Оскари 2016

Дали Лео ќе си оди дома со оскар?


  • Вкупно гласале
    14
  • Poll closed .

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Пaк ќе те прaшaм, мислaм декa е 7ми пaт. Гo изгледa дo крaј The Revenant? :)
Не сум го изгледал. :)
Среќа не се кладевме. :)
Подобро прашај го дали знае како се гласа во Академијата.
Врска немам како гласаат, изгледа кој најмногу плаче добива оскар. :)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не знaм штo дa кaжaм, гo исплукa филмoт и ликoт a филмoт не гo гледaл....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Врска немам како гласаат, изгледа кој најмногу плаче добива оскар. :)
Ако не знаеш не влегувај во дискусии. Имаш гугл, земи прочитај прво.
Да не ме разбереш погрешно, мене не ми пречи ништо, имам ја нерви, за тебе ми е. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Гласаат субјективно и безвезно, шо и убаво им потврдија годинава со бојкотот заради ниедна номинација на црнец. Од толку филмови баш не се најде ниту еден кој заслужувал номинација? Некако не ми се верува.
И друга работа која од секогаш ми била нејасна, а се случи годинава пак. Како тоа еден филм е најдобар, ама најдобар режисер, најдобра филмска фотографија, најдобар главен глумец се на друг филм? Шо оценуваат кога гласаат за најдобар филм? Приказната? Пошо само за оригинално сценарио зеде Спотлајт, за друго ништо.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Гласаат субјективно и безвезно, шо и убаво им потврдија годинава со бојкотот заради ниедна номинација на црнец. Од толку филмови баш не се најде ниту еден кој заслужувал номинација? Некако не ми се верува.
Прво, секое гласање е субјективно. За мене победникот треба да е еден, за тебе друг итн...
Второ, бојкотот (од вкупно 3-4 актери кои мрчеа на интернет) не потврди ама баш ништо и е тотално неоправдан и преувеличен. Истата таа Академија, значи истите гласачи, изгласаа „12 години роб“ да победи, во конкуренција на подобри филмови (субјективно), истите тие изгласаа еден куп награди (некогаш заслужени, некогаш не (субјективно), и сега кога на Џада мажот и не бил номиниран направија хистерија и почнаа да вриштат за расизам. Факт е дека единствено (субјективно и дискутабилно) дечкото кој го глумеше Крид требаше да биде барем номиниран, но не беше. Она што тие го бараат е понижувачки за секој црн актер, тие бараат номинации поради боја на кожа а не поради улога. Но доволно околу тоа.

И друга работа која од секогаш ми била нејасна, а се случи годинава пак. Како тоа еден филм е најдобар, ама најдобар режисер, најдобра филмска фотографија, најдобар главен глумец се на друг филм? Шо оценуваат кога гласаат за најдобар филм? Приказната? Пошо само за оригинално сценарио зеде Спотлајт, за друго ништо.

Тоа се случува (гласање за најдобар филм) од причина што системот на гласање е многу комплициран, т.е. филмот со најмногу гласови може да победи, а може и да не победи. Во суштина не се бира „најдобар филм“ туку се бира „најприфатлив филм“. Гласачите не гласаат само за еден филм туку ги подредуваат филмовите по вредност (овде замисли си гласање на Евровизија, но тоа би било само еден дел од комплетниот систем). Да скратам: Ревенант (на пример) може да има најмногу први места, но Спотлајт може да има најмногу втори и трети места и севкупно да го надмине Ревенант. Затоа уште од поодамна пишав дека нема да ме изненади ако Спотлајт победи, затоа што филмот одговара на просечното гласачко тело на Академијата (поприфатлив е) од Ревенант. И така и се случи.

Зошто честопати некој друг победува за режија а сепак не победува за најдобар филм? Просто, затоа што за најдобра режија гласаат само членови на Академијата кои се режисери, а за најдобар филм гласаат сите.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Прво, секое гласање е субјективно. За мене победникот треба да е еден, за тебе друг итн...
Второ, бојкотот (од вкупно 3-4 актери кои мрчеа на интернет) не потврди ама баш ништо и е тотално неоправдан и преувеличен. Истата таа Академија, значи истите гласачи, изгласаа „12 години роб“ да победи, во конкуренција на подобри филмови (субјективно), истите тие изгласаа еден куп награди (некогаш заслужени, некогаш не (субјективно), и сега кога на Џада мажот и не бил номиниран направија хистерија и почнаа да вриштат за расизам. Факт е дека единствено (субјективно и дискутабилно) дечкото кој го глумеше Крид требаше да биде барем номиниран, но не беше. Она што тие го бараат е понижувачки за секој црн актер, тие бараат номинации поради боја на кожа а не поради улога. Но доволно околу тоа.



