Оскари 2016

Дали Лео ќе си оди дома со оскар?


  • Вкупно гласале
    14
  • Poll closed .

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не само шо му должат оскар, него му должат и многу повеќе номинации. А оскарот си го заслужи уште за Арни Грејп. За Basketball Diaries не беше ниту номиниран, а таму е феноменален. итн. Хју Глас не е најдоброто од него. Можеби е најмачното искуство кое го минал при снимање на некој филм, ама дека е тоа негова најдобра изведба, не е. Не ретко академијата давала оскар за „минат труд“ , особено кога е послаба конкуренција. Исто така, не е ретко и да остане должна до крај.
Шо треба за да се издвои номиниран лик? Не знам, треба нешто кое го имал Џефри Раш во Шајн, или Даниел Деј Луис и во Линколн и во претходните, да не зборам за Кристијан Бејл, од Империја на сонцето до денес, во секој лик кој го играл.... Ги има и други се разбира, да не ги редам сите.
Годинава таква златна можност да се издвои и да остане длабоко запамтен, имаше Еди Редмејн, ама не ја искористи. Кога сме кај него, лани му останаа дебело должни на Мајкл Китон.
Ама на сите им останале должни зошто ти така си проценила, исто како што си проценила дека академијата дала оскар за минат труд. Според тебе ова не е негова најдобра изведба, според мене исто, само годинава баш тој заслужува оскар од едноставна причина што нема подобар од него во номинираните, ако освои оскар ти ќе мислиш дека академијата му се оддолжила, јас ќе мислам дека си го заслужил ако правам споредби со овогодинешните номинирани. За споредба со други кои добиле и биле подобри или биле подобри а не добиле, имам една огромна листа да набројам, ама за оваа година е Леонардо, неколку празни страни, па другите. И затоа поштено ќе си го однесе оскарот дома.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Ама на сите им останале должни зошто ти така си проценила, исто како што си проценила дека академијата дала оскар за минат труд. Според тебе ова не е негова најдобра изведба, според мене исто, само годинава баш тој заслужува оскар од едноставна причина што нема подобар од него во номинираните, ако освои оскар ти ќе мислиш дека академијата му се оддолжила, јас ќе мислам дека си го заслужил ако правам споредби со овогодинешните номинирани. За споредба со други кои добиле и биле подобри или биле подобри а не добиле, имам една огромна листа да набројам, ама за оваа година е Леонардо, неколку празни страни, па другите. И затоа поштено ќе си го однесе оскарот дома.
Не бе, си кажав јас и погоре, мене ми е фаворит Трамбо. Брајан Кренстон ми е одличен и годинава, базирано само на годинешниве номинации, навивам за него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Силвестер Сталоне, феноменален. Од душа, од срце, од цело битие донесен лик.
Крид - ете така се прави продолжение на легенда. Сѐ што е погрешно во Стар ворс 7, е одлично тука. Со достојна почит кон една историја, а сосема доследен на своето време и своите нови ликови. Бравос.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Ало должници... :)

Во академијата гласаат 6000 луѓе. Се собрале на ручек и прецедникот рекол:
- „Памтите ли бе копуци мои мили, кога не му дадовме Оскар на Лео за Гилберт Грејп?“
Овие климаат со глава додека еден побистар: „Памтиме прецедниче како не памтиме ама ти ни реч....“
- „Има сите овој пат за Лео да гласате. Со триаголниче да заокружите да не ве барам...“ (Во позадина овој шо мрчел предходно јаде 5-6 шамари, јаки).
Копуците: „Добро прецедниче...“

Не си играјте мајтап со умот, не оди тоа како што мислите. Едноставно во некои години може да си ѕвер ама друг да е поѕвер од тебе. Други години слаба конкуренција, на кого и да му дадеш ќе згрешиш. Ако Лео си лапне Оскар ќе биде заслужено, овие другите може да му го земат ама може и не, ништо посебно некој не отскокнува.

Иначе не сум некој фан на Лео но овој пат мора да го бранам. Ми должи 500 марки човекот...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Ало должници... :)

Во академијата гласаат 6000 луѓе. Се собрале на ручек и прецедникот рекол:
- „Памтите ли бе копуци мои мили, кога не му дадовме Оскар на Лео за Гилберт Грејп?“
Овие климаат со глава додека еден побистар: „Памтиме прецедниче како не памтиме ама ти ни реч....“
- „Има сите овој пат за Лео да гласате. Со триаголниче да заокружите да не ве барам...“ (Во позадина овој шо мрчел предходно јаде 5-6 шамари, јаки).
Копуците: „Добро прецедниче...“

Не си играјте мајтап со умот, не оди тоа како што мислите. Едноставно во некои години може да си ѕвер ама друг да е поѕвер од тебе. Други години слаба конкуренција, на кого и да му дадеш ќе згрешиш. Ако Лео си лапне Оскар ќе биде заслужено, овие другите може да му го земат ама може и не, ништо посебно некој не отскокнува.

Иначе не сум некој фан на Лео но овој пат мора да го бранам. Ми должи 500 марки човекот...
Хехе, така би одело кај нас :zelen
Зборот ми е дека во вакви години, кога конкуруренцијата е стварно слаба, многу е лесно да се сетиш на минатите години и, не ретко, пропусти.
А дека е баш така совршен процес и секој секогаш гласа само врз основа на квалитетите, не е.
....
За филмојте да си кажам :D Мед Макс, Рум и Бруклин не ги гледав, не ме влечат некако ама ич, така да за нив не знам дали чинат и колку чинат.
Од другиве, факт е дека Ревенант се одвојува, со сите нишани, ама мене ми беше страшно досаден и одвај го изгледав.
Марсовецот, исто, за нијанса ми беше поинтересен за гледање, не за друго ами ме интересираше како ќе ја истуркаат приказната. Ништо посебно, демек требаше да биде позитивно настроен и полн со шеги и хумор. Мене ми беше утка таа поставеност, оти во ниеден момент не почувствував шо всушност значи еден човек, сосема сам, да е заглавен таму некаде џенем и да се бори за да истрае.
Спотлајт и Биг Шорт ми беа интересни најмногу затоа што се работени како документарци. Не се ликовите во центарот на приказната, ами самата приказна, тема, настан. Спотлајт е доста бавен (новинарското истражување не ретко се одвива така бавно, но упорно) додека Биг Шорт е многу динамичен (таман како тој свет кој го прикажува). Ликовите и во двата се потребни само за да ги објаснат и пренесат настаните (иако во Биг Шорт се многу подирекни учесници) заради што сценариата воошто не се занимаваат со нивната психологија, ниту со нивните животи, минато, развој и сл. Единствено за Марк Баум е кажано малку повеќе од аспект на приватноста. Нема главни ликови, сите се колку главни толку и споредни.
Можеби најинтересен за гледање ми беше Бриџ оф спајс, иако не верувам дека би го гледала уште еднаш во некое скоро време.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Ајде и јас да дадам мое (не)популарно мислење.
The Revenant - Навистина не сфаќам што е толку посебно во филмов. За Лео немам замерки, човекот си глуми совршено, внесен 200% во улогата, го извлече максимумот од приказната. Алал да му е, иако не го сакам лично многу, капа симнувам за тоа колку се посветува и колку си ја работи работата сериозно. Kudos for that. Е сега приказната мене не ми е ништо посебно, онака просек, дури ни за тепање време не би го гледала филмов. Можеби дека во вакво нешто не уживам, можеби приказната не ме допре толку многу. Кога го гледав цело време ми фалеше нешто, нешто што ќе ме натера да речам WOW. Сума сумарум, not my cup of tea, ама нема да се бунам ако земе Оскар, затоа што за љубителите на ваков жанр филмов е spot on.

