Религијата е вистинска или не?

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Значи вака ко ќе одлепите нешто што пркоси на логика и здрав разум ми се темни пред очи, ми се прави epic facepalm.
Не брзај да судиш работи што не ги разбираш. Си ги читал ли Спиноза, Кант, Хегел, Лајбниц, Чалмерс? Или мислиш дека и тие се без здрав разум? Знаеш ли што е пантеистички концепт за Бог? Знаеш ли што е панпсихизам?
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Ако нема концепт за одвоеност како може да постои давање? Сонцето дава светлина, бидејќи е одвоено од објектите што ги осветлува. Јас зборувам за метафизички концепти, што им предходат на физичките. Значи кога се е Едно, концептот на одвоеност сеуште не постои, без него се невозможни ни концептите како љубов. Тука настанува ,,Јас" (Егото), првиот акт на манифестирање, првиот концепт, тогаш се раѓа дуалноста и се отвара вратата за создавање на материјалниот свет. Суетата е само особина на Егото, каде тоа се перцепира како најбитно, највредно, најсуштинско, притоа неуспевајќи да Разбере дека постојат безброј негови варијанти што се подеднакво битни..
Не , Abraxas не може егото да биде причина за поделбите,тоа се појавува многу покасно кога единката станува свесно за своето постоење,но предходно има други промени во кој постои дуалност,а не постои его.Прати го растот на дете и кажи во кој период од своите промени се појавува егото?

Јас така гледам на суетата, како спротивност на Љубовта, бидејќи е свртена кон себе, таа е особина со која Егото се гледа себе си како единствен приоритет.
Во ред, твоето его е поголемо..нека ти биде така!:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Не , Abraxas не може егото да биде причина за поделбите,тоа се појавува многу покасно кога единката станува свесно за своето постоење,но предходно има други промени во кој постои дуалност,а не постои его.Прати го растот на дете и кажи во кој период од своите промени се појавува егото?

Во ред, твоето его е поголемо..нека ти биде така!:D
Не се разбираме, џабе.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Џабе!? :(
Суетен заклучок на егото,кое е негова особина,спротивна на љубовта!;)
Не бе друже, нема врска со суета, не се разбираме. Ти мислиш дека ти зборувам за его во човечки контекст, а не зборам за тоа.
Поентата беше во метафизичка смисла, ете ако јазикот е бариера, наречи го поинаку, немора Его да го викаме, еве нека биде едноставно - првиот концепт на дуалноста, првиот концепт за одвоеноста. Без него неможе да постои одвоеност, без одвоеност неможе да постои ни љубов, ни омраза, ни суета, ни луѓе, ни сонце, ни давање.
Ако влегуваш во дијалог за да докажеш дека ти си во право по секоја цена, тогаш нека ти биде, тоа е особина на суетата. Јас сакам дијалог во кој секој ќе се обиде да ја свати гледната точка на другиот, а не да му докажува дека баш неговата е единствено точна.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Не бе друже, нема врска со суета, не се разбираме. Ти мислиш дека ти зборувам за его во човечки контекст, а не зборам за тоа.
Поентата беше во метафизичка смисла,
ете ако јазикот е бариера, наречи го поинаку, немора Его да го викаме, еве нека биде едноставно - првиот концепт на дуалноста, првиот концепт за одвоеноста. Без него неможе да постои одвоеност, без одвоеност неможе да постои ни љубов, ни омраза, ни суета, ни луѓе, ни сонце, ни давање.
Ако влегуваш во дијалог за да докажеш дека ти си во право по секоја цена, тогаш нека ти биде, тоа е особина на суетата. Јас сакам дијалог во кој секој ќе се обиде да ја свати гледната точка на другиот, а не да му докажува дека баш неговата е единствено точна.
Abraxas , вака-така стигнавме до вонземјаните.
Еве што кажа на друго место!
Библијата е алегориска книга, сите ликови што ги има таму се во тебе самата. Ако ја толкуваш буквално, си ја утнала поентата, и ѓаволот и Бог и ангелите и демоните и рајот и пеколот се во тебе.
За какво друго его би зборувале ,ако не за тоа што е во човечко доживување? Сигурно не би збореле за его на некој марсовци.
Ете и ти самиот кажуваш дека сите ликови се содржани во самиот човек,ти поставив прашање во кој периот од развојот на човекот од бебе до старец се појавува егото?Дади одговор на тоа прашање, само по себе ќе си дојде одговорот дека при создавањето на дуалноста и поделбите кој произлегуваат од тоа, егото покасно се појавува.
Види и во битие,што прво се создава како спротивности,и самиот види во кој ден е создаден човекот,а со тоа и егото.
Не сакам да докажам ништо, имаме спротиставени ставови,јас ти посочувам конкретни внатрешно доживеани промени кој се идентични со секој човек, а ти ми зборуваш за некое его од некој марсовци.

Има ли бебето его?Самото негово постоење шири/дава љубов,не залудно родителите ги викаат своите деца,СОНЦЕ МОЕ.
Едноставен пример кој ја побива твојата теза дека без его не може да постои љубов.
Преиспитај го тој став, с'е е внатре,истражи и оди толку далеку додека не се изгуби егото,и ќе видиш.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Abraxas , вака-така стигнавме до вонземјаните.
Еве што кажа на друго место!

За какво друго его би зборувале ,ако не за тоа што е во човечко доживување?
Принципите на макрокосмосот се содржани во микрокосмосот, креаторот е суштината која се наоѓа во секоја негова креација. Царството божје е во вас велеше Исус нели? Пробај да ја најдеш книгата ,,Холографски универзум" од Мајкл Талбот, одлична книга, ќе ти ја разреши дилемава во врска со ова.
Во херметизмот едно од фундаменталните правила гласи: ,,Како горе така долу, како внатре така надвор". И тој концепт е присутен насекаде низ универзумот. Денес може да земат една единствена твоја клетка и да направат копија на тебе - клон. :) Бидејќи целината се содржи во секој нејзин дел.
И да, бебето има его, дури и бактеријата има его, секое живо битие што прави дистинкција помеѓу себе и остатокот од реалноста има его - чувство на ,,Јас" и нешто кое не е ,,Јас".
 
Не мора да ми веруваш мене, игуглај за Зигмун Фројд и трите етапи од развојот на личност. Ид (она) ,Его ,суперего.
Прочитај , па после ќе збориме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Не мора да ми веруваш мене, игуглај за Зигмун Фројд и трите етапи од развојот на личност. Ид (она) ,Его ,суперего.
Прочитај , па после ќе збориме.
Ама јас не зборувам за личност, не зборувам за психологија! Ти реков, немора да го викаме Его, не се работи за психолошки концепт, туку за метафизички. Не ме разбираш, залудно дискутираме. Пробај најди ја книгава што ти ја препорачав, па можеби ќе имаш претстава за што зборувам. Не се работи за тоа дали ти верувам или не.
 
Последна промена: