А што се нервираш не ми е јасно само, Селено, па вие ми викаш, што се палиш толку? Удрив некој нерв или што е работава? И не ми викај жено, стара се осеќам, а не сум толку (I think)
Again, ми викаш дека сум полна со омраза, јас омраза не посеав никаде во постовиве мои, напротив ти со ова што ме сметаш за пониска од коњ покажуваш колку си ти полн со омраза и колку ти вреди човечкиот живот. Dare I say, ако ова ти е ниско интелегентна дебата, слободно не ми реплицирај де, ама некако како во круг да се вртиш.
Да, некои од нас одбрале потежок пат, кај што се работи голем дел од денот, не можеме сите само да уживаме. А и очигледно кога уживаме треба да се извинуваме пошто ви се роне бисер одма и ви паѓа носот ако некој не ужива како што ти си замислил.
Ако за тебе ова е најголемото зло, не коментирам повеќе. За мене има многу поголеми зла, ones including humans life for example.
А ти мислиш јас тоа го правам за компензација? Демек на вага ставам? А олку сработив, олку можам да "ждерам"? Поентата ми беше дека за помош не се помага само на Божиќ и ако се пробуваш да ме направиш да се чувствувам лошо оти сум си дозволила на тој ден ете да се најадам како ми е ќеф нема да ти успее. Јас колку и да сум желна да помогнам секому, факт е дека не можам, а кога можам го правам тоа, не оти после ми следува награда ждерење, туку оти така сакам. Да помогнам едноставно.
И не дека религијата ме учи така, еволуцијата ме создала омнивор, а многу и од животните се исто омнивори. Што правиме со лавовите, орлите, мечките? Свесен си дека тие јадат други животни така? Еволуциски имаат така создадени вилици и заби, предните заби и очњаците им се специјално дизајнирани за да го кинат пленот. Исто и кај луѓето, очњаците се создадени за да се раскине жилавата храна. И заради тоа што се јаде се повеќе меко и рафинириано се смалуваат вилиците, затоа и многу луѓе немаат место за умниците. Баш имам читано дека претците имале уште повеќе заби, али еволуциски се намалиле. За религијата до утре може да си се расправаме, ама еволуцијата не можеш да ја негираш. И пола од тие животни се хранат со други животни. Нели?
Значи не е религиски тоа што јас месо јадам, апсолутно, туку јадам оти тоа ми се јаде. Ете, толку е едноставно.
И again, не ми зборувај дека сум полна со омраза, кога ти јавно ги хејташ сите од администрацијава, фрлаш отровни стрели кон пола членови, да не те цитирам сега, свесен си. Ем сакаш да глумиш поеволуирано човечко битие од нас "ждерачиве", ем излегува онаа најпримитивната зелена карактеристика на човекот, омразата. Ако веќе тврдиш дека си ја нашол смислата на животот и дека уживаш секој ден во некоја благосостојба, тогаш не плачи по пола постови дека администрацијата не чини, вакви или такви биле. Уживај си во зенот, нели. Оти вака кога кажуваш колку си ти благословен, полн со љубов и дека сакаш само добро за светот, а се служиш со ниски удари како тоа дека вредам помалку од коњ, сам си си контрадикторен.
Ајде поздрав и секое добро