Уште нешто, исто (не знам колку е вистина) сум слушнала дека после некоја љубов, во случај да не се заврши добро, дури после 3 години можело да се случи нова љубов. Не сум по верувањето на овие работи, ама се случи тоа... Првиот пат јануари 2008, неколку месеци па се покажа дека не е тоа тоа, после јануари 2011, буквално како гром од ведро небо ми дојде.
Блазе си ти. Кај мене после првата неуспешна, втората се покажа таа филмската, ама поради надворешни влијанија (ако сака некој нека верува во судбини, пишанија и шо ти уште не), испадна да се разделиме и цел живот да живееме со тоа дека тој ме сака, јас го сакам, а никогаш нема да сме заедно.
Јас не верувам во тоа ако двајца се сакаат а не можат да бидат заедно. Значи не се сакаат доволно за да бидат заедно. извини но паметам нешто што го велеше баба ми- се се може само од таму од каде си излегол не може да се вратиш.