Еве идеја за нова апликација - календар што калкулира кога е право време за секс за да се сфати дека сте за озбилно. Внесуваш внатре на што состанок сте биле, кој ви е по ред, колку време траел, какво флертување имало, па после ти дава датум за да знаеш навремено кога да се издепилираш. Топ.
Као... секс е. Ти уживаш, партнерот ужива, не земаш никому ништо, не даваш никому ништо (е де, Cthulhu за еден химен е демек...), не ти пишува утре на чело дека си имал секс (океј, на некои им пишува по врат, грб, па и чело, ако преферираат така...), со кого и после колку време, не се онадиш во туѓ двор (да се надеваме) за на некој таму да му е гајле ти после колку време си имал секс... чуму потресувања?
За секс или за озбилно, ако партнерот е сељачиште, немате никаква гаранција дека нема да збори што ви правел... па макар и катанец со пасворд имале. Ако му е некому само да легне, ќе си „чека“, ќе дојде свечениот момент, па после може веднаш да батали, посебно ако повеќе акција добивал дома со чорапа. А, под „чека“ понекогаш подразбираме и „чекање“ настрана, па после леле мајко, искористени.
За другиве, небитни се... како што сељачана ќе каже „Леле, имале секс одма“, сељачана ќе каже и „Е како не, сигурно чекале Х време. Гарант одма се имаат опнато.“