Праведен е оној човек чија перцепција не дозволува неправедности, односно човек кој на космичките закони гледа како непогрешни и не чувствува потреба да ја ,,мери,, нивната праведност.
Ное е опишан како праведен, затоа и е избран, но ако тој бил праведен според човековите стандарди за праведност, не би дозволил да преживее само неговото семејство, а суте други да потонат, но бидејки тој бил праведен според божјите стандади, на божјиот закон гледал како на нешто непогрешно и го направил она што го направил. Праведниот човек не бара правда, бидејки знае дека се што се случува е праведно и она што тој умее да го разбере е самиот смисол на дејствувањата на законите во универзумот кои во никој случај не се случајни.