Кога си дојдов дома, онака со пукната глава од човечки глупости ми текна да си го пуштам Моби.
Човече, каков музичар. Искрено јас не сум од оние кои ја познаваат музиката апсолутно и живеат со неа, ама си имам некој мој стил кој си го слушам и мислам дека убаво знам за него. Моби ме опушта максимално. Би можела да седам и цел ден да го слушам, перфекција ми е неговата музика.
Реков ај да прочитам нешто повеќе за него, како што читам, така се повеќе го засакувам не само како музичар, туку и како личност. Освен што држи ресторан од чијшто цело време донира пари за организации за заштита на животните, донира и во организации што се борат со проблематика како ХИВ, рак, образование, луѓе кои се борат со PTSD и уште многу други.
Многу ми е криво што е многу потценет и што она што го прави тој не се слуша толку многу, ама па од друга страна (колку и хипстерски да ми звучи муабетов), мило ми е што не го слушаат нафурани личности кои се преправаат дека сакаат музика, а уствари пратат тренд.
Ја ставам и овде, пошто е совршенство. Оваа и everloving ми се најдобри, не можам да се одлучам која ми е поубава, али сепак нека оди оваа.
немам зборови колку е добар.