Зошто за мажите е дозволена полигамија, а за жените не?Нема врска, еве јас сум муслиманка и ќе се потрудам да ви одговорам на сите прашања кои ве мачат.
И ќе се потрудам исто така да ви извадам делчиња, односно да ви цитирам од кyр`анот, каде што пишува дека жената има толку права колку што има и мажот. Рамномерност , коа ќе имам време, ќе ги прочитам сите ваши прашања и ќе ги одговорам, сега онака само наминав набрзинка... Да видам што има, што нема...
Зошто мажот-муслиман смее да земе жена од друга вера, а жената-муслиманка само од својата?
Зошто се вели дека на жената местото ѝ е во атмосферата на домот, а на мажот надвор?
Мислим, знам јас дека има исклучоци и дека ќе се најдат цитати да ги поддржат, ама реално ако ја погледнеме големата, генерална слика, повеќе се работи за менталитет отколку за религиозни правила. Сепак еве... ме интересира во Куранот зошто е така наведено.