Не би рекол дека тоа е направено со намера да се поврзе Кроули со Исус... Кроули не се иденфификувал баш со него.
Плус, далеку пред Кроули, авторот на откровението би требало да знае дека името на тогашниот римски император - Нерон има вредност 666, исто како што би требало да знаел дека и името на Исус има вредност 666.
Гематријата може да посочи на одредена поврзаност помеѓу поимите, но тоа незначи дека поврзаноста мора да биде сличност или складност во карактер, намена и слично.
Не се работи само за поклопување на 666 со нечие име туку има нешто многу повеќе од тоа.
Да одиме со ред.
Целиот текст од откровение 13
1.Змејот застана на морскиот брег. Потоа забележав како од морето излегува еден Ѕвер со десет рогови и седум глави. На секој од десетте рогови носеше круна, а на секоја глава носеше натписи со богохулни имиња.
2.Ѕверот имаше тело како од леопард, нозе како од мечка, а уста како од лав. Змејот му ги предаде на Ѕверот својата моќ, својот престол и својата голема власт.
3.Забележав дека една од главите на Ѕверот му беше смртоносно ранета. Но смртоносната рана му зарасна и сите жители на Земјата се занесоа по Ѕверот:
4.Тие почнаа да го обожаваат Ѕверот и да му се клањаат на Змејот што му ја беше дал сета своја власт на Ѕверот. Му се клањаа и на Ѕверот и говореа: „Кој е како Ѕверот и кој може да му се противстави!?“
5.На Ѕверот му беше дозволено да се нафрли и да Го навредува Бога, и да владее четириесет и два месеци.
6.Тогаш Ѕверот отвори уста и почна да Го навредува Бога, да ги хули Неговото име, Неговото живеалиште, како и небесните жители.
7.На Ѕверот му беше дозволено да војува против Божјите луѓе и да ги надвие. Му беше дадена власт над секое племе, народ, јазик и раса.
8.На Ѕверот ќе му се поклонуваат сите оние жители на Земјата чии имиња уште пред создавањето на светот не се запишани во Книгата на животот што Му припаѓа на Јагнето, Кое беше убиено.
9.Ако имате слух - слушајте!
10.Кој е определен за ропство - ќе падне во ропство; кој е определен да загине од меч - ќе загине од меч! А Божјите луѓе се повикани на трпеливост и верност!
11.Потоа видов и втор Ѕвер. Тој излегуваше од Земјата. Имаше два рога како јагне, но зборуваше со глас на змеј.
12.Овој Ѕвер е во служба на првиот Ѕвер, кој имаше смртоносна рана што му зарасна. Тој ќе ја користи сета своја власт да ги натера сите луѓе на Земјата да му се клањаат на првиот Ѕвер.
13.Притоа, тој ќе извршува и големи чуда; ќе направи дури и оган од небото да паѓа, пред очите на луѓето.
14.Целта на вториот Ѕвер е да ги заведе луѓето на Земјата, со чудата што ќе ги извршува. Тој ќе ги убеди луѓето да му направат икона на Ѕверот што беше смртно ранет со меч, но преживеа.
15.Нему ќе му биде дозволено да внесе живот во иконата, која ќе проговори и ќе ги убива сите што нема да му се клањаат на Ѕверот.
16.Тој ќе ги принуди сите луѓе - мали и големи, богати и сиромаси, слободни или робови - да бидат обележени на десната рака или на челото.
17.Без тој белег никој не ќе може ништо да купува или да продава. Белегот ќе биде името на Ѕверот или бројот што ќе го претставува неговото име.
18.Потребна е мудрост за да се разбере ова. Тој што е прониклив, ќе може да го открие значењето на бројот на Ѕверот. Бројот се однесува на човек и изнесува 666.
(незнам преводот дали е најсоодветен,ама ќе заврши работа)
Имаме две спротивно преставени поими ѕвер - човек,каде од едниот се пресметува другиот поим.
Ова што ќе го кажам е само мое толкување што не мора да биде прифатено за точно.
666 кој е број на човек се разликува од ѕверот по начинот на репродукција.Човек (666) својата репродукција ја темели на самосебе создавање преку "матката" (време) во која семето е духвност со дадени закони и морални вредности на правила(духовно соединување) преку кој самиот себе ќе се создаде,додека ѕверот својата репродукција ја темели на телесни соединувања (два ѕвера излегуваат од морето) едниот кој има десет рога (прстите на рацете со круни-прстени) и седум глави (периоди од бебе до старец),додека вториот ѕвер е жена која има два рога како кај јагне (градите).
И едното и другото е човек,но на различен начин се создава и раѓа.
Кроули може сакал да создаде матка и во неа да исфрли духовно семе затоа и сакал да се поистовети неговото име со 666 преку некој си Египетски свештеник.
Нешто погрешил,"децата" не му живеаат!
http://www.vesti.rs/Hronika/Verske-sekte-uzimaju-danak-u-krvi.html
"Ja sam Alister Krouli", doviknuo je policajcima koji su opkolili kuću. Krouli je jedan od idejnih vođa "Ordo templi orijentisa", okulističke i crnomagijske grupe zasnovane na učenju engleskog sataniste čije je magijsko ime bilo "Velika zver 666".
Ако се е дел од Бог, тогаш смртта може да се види и на тој начин...како "враќање" во изворот каде стануваме дел од Се и потоа повторно се раѓаме. На тој начин, нашата суштина или битие е дел од суштината на било кое друго битие што постоело и ќе постои. Ако успееш да продреш до таму, тогаш сопственото себство можеш да го видиш како било која личност што некогаш живеела, а тоа многумина го нарекуваат реинкарнација.
Јас пак да прашам,како знаете дека токму тој свештеник е поранешна реинкарнација на Кроули,тој ви кажа?