Тhe Martian - Или Интерстелар за сиромашни. Освен што Интерстелар имаше душа. И наука. И микс на борба помеѓу срце и разум. И допир на човековата психа кога човекот е оставен сам и кога ги нема овие услови кои ги уживаме денес. Филм кој се труди да биде хумористичен со реплики како I'm gonna have to science the shit out of this, а уствари е филм за човек кој сади компири на Марс. Филм во кој просторијата каде што ги садеше компирите ја откорна и уништи невреме, but it's nothing a little duck tape can not fix. Сериозно, снимија сцена каде што вратата ја направи од duck tape?? И кога леташе до бродот како Ајрон Мен, тоа требаше кул да биде? Филм кој никако не заслужува Оскар, ќе ми биде ептен криво ако земе Оскар.

Bridge of Spies
- Отров. Како да гледам една дооооооолга документарка за размената на шпиуните. Глумата на Том е одлична, ама приказната е една рамна линија. Нема нешто возбудливо, Спилберг изгледа пред спиење ги пишувал дијалозите, за да му дојде побрзо сон. Ама е типично Американско филмче, разбирам зошто си го сакаат таму. Спремни се да погубат милиони свои војници во војни кои ги отвораат, ама жал ги фаќа ако 2ца луѓе останат заробени во туѓините. Ми се потврди само дека смртта на еден човек е трагедија, смртта на милиони е статистика. Исто ќе ми биде криво ако земе Оскар.

Mad Max: Fury Road - Апсолутно во мојата листа на топ 5 најлоши филмови кои сум ги изгледала. Навреда за човечката интелегенција е "филмов", 2 часа на бркотница која нема никаква логика, патат за вода а главниот негативец пушта вода да тече по карпи, се бањаат со црева и ја трошат за џабе. Јас разбирам дека во ваков филм без приказна треба да има голи девојки кои ќе бидат секси, ама да правиш сцена каде што тие девојки се прскаат со црева во провидна облека, а тврдиш дека светот нема вода и одиш да ја бараш е логика дигни ме пао сам. Том Харди е врзан на пола филм, Бог знае зошто. Дијалог во филмот речиси и да нема. Само бркотница. Бркотница на која што застануваат на пола пат и се враќаат назад. А да, има и еден тип кој е врзан за очите и свири гитара која фрла оган. Wow. Кога прочитав дека ликот од Шарлиз го споредуваат со јака женска, која што се борела за правата на жените како права феминистка ќе се усмртев. ОНА ако е портрет на една јака жена, јас тогаш Хилари Клинтон сум. Кој знае колку мозочни клетки ми се самоубија кога го догледав ова, оглупавев за неколку IQ поени. Нема да гледам уште еднаш Оскари ако повраќаницава земе оскар за најдобар филм.

И за крај, мојот фаворит за оваа година - Spotlight. Во споредба со овие другиве, класи подобар. Убаво е прикажан новинарскиот живот, а негативецот е една организација која што навидум е едно одлично шеќерно јаболко, кое ги учи луѓето на добар и правичен живот, а внатре е толку скапано и црвливо што цревата ти се грчат кога ќе се присетиш на тоа какви злосторства таа организација има направено. Ми се допадна приказната, ми се допадна начинот на кој што приказната е раскажана, ми се допадна и она што фали кај сите претходни филмови, а тоа е пораката. Моќна порака која што ќе го натера оној што гледа да се запраша колку треба слепо да верува во нешто што е навидум непогрешливо и недопирливо. Филм кој што вади валкан веш за доста контроверзна тема. И тоа е тоа што ме победи, она горчливо чувство што го осетив откако го догледав. Мене и стилот на филмови кои ми се допаѓаат ми е овој, така да можеби сум доста субјективна, не велам не. Али за мене, ова е победникот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Еве ај, и моето видување на работите, штом сите сте почнале:

1. Room - мојот фаворит за оскар, затоа што ова беше филмот кој годинава ме дигна толку високо и после ме удри од земја. Еден убав малечок трилер/драма направен според истоимен роман за една несекојдневна тема за која ако пробуричкаш по нетов ќе сфатиш дека сепак и не е така ретка (не пишувам ништо повеќе за темата, зашто многу поубаво е чувството да го глесаш филмот не знаејќи ништо за него, па не сакам некому да му го спојлнам). Одлична глума од Бри Ларсон и детето, и перфектно адаптирано сценарио (особено ми се допаѓаа репликите на детето и споредбата на собата со универзумот). Можеби филмов не носи во себе некаква порака каква што членот над мене вели дека е клучна при формирањето на крајниот суд за филмот, но носи една длабока филозофска нишка за која по него може многу да се размислува и расправа. 10/10

2. The Revenant - бидејќи свесен сум дека Room нема шанси, ова визуелно ремек дело мора да го земе оскарот! И тоа не само заради одличниот Лео (би додал - и одличниот Харди), туку заради извонредната режија на перфекционистот Ињариту кој преку филмов прави омаж на еден куп филмски работници од минатиот век чие место е меѓу ѕвездите. И звукот е извонреден, тоа го забележав особено при второто гледање на филмов - во кино. Но она по што филмов отскокнува е сепак кинематографијата - ма дај дајте му на Лубецки еден огромен оскар и нека се укине категоријата во која му нема рамен. Гарантиран оскар за него трета година по ред! Цар... Единствениот човек кој поседува „камера која зборува”. 10/10

3. Mad Max: Fury Road - овде нема да образложувам многу, едноставно само ќе кажам дека не сакам акции. Ме нервираат, ги сметам за филмови со ниски уметнички вредности направени да им го кренат адреналинот на гледачи со просечни и подпросечни сфаќања за естетика, уметност и со низок IQ. Обично секогаш ме разочаруваат. Но - акција која личност како мене успеа да направи да не трепне 2 часа и кусур, и на крај да сака уште, при тоа наговарајќи ја да ги преиспита своите ставови за жанрот на кој се повинува - таква акција заслужува 10/10. Да, и јас бев изненаден од самиот себеси.

4. Brooklyn - Секоја година има по некое мало британско ремек дело кое не нуди којзнае што, но тоа што го нуди е комплетно на место. Годинава, тоа е Brooklyn. Убаво филмче. 9/10

5. The Martian - не ги сфаќам споредбите на филмов со Interstellar на Нолан. Јас ги сметам и двата нималку слични. ОК би било да го споредувате овој со Armagedon, на пример. Но не со Interstellar. Според мене - солидна драма и големо враќање на Ридли Скот по неколкуте „дебакли” изминативе години. 8/10

6. Spotlight - еден од оние филмови за кои знаеш дека се е тука, има се, а сепак му фали многу. Да појаснам - немам замерка за ништо во филмов. Но, сметам дека погрешното (според мене) изместување на точката на перцепција (point of view), прави приказната да не допре до гледачот. (истово важи и за подолурангираниот The Big Short). На филмов му фали душа, му фалат емоции, му фали нешто што ќе го натера било кој гледач да се смее, да плаче, да сочувствува, да тагува, да се радува, да псуе... да ужива. Јас не почувствував ништо на прво гледање. А верувам и на стото не би почувствувал ништо. И навистина не сакам овој да земе оскар. А ако за несреќа се случи тоа, се обложувам дека за многу кратко време ќе биде заборавен. 7/10

7. Bridge of Spies - онака. Watchable, ама многу про-американски и нереален. Argo #2. Риланс одличен, thou. 7/10

8. The Big Short - јас може сум единствен што не го сфаќа хајпот за филмов. За мене беше катастрофа. Прво - преполн со економски термини што го прават неразбирлив, второ - преполн со објаснувања за истите, на начин кој никогаш не ми се допаѓал на филм, со директно обраќање на актер поставен за дистракција, што требало да е комичен, а испаднал претенциозен и дегутантен начин. Трето - ако сакале да направат некому да му е гајле за приказната, требало гледната точка да ја постават од другата страна, кај некој кој изгубил се (цел свој свет) во кризата. И четврто - forgetable, also. 5/10
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Некаде малце повеќе од половина изглеани оскари....
madmax.jpg

Е стварно скурца ми !!!

@Harvie ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Лео лапа статуетка оваа година, запиши си таму во тетратката.
За Ревенант не знам, веројатно ќе лапне за кинематографија, можеби нема да земе за најдобар филм. Во Академијата се ложат на филмови како Спотлајт па ништо нема да ме изненади.
Мојот стандарден пост-оскаровски „нели ви реков“ пост.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie and Saladin