Омнивори vs. Хербивори

Кој е вашиот начин на исхрана?

  • Вкупно гласале
    27
  • Poll closed .

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Види @malo се` тоа во ред е, твој личен избор е како ќе си наредиш/те така ќе си тераш/те. Се` доаѓа до моментот кога напаѓаш некој со генерализација. Лично мене ми е интересно да читам туѓи искуства во врска со веганство се` до оној момент кога ќе почне муабетот да оди на другата страна - кон генерално „палење вештици“. Знам дека нашево општество малку чудно гледа на вашиот начин на живот, но со агресивна контра постапка ама апсолутно ништо не добиваш/те, чак што више ја оправдуваш/те сликата кон оние што го напаѓаат вашиот lifestyle. A знам дека имаш многу повеќе знаење на таа тематика одошто само онака да пробуваш да офираш нечиј туѓ начин на живот.
Saladin за се си во право, но ако си ми ги читал постовите тогаш знаеш дека никогаш не сум поаѓала со намера да убедувам или да навредувам. Најчесто мене ми се нафрлаат на форумот неколку членови и во ред е сето тоа, мене ме радува кога има реплики, дебатирање, сето тоа е убаво, но, додека јас се трудам да објаснувам, давам аргументи, на форумот сум постирала накај 20 видеа можеби од предавања од научници, лекари, вегани со искуство итн, останатите членови не само што не дочитуваат и не ги следат моите аргументи и гарантирам дека ниту едно предавање не е изгледано, упорно ми пишувале постови со провокации од типот дека сакам да проповедам и сл.
Да не должам, муабетот ми е дека секогаш сум била трпелива и сум се воздржувала од навреди, се случувало да навредам кога веќе провокациите од другата страна ке бидат прежестоки за да се толерираат, ми текнува дека ја навредив орхидеја на тема за вегетаријанци неколку пати и потоа се воздржував, всушност не се воздржувам бидејки природно не ми ни доаѓа да ги навредувам луѓето што јадат месо, немам јас проблем со тоа.
Пред некој месец се случи една поинаква ситуација каде што застанав позади друг член кој навредуваше,но во моите постови немаше навреди.
Ова со outrider и со сликата е само зарканција, ние на секоја тема си го правиме истиот муабет, тоа што членовите си мислат дека пак нешто се препукуваме тоа е нивен проблем.

Не сакам кога не ме сфаќаат сериозно и кога мислат дека се лигавам со веганството и дека сакам сите да ми се чудат, значи ич не ми е гајле дали некој ке ми се чуди или не. Ова е форум бе луѓе, ако можат сите да ги споделуваат своите искуства, од најинтимни па до најбанални, зошто јас да не смеам да отворам теми каде што ке си го изнесам моето гледиште, каде што ке го споделам моето знаење и искуство?
Ми се мачи веќе од коментари ,,јади си што сакаш и ќути си, никој не ти се меша не се мешај ни ти,, Зошто да си ќутам, зошто да не споделам, зошто да не смеам да пишам дека моето мислење е дека животинската храна го разболува човекот, зошто да не смеам да дадам аргументи кои ке ме подржат?
Ако не ви се допаѓаат темите за веганство едноставно не ги читајте.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Едно е да пишеш „Моето мислење е дека животинската храна го разболува човекот“, а сосем друго е да пишеш „Тие што јадат месо се умоболни мршојадци, паразити кои само се товат.“