Тоа се случува (гласање за најдобар филм) од причина што системот на гласање е многу комплициран, т.е. филмот со најмногу гласови може да победи, а може и да не победи. Во суштина не се бира „најдобар филм“ туку се бира „најприфатлив филм“. Гласачите не гласаат само за еден филм туку ги подредуваат филмовите по вредност (овде замисли си гласање на Евровизија, но тоа би било само еден дел од комплетниот систем). Да скратам: Ревенант (на пример) може да има најмногу први места, но Спотлајт може да има најмногу втори и трети места и севкупно да го надмине Ревенант. Затоа уште од поодамна пишав дека нема да ме изненади ако Спотлајт победи, затоа што филмот одговара на просечното гласачко тело на Академијата (поприфатлив е) од Ревенант. И така и се случи.

Зошто честопати некој друг победува за режија а сепак не победува за најдобар филм? Просто, затоа што за најдобра режија гласаат само членови на Академијата кои се режисери, а за најдобар филм гласаат сите.

Не беа само 3-4 кои мрчеа, цело шоу беше во знакот на тоа, од една страна отекоја, од друга сепак ќе се замисли човек дали баш до толку немало ниту еден кој заслужувал. Ете пример Мајкл Б Џордан и тоа како заслужи да биде номиниран за Крид. И таа директорката шо излезе рече дека сериозно размислуваат за промени во целата постапка на номинирање итн итн.
Нејсе, да речеме дека нема везе, нека е и секое гласање субјективно, иако не би требало да биде оти не е гласање на фејсбук, туку е гласање на Академијата. Знам дека пиша за Спотлајт, не е ни прв пат да се случи тоа, ама нели е безвезно? Самата титула „најдобар филм“ значи, или би требало да значи, дека се издвојува од другите затоа што како целина е подобар од другите. Смешно е. Од секогаш ми било смешно.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
3-4 се а на Оскарите мрчеше Крис Рок, што е сосема во ред ама не ќе беше лошо некоја шега да слушневме за филмовите, прозивка на актерите како што е редот итн... Слаб хумор во главно и ништо чудно ова да му се последни Оскари.

Инаку да, промени е направат во гласачкото тело за да има "diversity", ќе им дадат на едно 1000 души право на глас, наместо за најдобар филм или актер тие ќе гласаат по боја на кожа и така после ќе се чудиме кога некој актер или режисер кој бил маестрален ќе изгуби зошто бил бел. Мислам ја немам ништо против, Вил Смит, Куба Гудинг Џуниор, Сем Џексон, Џејми Фокс... сите ми се супер актери. Но решението е сосема поинакво, а ова е чиста политика.

Ова другото се согласувам, не викам јас дека имаат добар систем на гласање, само ти објаснувам зошто е така. Јас мислам дека лани требаше Интерстелар да победи без никаква конкуренција но не беше ни номиниран, и тоа не ме чуди во академија од 6000 луѓе со просечна старост од 63 години.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Вил Смит и жена му, Спајк Ли и Рајан Куглер се сите четворица што ја направија „фрката”. Толку се! ;)

Инаку, @Io Sono - системот на гласање кој го опиша не е баш таков и не се одредуваат добитниците на тој начин, туку номинираните. Академијата е составена од околу 6000 члена поделени на 15 ограноци и секој член си предложува по 5 номинирани во категоријата која припаѓа на неговата гранка. Пр. Актерите предложуваат 5 номинирани (по редослед од нивниот најомилен па се до петтото место), режисерите за режија, композиторите за музика... Сите членови, без разлика на која гранка припаѓаат, МОРА да предложат по 5 филма (исто рангирани од прво до петто место) за категоријата најдобар филм.
Номинираните се бираат на следниов начин. Се одредува еден, тн. магичен број (бројот на гласачи во категоријата поделен со бројот на можни номинирани+1, што значи, најчесто е број на гласачи поделен со 6 (пет номинирани + 1). Еве, да земеме пример за режија, ако гласале 600 режисери, магичен број е 100. Штом некој предложен е на сто ливчиња пишан на прво место, тогаш тој автоматски станува номиниран, а предложените под број 2 на тие 100 ливчиња сега се прераспределуваат со останатите под број 1. Заборавив - пред тоа се поништуваат сите оние ливчиња што освоиле најмалку први места. Постапката се повторува се додека не се добие бројот на барани номинирани (во случајов 5).

Е сега, потоа, кога се гласа за Оскар, сите членови добиваат исто гласачко ливче и можат да гласаат во секоја категорија, само за по еден номиниран. На крајот - тој со најмногу гласови зема Оскар. Многу е поедноставно, и при гласањето за тоа кој да земе Оскар нема рангирање, и нема топ5. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono