Ајде и јас да дадам мое (не)популарно мислење.
The Revenant - Навистина не сфаќам што е толку посебно во филмов. За Лео немам замерки, човекот си глуми совршено, внесен 200% во улогата, го извлече максимумот од приказната. Алал да му е, иако не го сакам лично многу, капа симнувам за тоа колку се посветува и колку си ја работи работата сериозно. Kudos for that. Е сега приказната мене не ми е ништо посебно, онака просек, дури ни за тепање време не би го гледала филмов. Можеби дека во вакво нешто не уживам, можеби приказната не ме допре толку многу. Кога го гледав цело време ми фалеше нешто, нешто што ќе ме натера да речам WOW. Сума сумарум, not my cup of tea, ама нема да се бунам ако земе Оскар, затоа што за љубителите на ваков жанр филмов е spot on.
Тhe Martian - Или Интерстелар за сиромашни. Освен што Интерстелар имаше душа. И наука. И микс на борба помеѓу срце и разум. И допир на човековата психа кога човекот е оставен сам и кога ги нема овие услови кои ги уживаме денес. Филм кој се труди да биде хумористичен со реплики како I'm gonna have to science the shit out of this, а уствари е филм за човек кој сади компири на Марс. Филм во кој просторијата каде што ги садеше компирите ја откорна и уништи невреме, but it's nothing a little duck tape can not fix. Сериозно, снимија сцена каде што вратата ја направи од duck tape?? И кога леташе до бродот како Ајрон Мен, тоа требаше кул да биде? Филм кој никако не заслужува Оскар, ќе ми биде ептен криво ако земе Оскар.
Bridge of Spies - Отров. Како да гледам една дооооооолга документарка за размената на шпиуните. Глумата на Том е одлична, ама приказната е една рамна линија. Нема нешто возбудливо, Спилберг изгледа пред спиење ги пишувал дијалозите, за да му дојде побрзо сон. Ама е типично Американско филмче, разбирам зошто си го сакаат таму. Спремни се да погубат милиони свои војници во војни кои ги отвораат, ама жал ги фаќа ако 2ца луѓе останат заробени во туѓините. Ми се потврди само дека смртта на еден човек е трагедија, смртта на милиони е статистика. Исто ќе ми биде криво ако земе Оскар.
Mad Max: Fury Road - Апсолутно во мојата листа на топ 5 најлоши филмови кои сум ги изгледала. Навреда за човечката интелегенција е "филмов", 2 часа на бркотница која нема никаква логика, патат за вода а главниот негативец пушта вода да тече по карпи, се бањаат со црева и ја трошат за џабе. Јас разбирам дека во ваков филм без приказна треба да има голи девојки кои ќе бидат секси, ама да правиш сцена каде што тие девојки се прскаат со црева во провидна облека, а тврдиш дека светот нема вода и одиш да ја бараш е логика дигни ме пао сам. Том Харди е врзан на пола филм, Бог знае зошто. Дијалог во филмот речиси и да нема. Само бркотница. Бркотница на која што застануваат на пола пат и се враќаат назад. А да, има и еден тип кој е врзан за очите и свири гитара која фрла оган. Wow. Кога прочитав дека ликот од Шарлиз го споредуваат со јака женска, која што се борела за правата на жените како права феминистка ќе се усмртев. ОНА ако е портрет на една јака жена, јас тогаш Хилари Клинтон сум. Кој знае колку мозочни клетки ми се самоубија кога го догледав ова, оглупавев за неколку IQ поени. Нема да гледам уште еднаш Оскари ако повраќаницава земе оскар за најдобар филм.
И за крај, мојот фаворит за оваа година - Spotlight. Во споредба со овие другиве, класи подобар. Убаво е прикажан новинарскиот живот, а негативецот е една организација која што навидум е едно одлично шеќерно јаболко, кое ги учи луѓето на добар и правичен живот, а внатре е толку скапано и црвливо што цревата ти се грчат кога ќе се присетиш на тоа какви злосторства таа организација има направено. Ми се допадна приказната, ми се допадна начинот на кој што приказната е раскажана, ми се допадна и она што фали кај сите претходни филмови, а тоа е пораката. Моќна порака која што ќе го натера оној што гледа да се запраша колку треба слепо да верува во нешто што е навидум непогрешливо и недопирливо. Филм кој што вади валкан веш за доста контроверзна тема. И тоа е тоа што ме победи, она горчливо чувство што го осетив откако го догледав. Мене и стилот на филмови кои ми се допаѓаат ми е овој, така да можеби сум доста субјективна, не велам не. Али за мене, ова е победникот.