Има разлика, ти знаеш да препознаеш ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Ја немам автомобил и не планирам ни да имам, така да не возам, со автобус се возам многу ретко, кога врне на пример, инаку или одам со велосипед или пешки.
Не се грееме на дрва, немаме климатизација во лето и не сме вработени... Поголемиот дел од храната што моментално ја јадам не само што не е прскана, не е ни допрена. Претежно јадам дива растителна храна како глуварчиња, детелина, љубичици, јаглики, коприва, штавел, лобода, невен, багрем, рогач и тн. Јадеме јатки кои и онака не се прскаат, а и да се прскаат, поради дебелата лушпа, инсектицид не може да пробие во делот на јатката што се јаде. Лимони си имаме домашни од саксии, друго овошје и зеленчук имаме од бавчата на мајка ми која е 100% органска. Многу ретко докупуваме храна, како семки од сончоглед на пример, наут или просо, но ги купуваме од органски произведувачи за кои со сигурност знаеме дека се такви. Јас верувам дека во една салата ти јадеш многу повеќе инсектициди отколку јас за цела година. Плус знам и некои трикови за темелно одстранување на тие хемикалии од овошјето, па кога ке купиме нешто, прво си го прочиствуваме. Не купуваме никакви пијалоци и не користиме пластични шишиња воопшто, ниту пластични кеси.
...
Незнам за другите вегани и не ме интересира, но јас сум многу посветена на тоа што го правам бидејки тој начин на живот ми се допаѓа, во тоа се пронаоѓам. Не сум амбициозна, не ме интересираат епитети, титули, не сакам да си го посветам животот на создавање кариера, на богатење, на искачања и сл. нешта. Сакам да живеам едноставно и мирно, без напрегања, опкружена со природа и да си се посветам на мојата уметност, да можам да работам секогаш кога ке имам инспирација, а не колку и кога ми одредува работно време. Не сакам да почитувам авторитети, ниту пак јас сакам да сум нечиј авторитет, не сакам да работам по шест дена во неделата по осум часа секој ден само за гардероба, храна, излегувања. Храната која ја јадам е речиси бесплатна, може и целосно бесплатна да биде кога би имала каде да садам, ама и тоа ке си го решам наскоро, облеката може да биде многу ефтина кога сама ке си ја изработиш, а дружењето никогаш не би требало да има цена... така да нема да си го трошам животот за да работам за нешто што природно ми припаѓа.
Веганскиот начин на исхрана е само дел од начинот на мојот живот кој е многу еколошки ориентиран.

Овој твој одговор е сосема поразличен од оној претходниот каде што не нарече мртви, мршојадци, болни во умот и што ли уште не. Ама пошто убаво си се објасни сега, еве и јас да ти кажам зошто не можат сите да бидат вегани.
Прво, храната која што ја наброи. Јас искрено не познавам човек кој оди на работа со полно работно време, на работа од која што се бара доста активност а да може да преживее на коприва, глуварче и детелина. Како што кажа, ти не го сакаш тоа (што е сосем океј), али не можеш да очекуваш од еден градежник кој цел ден треба да оди на терен и да пресметува градбени конструкции, или од еден доктор кој треба да издржи 8 часовна операција, или од шофер кој треба да извози стотици километри да издржи на детелина. Едноставно не може.
Болдот од спојлерот: велиш дека не си амбициозна, јас од друга страна знам дека тоа е мојата најголема карактеристика, некогаш дури и до лудило се носам од тоа колку сум воркахолик. Ми се случувало да спијам само по 4-5 часа, а остатокот од денот активно да го поминам. Велиш дека не ти се императив титули и епитети, мене афирмацијата ми е ultimate goal во животов. На сето тоа, доколку не се нахранам онолку колку што ми се јаде, мислам дека ќе колабрирам во секој момент и ќе завршам на инфузии. Сум пробала да јадам здрави салати, превкусни се, меѓутоа тоа мене ме држи 3-4 часа максимум. Затоа си комбинирам. Џанк фуд ниту јас не сакам. И јас немам време цел ден да уживам во 5-6 оброци. 2, евентуално 3 преку сила. Не дека јас се прејадувам, пак ќе повторам, си имам најнормална тежина.
Плус тоа, нашиот живот на Планетата е еден круг каде што секој си има свое место. Гасениците се храна на жабите. Жабите на змиите. Змиите на орлите. Таква е природата, секој некого го јаде и е јаден од некој друг. Еволутивно и самите луѓе сме градени за да бидеме сештојади. Затоа метаболизмот ти дозволува да ги јадеш животинските продукти, за разлика од некои други материи кои што дигестивниот систем не ни ги процесира. Напротив, црвеното месо е потребно за да не се развие пернициозна анемија. Имаме посебни ензими кои што го ситнат месото до најситни делчиња. Имаме заби кои се доволно силни за да го џвакаат месото. Забите се уништуваат ако се јаде само мека храна.
А за тоа колку е здрав веганскиот живот допрва ќе се разгледува, затоа што е релативно млад и треба време да се воочи како ќе влијае на човековиот род. Мутациите и адаптациите бараат време.
И пак ќе се навратам на оргиналниот муабет, дека секој има право на избор. Ама покажување со прст кон некој што не сака да е веган според мене е многу rude and obnoxious.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead, malo and Solstice

Да објаснам уште еднаш, немам ништо против луѓето што јадат месо, секој си има свој избор и го почитувам тоа, сликата и постот во кој луѓето ги нарекувам мршојади беа упатени само кон еден член, не со намера да навредам, туку едноставно со него на тој начин се препуцаваме веќе подолго време, тој вели дека е вонземјанин, јас му птаќам слика каде што вонземјаните се вегани - што има тука сериозно во овој муабет? Така да не го земајте тој пост здраво за готово, бидејки пак ке кажам, немам ништо против омниворите.

...Ниту пак сакам сите да бидат вегани иако имав и такви периоди кога замислував дека светот ке подобар ако сите го прават тоа што јас го правам, но тоа се детски фантазии кои што се надраснуваат, така да ... не ме интересоира што прави остатокот од светот, мене ме интересира јас што правам.
Секој си е креатор на сопствената реалност и сосема разбирливо е дека не може секој да се посвети на готвење, спремање, цедење сокови и сл., разбирливо е тоа дека човек си одредува приоритети и дека поради нив понекогаш мора да жртвува нешто...
Се согласувам со се во твојот пост освен со тоа дека храната која ја јадам не заситува.
Тоа е една од најголемите заблуди и кога некој прв пат ке слушне за мпојот начин на исхрана прво што ме прашуваат е како се заситувам, колку марули или јаболки треба да изедам за да имам енергија бидејки и јас не седам по цел ден, имам деца, со нив сум во постојано движење, пешачам секој ден околу два часа дневно, трчам, возам велосипед, правам вежби за зголемување на мускулна маса и зацвствување на телото. Работата ми е со седење но е доста исцрпувачка, понекогаш бара работа со чекани, клешти, преси, бор машини, граверки и сл. за сето тоа една жена треба богами да се помачи... Храната која ја јадам е нутритивно многу богата и можеби не го полни стомакот, но директно ги храни ллетките бидејки претежно ја конзумирам жива, сама се разградува во организмот со помош на сопствените ензими и лесно се апсорбира.
Во еден ден јадам околу една шака јатки, две-три шаки семки, многу зеленило, колку што можам да си дозволам, овошје колку што чувствувам потреба, не се форсирам да го јадам кога не чувствувам потреба, но обично пијам 2-3 сока дневно и еднаш или два пати двевно пијам нешто што си го нарекувам кафе, а е направено од јатки, семки и какао. Житарици јадам за ручек, најчесто просо, јачмен, овес, рж, мешунките исто така ми се застапени секој ден во голема мера.
Сето ова кога ке се подели по оброци не е многу количински, но е голема нутритивна вредност и од оваа храна може да се добие многу енергија, па дури работник на скеле би можел совршено да функционира. Всушност постојат многу успешни спортисти, светски прваци од најразлични области во спортот кои се хранат на овој или на сличен начин, постојат и луѓе кои работат колку тебе и пак вака се хранат. Било кое овошје можеш да го понесеш со себе во ташна, сок, па дури и салата и целосен оброк можеш да носиш во кутија за храна, луѓето за се наоѓаат начин. Во Скопје има и неколку места каде што меже таква храна да се купи, ја доставуваат на работно место или дома... Возможно е, се е возможно, само треба да се сака, а кога се сака се може.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
http://www.bodybuilding.com/fun/justin3.htm
http://www.bodybuilding.com/fun/mahler53.htm

Чисто онака да се види колку храна се внесува затоа што салата заситувала градежници. :svirka

Aј сега биди добар и префрли ги мислењава во соодветна тема, нека не се губат по чет мубаети. Ќе пишуваме уште претпоставувам.

Он топик: Го исчитав ова што си го постирал. Кога го видов ова се запрепастив од неколку причини.
1) Кај дечково исхранава е толку еднолична, 5-6 работи се вртат се на се. А основата на здравата исхрана е да се јаде разновидна храна. Значи исто ако се јаде само месо и животинска храна не е во ред. Тука акцентирам дека не можеш (корекција, не е правилно) да живееш на млеко од соја, месо од соја, кашкавал од соја, соин шејк и путер од кикиритки кој не е путер уствари.
2) Зборот соја во исхраната го има многу пати. Значи впроочем внесуваш соја во различни форми. Е сега сојата не само што не е здрава туку е и многу штетна. Содржи еквиваленти на естроген кој може да е штетен колку и за машките, толку и за девојките. Прво е компетиција со тестостеронот, кој кај машките ако го нема доволно може да доведе до феминизирање, стерилитет и неколку форми на рак на половите органи. Кај девојчињата исто го зголемува ефектот на естрогенот што води до пореметување на менструалниот циклус и исто ризик за рак. (Значи имаме одма побивање на тоа дека само омниворскиот начин на живот е причина за појава на рак). Еве баш сега прочитав, не сум знаела дека ако внесуваш соја секој ден во секој оброк, ти е исто како да пиеш 4 апчиња за контрацепција на ден. Освен тоа спречува цревата да ги примаат железото, цинк, калциум, бакар и магнезиум, кои се потребни во мали количини, но ако ги нема носат еден куп болести. Директно и штети на тироидната жлезда, каде прави дизбаланс на хормони, а во Македонија секоја трета жена има проблем со тироидната жлезда.
3) 6-8 оброци на ден. Убаво, ако тоа ти е преокупација во животот. Исто ако си имаш слободно време. Јас си кажав, да не бидам досадна и да се повторувам, едвај за 3 имам.

Исто што приметив кај веганиве е дека ја мразат фармацевстката индустија, пошто била корпорациско зло. А индустријава што ги прави суплементиве за храна не е корпорациско зло? Еднава прави лек за кога ќе се разболиш, вторава прави суплемент за нешто што веќе природата сама ти го дала. Во што биотехнолозите се похумани и поисправни пред човечкиот суд од фармацевтиве? Нели е малку наивно да веруваш дека тоа што го примаш како суплемент е најздраво, најневино и дека не страда никој од тоа? Исто и таму се води гејм оф троунс, исто и таму се вложува помалку за да добиеш повеќе, исто и таму се работи во фабрика (која бај д веј ја загадува љубената планета на веганиве) и таму се прави бизнис од пари со многу нули. А тоа дека е пропаганда и тренд кој е масивно прифатен е сосема друга тема.
Ај веганиве ќе ги молам да се дообјаснат :D
Искрено мислев дека може ќе омекнам ако исчитам уште повеќе (имав познавање на темава, ама исчитав и многу други информации плус), ама како што читам повеќе, така веганствово се повеќе ми нема смисла. Од катаљон причини.
 
Менито од линкот воопшто не е слично на она што јас го јадам, ниту пак е слично на менито на веганите кои ги познавам.
За сојата се си кажала, нема што да додадам, ние не ја употребуваме воопшто, максимално ја избегаваме. Обично сојата е застапена кај луѓе кои што не знаат дека речиси од сите семки, јатки и мешунки можат да подготват млеко, сирење, месо и кашкавал. Најверојатно причината што сојата е презастапена во ова мени е што на пазарот готовите вегански производи се претежно од соја. Во продавница нема млеко од лешник, но има млеко од соја, нема сирење од бадем и нема павлака од сончоглед, ама има од соја, нема шницли од пченица има од соја итн. Инаку да кажам дека не ја користат сојата само веганите, речиси на секој производ кој што излегува од фабрика, во составот влегува и сојата. Дури и во бебешките кашички има соја, во некои лебови, во павлаки, сирења, во паштети, колачи, чоколади... во се што е готово од фабрика има соја и продукти од соја.
Веганската храна воопшто не е еднолична,иако постојат вегани и вегетаријанци кои што многу еднолично се хранат, пак ке кажам причината може да е недоволна информираност. Одлуката да се биде веган, бара голема одговорност пред себе и своето тело и бара истражување.
Еве како јас одбегнувам да јадам еднолична храна. Оставам природата да ми го креира менито, не се водам според нечии диети, според нутриционисти и сл. бидејки не верувам во тие строги режими. Јадам сезонско овошје и зеленчук, бидејки сметам дека тоа што во овој месец расте и зрее, е наменето да се јаде во овој месец, ги содржи потребните состојки за ова време во годината. Моментално расте зеленилото и има растенија, како глуварчето на пример, кои што само сега се јадат, потоа цветаат и листовите не им се за јадење, горчат. Значи глуварчето овој месец постојано ке биде застапено во мојата исхрана заедно со уште многу зеленило како блитвата, штавел, марула, млади кромитчиња и лукчиња, коприва, зелка и сл. Да не разберете погрешно, покрај зеленилото се јадат и житарици, мешунки, јатки, овошје и зеленчук кои не се сезонски, но главното на менито, најзастапеното е она што е сезонско.
Следните месеци главен оброк ке бидат јагодите и црешите (inlove) . Ах, ја обожавам пролетта (flower)
Постојат огромен број видови на житарици, кај нас не се сите достапни, ама кога би ги конзумирале повекето видови и само на житарици да сте, храната нема да ви биде еднолична. Ние дома многу често јадеме просо, од житариците тоа ние главна храна. Од просото подготвуваме варива, намази, пудинзи, најчесто го мешаме со зеленчук, совршено оди со зеленилото кое сега се јаде. Јадеме овес, со него подготвуваме овошни каши кои се убави за почеток на денот, со овесот подготвуваме и леб, палачинки, разни колачи... други жирарици кои ги јадеме се рж, пченка, ориз, јачмен и хељда.
Ги јадеме сите видови на мешунки кои постојат на просториве - грав, грашок, боранија, леќа, наут, мешунки од багрем и рогач...
Секојдневно једеме повеке на видови на семиња - ленено семе, чиа семе, црно семе, семки од сончоглед, семки од тиква, сусам... сигурна сум дека има повеќе но не ми текнуваат.
Овошјето и зеленчукот да не ги набројувам, само ке кажам дека преку зимските денови претежно јадеме суви или замрзнати овошја, не ги јадеме конзервирани, зимници не правиме.
Јатки - орев, лешник, бадем и индјски орев купувам понекогаш кога финансиите ке дозволат, бидејки е многу вкусен и од него се прави најубавиот шлаг што сум го пробала. Ем благо, ем вкусно, ем здраво, тоа ти е храна без ограничувања, слобода :igra
Нема едноличност во веганската исхрана и истата не подразбира само салати и сокови. Од сета оваа храна што ја споменав дома подготвуваме најразлични растителни млека, сирења, путери, шлагови, мајонези, чоколади... Сега сме во некоја фаза кај што сме поискусни со рецептите и постојано експериментираме, секое млеко кое што ке го направиме е различно, нема повторување на истото, има само подобро и подобро, тоа е една голема детска игра, тоа е креативност, тоа е среќа. Десертите ни се шарени, разиграни, со цвеќкиња, овошја, разни кремови од јатки, чоколадни преливи од рогач, какао во комбинација со лешници и бадеми... пудинзи од чиа семе со суви смокви и прелив од какао и мед, за соковите да не ни почнувам, комбинации има безброј...
Кај нас дома конкретно, немаме одреден број на оброци, јадеме колку што имаме потреба. Понекогаш се случува со два оброка да ми помине денот, некогаш по цел ден јадам, се зависи од тоа колку ке ми побара организмот, но никогаш не јадам кога не сум гладна, од досада или за да подполнувам емотивна празнина и сл. Кај мене нема јадење од стрв, од ,,правење друштво,, , грицкање додека гледам филм... јадеме само кога сме навистина гладни.
...
Тоа е од прилика нашата приказна, за другите вегани не знам, најверојатно секој си се прилагодува според начинот на живот, работата и сл.

