Телема

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Кога би имал такво дете, ќе му објаснам кралски што значи Телема кога си роб :)
Мислам дека веднаш ќе сака да биде Телемит... :cool:

Но муабетот е фантазија, кога би... а јас ти велам дека тоа слабо кај родители што знаат за Телема и ја практикуваат во животот...
Незнам сега дали твојот одговор да го сфатам како демек децата на Телемитите се умни и никогаш не влегуваат во пороци, се разбира благодарение на доброто воспитување од родителите??
Сакам и јас да бидам телемит ако е така како што кажуваш ти:)
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ако само заради тоа сакаш да бидеш Телемит, оди подобро запознај се со Законот на Телема...
Велиш си читала за Телема на форуми... не, земи книги.
Форумите не се никаква вредност од каде би научила било што... тука ќе најдеш само нафрлани скратени изрази кои поеќе ќе те збунат отколку што ќе ти разјаснат нешто ако не си запознаена со хиероглифите од системот.

Ете како сега, во однос на овие прашања...
Да знаеш што значи Телемит и родител - ќе знаеш што зборувам. Вака, се ќе биде, ако би што тогаш... :)

П.С. Ете и [линк] до есејот за едукација на децата.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
https://heptagramxi.wordpress.com/666-2/
Во Кабалата 666 е број на:

  • Духот на Сонцето Сорат SVRTh = 666 (S=60, V = 6, R = 200, Th = 400)
  • ANKH-AF-NA-KHONSV(T) = 666 (Име на Египетски Свештеник, кој бил поранешна инкарнација на Кроули.
  • NVThIRV (Нутеру = Богови) = 666
  • Името Исус на хебрејски ShM IHShVH ( שמ יהשוה ) има вредност 666

Телемити ако може едно објаснување,според вас,Кроули и Исус имаат иста вредност 666,а толку разлика во нивната духовност.
Сте ги помешале лончињата или ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net

Исус може да има различно значење дури и помеѓу самите христијани а камоли помеѓу другите. Разликата секогаш е во перспективата преку која се формира одредена слика или разбирање, суштината не подлежи на тоа. Исус никој од сегашниве живи луѓе не го познавал, како може да знае каква била неговата духовност? Преку интерпретацијата на безбројните цркви и секти? Слично е и со Кроули. Денешната "слика" за Кроули е дека тој бил чудак, лудак, сатанист, наркоман и што уште не. Но дали тоа е реалната слика за него? Еве што вели Кроули во книгата на рамнотежата:

20. Во вистинската религија нема секти затоа пази да не го колнеш името под кое другите го знаат својот Бог; зошто ако го правиш тоа на Јупитер, ти ќе го колнеш י ה ו ה , а во Озирис י ה ש ו ה . Прашај и ќе имаш! Барај и ќе најдеш! Тропни и ќе ти се отвори!

Гематријата не е роб на човечките стереотипи, таа ја посочува поврзаноста помеѓу суштината, не помеѓу формата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не е ништо збркано, ниту лончиња ниту било што друго... само малку повеќе знаеме за кабала и езотерија воопшто.

Уште некои зборови што имаат иста вредност како Сорат. :)

@Abraxas, се додека не ја прочитаат Магика (Книга 4), Исповедите на Кроули, како и Еквиноксите - не верувам дека некој ќе има друго мислење за Кроули освен она што е собрано од таблоиди и мали есеи по веб страници!
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Исус може да има различно значење дури и помеѓу самите христијани а камоли помеѓу другите. Разликата секогаш е во перспективата преку која се формира одредена слика или разбирање, суштината не подлежи на тоа. Исус никој од сегашниве живи луѓе не го познавал, како може да знае каква била неговата духовност? Преку интерпретацијата на безбројните цркви и секти? Слично е и со Кроули. Денешната "слика" за Кроули е дека тој бил чудак, лудак, сатанист, наркоман и што уште не. Но дали тоа е реалната слика за него? Еве што вели Кроули во книгата на рамнотежата:

20. Во вистинската религија нема секти затоа пази да не го колнеш името под кое другите го знаат својот Бог; зошто ако го правиш тоа на Јупитер, ти ќе го колнеш י ה ו ה , а во Озирис י ה ש ו ה . Прашај и ќе имаш! Барај и ќе најдеш! Тропни и ќе ти се отвори!

Гематријата не е роб на човечките стереотипи, таа ја посочува поврзаноста помеѓу суштината, не помеѓу формата.

Доволно е да се споредат двата правци за да се видат разликите.
Христијанство- Исус
Љуби го ближниот, заврти го другиот образ, постојат грешни за кој се принесува себеси како жртва
Додека Телема - Кроули Прави што ти е воља и тоа нека биде целиот закон, нема жртви,грев-промашување

Имаш огромна разлика во суштината на проповедање и тоа ќе даде различни правци,а го поистоветувате дека позади симболот за 666 се кријат тие ликови.
Овае само пуста желба да се поврзе името на Кроули како некоја важна фигура за да се даде на тежина на неговото учење со Исусовото.

Незнам дали да кажам верувате или знаете,бидејќи Телама не се темели на верување,но нема како поинаку да го поставам прашањето.
Верувате во ова? ANKH-AF-NA-KHONSV(T) = 666 (Име на Египетски Свештеник, кој бил поранешна инкарнација на Кроули.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Доволно е да се споредат двата правци за да се видат разликите.
Христијанство- Исус
Љуби го ближниот, заврти го другиот образ, постојат грешни за кој се принесува себеси како жртва
Додека Телема - Кроули Прави што ти е воља и тоа нека биде целиот закон, нема жртви,грев-промашување

Имаш огромна разлика во суштината на проповедање и тоа ќе даде различни правци,а го поистоветувате дека позади симболот за 666 се кријат тие ликови.
Овае само пуста желба да се поврзе името на Кроули како некоја важна фигура за да се даде на тежина на неговото учење со Исусовото.
Не би рекол дека тоа е направено со намера да се поврзе Кроули со Исус... Кроули не се иденфификувал баш со него.
Плус, далеку пред Кроули, авторот на откровението би требало да знае дека името на тогашниот римски император - Нерон има вредност 666, исто како што би требало да знаел дека и името на Исус има вредност 666.
Гематријата може да посочи на одредена поврзаност помеѓу поимите, но тоа незначи дека поврзаноста мора да биде сличност или складност во карактер, намена и слично.
Незнам дали да кажам верувате или знаете,бидејќи Телама не се темели на верување,но нема како поинаку да го поставам прашањето.
Верувате во ова? ANKH-AF-NA-KHONSV(T) = 666 (Име на Египетски Свештеник, кој бил поранешна инкарнација на Кроули.
Ако се е дел од Бог, тогаш смртта може да се види и на тој начин...како "враќање" во изворот каде стануваме дел од Се и потоа повторно се раѓаме. На тој начин, нашата суштина или битие е дел од суштината на било кое друго битие што постоело и ќе постои. Ако успееш да продреш до таму, тогаш сопственото себство можеш да го видиш како било која личност што некогаш живеела, а тоа многумина го нарекуваат реинкарнација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
@Abraxas, се додека не ја прочитаат Магика (Книга 4), Исповедите на Кроули, како и Еквиноксите - не верувам дека некој ќе има друго мислење за Кроули освен она што е собрано од таблоиди и мали есеи по веб страници!
Се надевам ќе ја завршиме до наредниот саем.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Не би рекол дека тоа е направено со намера да се поврзе Кроули со Исус... Кроули не се иденфификувал баш со него.
Плус, далеку пред Кроули, авторот на откровението би требало да знае дека името на тогашниот римски император - Нерон има вредност 666, исто како што би требало да знаел дека и името на Исус има вредност 666.
Гематријата може да посочи на одредена поврзаност помеѓу поимите, но тоа незначи дека поврзаноста мора да биде сличност или складност во карактер, намена и слично.
Не се работи само за поклопување на 666 со нечие име туку има нешто многу повеќе од тоа.
Да одиме со ред.
Целиот текст од откровение 13
1.Змејот застана на морскиот брег. Потоа забележав како од морето излегува еден Ѕвер со десет рогови и седум глави. На секој од десетте рогови носеше круна, а на секоја глава носеше натписи со богохулни имиња.
2.Ѕверот имаше тело како од леопард, нозе како од мечка, а уста како од лав. Змејот му ги предаде на Ѕверот својата моќ, својот престол и својата голема власт.
3.Забележав дека една од главите на Ѕверот му беше смртоносно ранета. Но смртоносната рана му зарасна и сите жители на Земјата се занесоа по Ѕверот:
4.Тие почнаа да го обожаваат Ѕверот и да му се клањаат на Змејот што му ја беше дал сета своја власт на Ѕверот. Му се клањаа и на Ѕверот и говореа: „Кој е како Ѕверот и кој може да му се противстави!?“
5.На Ѕверот му беше дозволено да се нафрли и да Го навредува Бога, и да владее четириесет и два месеци.
6.Тогаш Ѕверот отвори уста и почна да Го навредува Бога, да ги хули Неговото име, Неговото живеалиште, како и небесните жители.
7.На Ѕверот му беше дозволено да војува против Божјите луѓе и да ги надвие. Му беше дадена власт над секое племе, народ, јазик и раса.
8.На Ѕверот ќе му се поклонуваат сите оние жители на Земјата чии имиња уште пред создавањето на светот не се запишани во Книгата на животот што Му припаѓа на Јагнето, Кое беше убиено.
9.Ако имате слух - слушајте!
10.Кој е определен за ропство - ќе падне во ропство; кој е определен да загине од меч - ќе загине од меч! А Божјите луѓе се повикани на трпеливост и верност!
11.Потоа видов и втор Ѕвер. Тој излегуваше од Земјата. Имаше два рога како јагне, но зборуваше со глас на змеј.
12.Овој Ѕвер е во служба на првиот Ѕвер, кој имаше смртоносна рана што му зарасна. Тој ќе ја користи сета своја власт да ги натера сите луѓе на Земјата да му се клањаат на првиот Ѕвер.
13.Притоа, тој ќе извршува и големи чуда; ќе направи дури и оган од небото да паѓа, пред очите на луѓето.
14.Целта на вториот Ѕвер е да ги заведе луѓето на Земјата, со чудата што ќе ги извршува. Тој ќе ги убеди луѓето да му направат икона на Ѕверот што беше смртно ранет со меч, но преживеа.
15.Нему ќе му биде дозволено да внесе живот во иконата, која ќе проговори и ќе ги убива сите што нема да му се клањаат на Ѕверот.
16.Тој ќе ги принуди сите луѓе - мали и големи, богати и сиромаси, слободни или робови - да бидат обележени на десната рака или на челото.
17.Без тој белег никој не ќе може ништо да купува или да продава. Белегот ќе биде името на Ѕверот или бројот што ќе го претставува неговото име.
18.Потребна е мудрост за да се разбере ова. Тој што е прониклив, ќе може да го открие значењето на бројот на Ѕверот. Бројот се однесува на човек и изнесува 666.

