Прво, секое гласање е субјективно. За мене победникот треба да е еден, за тебе друг итн...
Второ, бојкотот (од вкупно 3-4 актери кои мрчеа на интернет) не потврди ама баш ништо и е тотално неоправдан и преувеличен. Истата таа Академија, значи истите гласачи, изгласаа „12 години роб“ да победи, во конкуренција на подобри филмови (субјективно), истите тие изгласаа еден куп награди (некогаш заслужени, некогаш не (субјективно), и сега кога на Џада мажот и не бил номиниран направија хистерија и почнаа да вриштат за расизам. Факт е дека единствено (субјективно и дискутабилно) дечкото кој го глумеше Крид требаше да биде барем номиниран, но не беше. Она што тие го бараат е понижувачки за секој црн актер, тие бараат номинации поради боја на кожа а не поради улога. Но доволно околу тоа.
Тоа се случува (гласање за најдобар филм) од причина што системот на гласање е многу комплициран, т.е. филмот со најмногу гласови може да победи, а може и да не победи. Во суштина не се бира „најдобар филм“ туку се бира „најприфатлив филм“. Гласачите не гласаат само за еден филм туку ги подредуваат филмовите по вредност (овде замисли си гласање на Евровизија, но тоа би било само еден дел од комплетниот систем). Да скратам: Ревенант (на пример) може да има најмногу први места, но Спотлајт може да има најмногу втори и трети места и севкупно да го надмине Ревенант. Затоа уште од поодамна пишав дека нема да ме изненади ако Спотлајт победи, затоа што филмот одговара на просечното гласачко тело на Академијата (поприфатлив е) од Ревенант. И така и се случи.
Зошто честопати некој друг победува за режија а сепак не победува за најдобар филм? Просто, затоа што за најдобра режија гласаат само членови на Академијата кои се режисери, а за најдобар филм гласаат сите.