. Тоа никој не ти го брани, но можеш да му оставиш на детето само да се пронајде, само да одбере дали ќе верува во било која религија. Доколку го одбере христијанството, може да се крсти; доколку е крстен како бебе, а понатаму не верува, тогаш нема враќање назад, веќе е крстен (против негова воља).

Нема да ги правам сите христијански адети бидејќи не сум христијанин.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
А зошто ти да му кажуваш на детето во што да верува? И без да го крстиш, можеш да му објаснуваш за религии, адети итн. Тоа никој не ти го брани, но можеш да му оставиш на детето само да се пронајде, само да одбере дали ќе верува во било која религија. Доколку го одбере христијанството, може да се крсти; доколку е крстен како бебе, а понатаму не верува, тогаш нема враќање назад, веќе е крстен (против негова воља).

Нема да ги правам сите христијански адети бидејќи не сум христијанин.
Двајца родители со христијанска вероисповест треба да го одгледуваат детето со тој дух..кога ке порасне нека смени вера ако не му се допаѓа "наметната верa", ама дали знаеш што ќе значи тоа за родителот, исто како нож у грб да му забиле!??
Мое дете да сака да смени вера, тоа ќе биде шок за цела фамилија, инфаркти за сите....не е така лесно ова прашање, затоа и законот не ми се допаѓа.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Двајца родители со христијанска вероисповест треба да го одгледуваат детето со тој дух..кога ке порасне нека смени вера ако не му се допаѓа "наметната верa", ама дали знаеш што ќе значи тоа за родителот, исто како нож у грб да му забиле!??
Мое дете да сака да смени вера, тоа ќе биде шок за цела фамилија, инфаркти за сите....не е така лесно ова прашање, затоа и законот не ми се допаѓа.

Може да смени вера, но не може да го "избрише" крштевањето. На пример, едно дете е крстено кога било бебе, наметнато му е христијанството. Тоа дете пораснува и е атеист, односно не верува во ниту една вера. Не сака да смени вера, едноставно не е религиозен, а сепак поради родителите кои го крстиле кога бил бебе, припаѓа на христијанството. Токму поради тоа не треба да се крштеваат бебињата.
 
EmilijaS

Староседелец
20 јануари 2016
65
39
1,028
28
Да бев прашана порано ќе бев строго против крштевање на деца, пред тие да можат да одберат, ама сега знам дека родителот сепак има извесно право врз детето и секогаш ќе сака неговите верувања да му ги наметни нему. Се прават многу работи против човековите права и мислам дека прво треба да се средат тие, па потоа да се мешаат прстите во религијата на луѓето зошто таму има долговечна традиција. Исправно или не, луѓето веруваат во тоа, сакаат да го прават. Некои живеат да направат голема свадба, традиционална и сите деца да ги крстат на првиот роденден. Сметаат дека тоа е најисправно за нивното дете и мислам дека ако некој реши да биди атеист на пример, можи целосно да го занемари крштевањето или подрежувањето зошто тој не верува во ништо од тоа па од тој аспект не би требало да има никаков проблем.
Како и да е, мал број на луѓе на постара возраст сами би одлучиле да одат да се крстат себеси, а одат во црква, ги крштеваат своите деца и мислам дека затоа остана таа традиција да се крштеваат додека се деца.
Сепак, мислам дека е прерано законот да се меша во религијата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija