The Big Short, три дена се трудам да го гледам, знаев дека нема да биде нешто што мене ќе ми се допадне, ама заради Бејл му дадов шанса.
Искрено, ни 20% не ги разбрав муабетите и форите, се осеќав како прваче меѓу сите тие банкарски изрази, загатки, идеи и бројки. Додека да ми светне што сакал да каже ликот со муабетот, доаѓа друг лик, па друг, па трет, јас тука се губам, не можам да е снајдам, како да ме бутнале во мешалица за малтер..
Не можам да кажам дека не чини, можеби за тој што е уходан во тие работи филмот му е ремек дело, ама за ваквите смртници ко мене не е. Мене марсовецот ми се виде како ремек дело во споредба со овој, иако не ми се допадна на почеток толку многу.
Tука издржав само поради Кристијан Бејл, неговата улога како светло на крајот од тунелот. Го бива човекот за се.
И сега, после изгледани дури три филмови (4 се и Inside Out го гледав
) имам право да кажам ваљда дека на The Revenant му нема конкуренција. Најубаво да ги земе сите оскари и правдата да биде задоволена
И еве уште Spotlight сега ќе го изгледам, мада тешко веројатно дека ќе ми смени мислење.