Сакам да кажам/Сакам да прашам

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Скопје радост ти ќе бидеш
f5c10c391829b2e8c680101755480c77_400x400.jpeg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pisces

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
СДП дали некој знае колку е профитабилно да се отвори кафич?
Колку треба финансии од старт за истиот?
Сакам под кирија да изнајмам простор, веќе има се од потребен инвентар така да тука немам трошоци.
Ме интересира како оди ова со субвенции од владата, кои се условите и каде да се информирам.
Било што да знаете околу ова кажувајте, па ако бидне некогаш работата имате по едно кафе гратис.:D
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy

Од филозофска гледна точка, како и тоа што имам чуено од страна вака муабети, неисплатливо е. Голем дел (да не речам 100%) од кафичите што се отворени на своја сопствена кожа со вложен капитал од еден човек - макар и што е субвенција), по 2 до 3 месеци кафичот бил затворен. Оние кои се отворени со побратимени сили имаат некоја шанса плус, но ако е за центар на градот, неисплатлива инвестиција е, дури и на долги стази. Имаш огромна конкуренција, башка тука ти се големи имиња зад кои стои прљава пара. Ако ти е за некое мало пријатно местенце во маало, може да тераш некако, но пак ќе кажам ако се здружиш со некој па заедно направите нешто, секако предтоа ако сериозно напраиш истражување на пазарот во околината каде сакаш да отвориш. Колку и како чини, знам еднаш кога отидов во заводот за вработување држеа предавање, и замисли као успех ни дрндаа дека било позитивно ако фирмата не работела со загуба туку со 0% профит. Сеа од тоа можеш да заклучиш со какви субвенционери си имаме работа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
@Saladin уште не сум разгледувала места, едно ми се виде привлечно што го издаваа во чаршијата.
Е сега не очекувам јас од старт да има профит ама барем да не бидам прво време во загуба дур се разработи.
Капитал од државата колку можам да земам и нешто кредити сакам ама страв ми е пак да не заглавам па после оди оправи се.
Не знам како идат давачките кон државата, колку месечно тие би ме коштале и каде да најдам некој кој може да ми помогне или изработи бизнис план. Не се разбирам ама ич од тоа. Отсекогаш сум сакала кафич да држам и го имам тоа подолго време на ум само во нашава ни држава со инспекции кои фрчат на сите страни и ти бараат игла во сено не знам колку е тоа паметно.
 
Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Кафич братче мое да отвориш треба да имаш луѓе кој работат дискотеки или ресторани ,а твој блиски другари ,тогаш целиот процес оди со препорака , инвестиција нормално испод 15 не размислувај , збориме за кафич во стил на Ревија , Река , Гет ,Пошта итн , мада 2те Пошти се направенио со малку пари ..
За локал и профит со кој ќе можеш да ппокриеш се треба да направиш ИМЕ што е многу теско без шема мема да не се лажеме и доста труд , а за локал кој ке ти биде лабав и да си вадис платиче некое од 20 илјади мислам дека чаршија е баш убаво ...
Ако има желба за во Чаршија поготово или кај и да е пишете ќе спржиме нешто ;):cool: ќе помогнеме де
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
@Saladin уште не сум разгледувала места, едно ми се виде привлечно што го издаваа во чаршијата.
Е сега не очекувам јас од старт да има профит ама барем да не бидам прво време во загуба дур се разработи.
Капитал од државата колку можам да земам и нешто кредити сакам ама страв ми е пак да не заглавам па после оди оправи се.
Не знам како идат давачките кон државата, колку месечно тие би ме коштале и каде да најдам некој кој може да ми помогне или изработи бизнис план. Не се разбирам ама ич од тоа. Отсекогаш сум сакала кафич да држам и го имам тоа подолго време на ум само во нашава ни држава со инспекции кои фрчат на сите страни и ти бараат игла во сено не знам колку е тоа паметно.
Обрати пажња на болдов.
Освен ако не се знаеш со циле, миле, со инспекции ќе се бафташ (иако малку подоцна, откако бизнисот би ти се размрдал и би станал добра конкуренција на одредени соседни кафулиња). Чаршија па посебно како што ја знаеме поделена во бизнисот.... ќе бидеш лесна мека за таквите диносауруси заседнати во тие локации.
Мораш да имаш некој кој ќе има добро познавање на бизнис план, во спротива, и да ти оди лесно, ако немаш некој таков, брзата пара што би ја стекнала уште побрзо ќе ја потрошиш.
Секако дека почетокот е тежок, добро би било и со 0% заработка бар за 2-3 месеци да кубуриш за да после тоа ти се вивне бизнисот нагоре. Но за жал, често не е баш така туку спротивното. И пак ќе повторам, подобро е да имаш некоја збратимена сила во која имаш поверење а и самата ако си фер играч, шансите ти се доста посигурни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Саладин па не отвора Холдинг па бизнис планови па нез што ..
20 локали знам и како газдите функционираат,а 15 ми се другари ..
Нема потреба да се заглавува со пари и да и бае некој со цртежи и планови некој што врска нема , имено треба да седне и да се консултира за детали и други работи кој би и го расветлиле целиот тој процес ,она си знае што сака ,само да не ја наведе некој да оди во агенција да бара локал ..