Какви филмови изгледав периодов ништо не напишав, за овој ми текна, ама ајде сакам да пишам некој збор...
The Ninth Gate
Прво, дознав еден факт за мене. Ужасно лошо влијаат на мене филмови со некакви култови, го видов тоа кај очи широко затворени, го видов и сега. Страшна депресија ме фаќа после таков филм, и колку и да е култен, познат и прифатен филмот, мене ми е одбивен и што побрзо сакам да го заборавам.
Полански го сакам ептен како режисер (иронија) дури и три негови филмови имам во топ листата на омилени, ама овој ќе му го сметам за производ во брзање. И те како си има филмов негов печат, но можел далеку подобро.
Џони Деп е некоја врста на дилер на книги, ги проценува, ги продава, прави бизниси со нив, па доаѓа до една книга која има три примероци и чудна приказна поврзана со неа. Истражувајќи за мистичната книга, нејзините сопственици и нејзиниот креатор, ќе се вплетка во една мрежа на зли случувања, предизвикани од натприродни сили.
Интересно звучи, ама не изгледа баш толку интересно, имаше моменти кои беа клучни да решам дека не ми се допаѓа цел филм.
И вистина, на страна она демек
јас го разбрав филмот ти не го разбра, не ја виде скриената порака бла бла, навистина постојат филмови што не се за секој. Овој дефинитивно не е за луѓе како мене. Никако.
И мислам дека јака реклама му направив. Јас ова да го прочитав некаде, одма ќе го спуштев.