(незнам преводот дали е најсоодветен,ама ќе заврши работа)
Имаме две спротивно преставени поими ѕвер - човек,каде од едниот се пресметува другиот поим.
Ова што ќе го кажам е само мое толкување што не мора да биде прифатено за точно.
666 кој е број на човек се разликува од ѕверот по начинот на репродукција.Човек (666) својата репродукција ја темели на самосебе создавање преку "матката" (време) во која семето е духвност со дадени закони и морални вредности на правила(духовно соединување) преку кој самиот себе ќе се создаде,додека ѕверот својата репродукција ја темели на телесни соединувања (два ѕвера излегуваат од морето) едниот кој има десет рога (прстите на рацете со круни-прстени) и седум глави (периоди од бебе до старец),додека вториот ѕвер е жена која има два рога како кај јагне (градите).
И едното и другото е човек,но на различен начин се создава и раѓа.
Кроули може сакал да создаде матка и во неа да исфрли духовно семе затоа и сакал да се поистовети неговото име со 666 преку некој си Египетски свештеник.
Нешто погрешил,"децата" не му живеаат!
http://www.vesti.rs/Hronika/Verske-sekte-uzimaju-danak-u-krvi.html

"Ja sam Alister Krouli", doviknuo je policajcima koji su opkolili kuću. Krouli je jedan od idejnih vođa "Ordo templi orijentisa", okulističke i crnomagijske grupe zasnovane na učenju engleskog sataniste čije je magijsko ime bilo "Velika zver 666".

Ако се е дел од Бог, тогаш смртта може да се види и на тој начин...како "враќање" во изворот каде стануваме дел од Се и потоа повторно се раѓаме. На тој начин, нашата суштина или битие е дел од суштината на било кое друго битие што постоело и ќе постои. Ако успееш да продреш до таму, тогаш сопственото себство можеш да го видиш како било која личност што некогаш живеела, а тоа многумина го нарекуваат реинкарнација.
Јас пак да прашам,како знаете дека токму тој свештеник е поранешна реинкарнација на Кроули,тој ви кажа?
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Нешто погрешил,"децата" не му живеаат!
http://www.vesti.rs/Hronika/Verske-sekte-uzimaju-danak-u-krvi.html

"Ja sam Alister Krouli", doviknuo je policajcima koji su opkolili kuću. Krouli je jedan od idejnih vođa "Ordo templi orijentisa", okulističke i crnomagijske grupe zasnovane na učenju engleskog sataniste čije je magijsko ime bilo "Velika zver 666".
Во случајов ти грешиш. Конкретниов лик е "дете" на Кроули, колку јас што сум дете на Елизабета втора. Неможе секоја будала што ќе реши да се повикува на Кроули да ја поврзуваш со неговите симболи, замисли и дела. Конкретниот лик никогаш не бил член на ОТО, целиот текст е лошо скоцкана бљувотина од некој третокласен таблоид.
За остатокот од постов, се до овој дел, можам слободно да кажам дека не е далеку од суштината. Во кредото од гностичката миса, Бабалон се споменува како утроба во која сите сме зачнати и во која сите ќе се упокоиме.
Јас пак да прашам,како знаете дека токму тој свештеник е поранешна реинкарнација на Кроули,тој ви кажа?
Не знаеме, и не е воопшто битно тоа. Веќе кажав, залудно е да се обидуваш да разбереш нешто поврзано со смртта, ако првин не ја разбереш смртта. Тоа е како да се обидуваш да пишуваш пред да ги научиш буквите. Кога ќе сватиш дека смртта е другата "страна на паричката", тогаш ќе знаеш дека е можно да се сетиш на било кој живот како да бил твој, тоа е идентично со идејата за реинкарнација.
Што значи, не е поентата дали ќе му веруваш на Кроули и дали ќе знаеш дали бил реинкарнација или не на египетскиот свештеник, туку поентата е да ги Разбереш суштинските поими на кои се темели тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI