Принципите на макрокосмосот се содржани во микрокосмосот, креаторот е суштината која се наоѓа во секоја негова креација. Царството божје е во вас велеше Исус нели? Пробај да ја најдеш книгата ,,Холографски универзум" од Мајкл Талбот, одлична книга, ќе ти ја разреши дилемава во врска со ова.
Во херметизмот едно од фундаменталните правила гласи: ,,Како горе така долу, како внатре така надвор". И тој концепт е присутен насекаде низ универзумот. Денес може да земат една единствена твоја клетка и да направат копија на тебе - клон.
Бидејќи целината се содржи во секој нејзин дел.
И да, бебето има его, дури и бактеријата има его, секое живо битие што прави дистинкција помеѓу себе и остатокот од реалноста има его - чувство на ,,Јас" и нешто кое не е ,,Јас".