Проблемот е што не готвам по рецепти и ретко памтам што точно имам ставено или на кој точно начин сум подготвила нешто. Најчесто експериментирам, си играм, секогаш е во различен размер и затоа е малку тешко да се запише целиот тој процес во еден рецепт. Рецептите кои ги има на интернет пак или се многу слапи или содржат намирници кои не се лесно достапни кај нас и избегавам да ги читам, затоа и не ги постирам тука.абе @malo пишувај почесто конкретни рецепти, така многу повеќе влијание има, одошто тие други нападни текстови. ете откако ја отвори таа темата за дива храна секој ден зјапан шо имам низ дворов. И годинава има многу темјанушки, знам дека се многу лековити ама никогаш не сум се осудила да ги јадам или да правам чај. Шо знам, никој од моите доесга не ги користел и мене ми е некако страв. Ги гледам на фотографии, ми се гледаат исти, ама пак ми е шубе. Ај после ќе ги сликам, па ќе ми кажеш дали се тие безбедните или некоја друга сорта.
Во темата за дива храна имам уште многу да пишувам, ама ми треба време за да пронајдам слики на интернет бидејки на многу од тревките што се јадат не им го знам името, па морам и јас да се распрашувам.