За лековите и суплементите.
Јас сум против едните и другите. Бев многу болникаво дете, секој роденден и секоја нова година јас ги поминував во болница. Така беше до пубертет и никогаш не открија што ми е, имав многу слаб имунитет или поточно, немав имунитет, ама затоа постојано бев под антибиотици и суплементи. Кога престанав да јадам месо, дел од состојбите кои ги имав предходно, исчезнаа, кога престанав да јадам млеко и млечни производи, состојбата уште толку ми се подобри... Суплементите кои ги земав по препорака на лекар ми направија камења и цисти во бубрезите, денес не смеам ни витамин ц за деца да земам.
Мојот син имаше бронхитис, беше на лекарства, не помогнаа, разви пневмонија и со месеци не можеше да ја излечи. Никакви лекарства не помогнаа. ке се подобреше состојбата, два-три дена дома и повторно се повторуваше. По препорака на нутриционист, го исфрливме млекото и млечните производи, а по препорака на мојата интуиција ги исфрливме сите лекови кои детето ги примаше, сето тоа фрливме во канта и за помалку од една недела, детето беше здраво и ден денес не настинува. Моите деца, посебно помалото, се хранети со природна домашна храна, без кашички, чоколини и сл. никогаш не сум им давала суплементи, значи не виделе витамини во форма на апчиња, сокчиња и сл, но не видели ни лекови.
Сега бидејки се во школо и се дружат, јадат и храна која што не е воопшто здрава, си купуваат чоколади, сокови, смоки понекогаш, но имунитетот не им паѓа, не се разболуваат, не ги фаќаат сезонските грипови.
Ке се воздржам да пишувам за фармацијата како индустрија, бидејки во последно време не се замарам многу дали се работи за индустрија која сака само профит или не... јас веќе со години немам матичен лекар, се случува да се разболам и да ми падне имунитет кога сум под стрес најчесто, но сето тоа си го решавам на природен начин имам некое основно познавање за билките кои ми се достапни и си го користам тоа максимално. Едноставно ми нема логика да купувам скап лек кој што е направен од бор, кога можам да го направам истиот во природна варијанта бесплатно во домашни услови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Selene

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Јас пак, реплицирав во темата ,,вегани,, префрлете го и тоа мислење тука.
заборавив дека постои темава
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Сликиве се стари и не се квалитетни, ама се гледа колку толку.

IMG_20150427_135041.jpg Еве како изгледаат вегански палачинки од пченка, рж, јачмен и лен (без јајца и млеко, само брашно, вода и малку масло), засладени со мед, со јагоди и банани и чоколаден прелив од органско какао и мед.

IMG_20150709_174711.jpg Вака изгледаше мојот фрижидер летово. Тогаш два месеца поминавме исклучиво на сурова храна и тоа беа најубавите два месеца во мојот живот. За жал се случија некои настани кои ме исфрлија од колосек и после тоа имав период кога јадев се и сешто. Сега пополека се стремам за повторно кога ке биде лето, вака да изгледа внатрешноста на фрижидерот.

IMG_20160301_134249.jpg Ова е чорба од просо со листови од глуварче, детелина и други треви на кои не им го знам името, кромид, маслинки и морков. На врвот има меко сирење или повеке на павлака би личело, од сончоглед.

IMG_20151025_201717.jpg печена буковка, печен кромид, печен млад компир... комбиниран со мајонез од индиски ореви и салата, најверојатно марула, морков, пиперка и младо кромидче.

Немам повеќе слики за жал, многу ретко сликам што јадам, ова беше само колку да видите дека не јадеме само треви, дека и нашата храна изгледа како и храната која вие ја јадете
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and misterija

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
абе @malo пишувај почесто конкретни рецепти, така многу повеќе влијание има, одошто тие други нападни текстови. ете откако ја отвори таа темата за дива храна секој ден зјапан шо имам низ дворов. И годинава има многу темјанушки, знам дека се многу лековити ама никогаш не сум се осудила да ги јадам или да правам чај. Шо знам, никој од моите доесга не ги користел и мене ми е некако страв. Ги гледам на фотографии, ми се гледаат исти, ама пак ми е шубе. Ај после ќе ги сликам, па ќе ми кажеш дали се тие безбедните или некоја друга сорта.