Прашања за Исламот

Hindsighter

Нов член
3 јануари 2016
12
6
3
Jas ne razbrav, ako pokojnikot e zena , poradi nemesanje na polovite, odat samo zeni da ja pogrebuvaat?
Немешањето на различните полови важи за живите луѓе. Мажите се тие кои секогаш го носат телото на покојниот (или покајната) во гробишта и го/ја погребуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Додека телото на покојникот/та се наоѓа дома, нема никаков проблем бидејќи во принцип само блиските од семејството се присутни таму. Додека во гробишта само мажите присуствуваат и само тие го носат телото до гробиштата, а не за друго туку само заради принципот на немешање на различните полови во иста средина. Што значи, не само во гробишта туку и во школо, во џамија и во слични средини каде доаѓа до мешање на двете полови.
Што се однесува до полигамијата, тоа е предвидено во Исламот со две ограничувања, а тоа е горната граница каде најмногу 4 жени може да се земат и под услов да можеш да воспоставиш правда помеѓу нив (ако се повеќе од една). Но ако стравуваш дека не можеш да бидеш праведен, тогаш си должен само една да земеш. Ен-Ниса 4:3 "... Женете се со оние кои се вам допуштени, со две, со три или со четири. Но ако стравувате дека нема да бидете праведни, тогаш (оженете се) само со една ... Така најлесно ќе се чувате од неправдата."
Мислам дека грешиш.Одењето на жена на погреб, зависи од местото на живеење..на пр.во Турска може жена да присуствува на погреб, бо БиХ е забрането..имам колешка муслиманка која на прашањето зашто не одат на погреб, ми одговори дека се они послаби психички, а ако плачат и кукаат може да му направат лошо на покојникот и неговата душа да се заглави во некој безвременски простор.Значи дека некаде е забрането а некаде е дозволено, но под услов да се биде соодветно облечена, да не плаче, да не се растревожи, да не пали свеќа и др.
Имам едно прашање за тебе, кога веќе оваа тема за погреби ја начнавме...Дали знаеш зошто во домот на покојникот се пали светло и не се гаси 40 дена ако е машко или 50 дена ако покојникот бил жена?? Зошто се тие 10 дена разлика, а оној другиот адет со чаша вода го имаме и ние во нашите обичаи!??
 
Религијата и обичајот не треба да се мешаат и да се поистоветуваат како исти поими. Јас тука зборувам само од верски аспект. Но постојат обичаи кои, од верско гледиште се допуштени или пак не се компатибилни со верските правила. Емоционалната растревоженост не е причина што тие не присуствуваат на погреб, туку единствено принципот на немешање на половите. Се друго влегува во обичај како што се негасење на светлото за определени денови, поставување на столче со пешкир одозгора пред вратата на куќата кај албанското население итн.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Hindsighter

Нов член
3 јануари 2016
12
6
3
@Hindsighter дали го прескокна моето прашање бидејќи не го знаеш одговорот?
Не сум научен да не кажам ништо кога не знам за некоја работа, но кога се работи за неосновани (и во суштина глупави) заклучоци кои од нивниот висок степен на бесмисленост го прават давањето на одговор безначајно, игнорирањето е императив во тие случаи.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не сум научен да не кажам ништо кога не знам за некоја работа, но кога се работи за неосновани (и во суштина глупави) заклучоци кои од нивниот висок степен на бесмисленост го прават давањето на одговор безначајно, игнорирањето е императив во тие случаи.

А ти како Шиа муслиман, како гледаш на последните денови и на армагедонот?
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Не сум научен да не кажам ништо кога не знам за некоја работа, но кога се работи за неосновани (и во суштина глупави) заклучоци кои од нивниот висок степен на бесмисленост го прават давањето на одговор безначајно, игнорирањето е императив во тие случаи.
Што е неосновано или глупаво во моето прашање?! Имаш стих од куранот каде јасно е нагласено дека месечината и сонцето се меѓу седумте неба - сура 71, стихови 15 и 16, и имаш стих каде исто така јасно вели дека ѕвездите се на најблиското небо, сура 37, стих 6! Што е неосновано или глупаво во случајов? Те прашувам како го објаснуваш ова, бидејќи денес е општо познато дека ѕвездите не се поблиску од месечината и сонцето!
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Jas ne razbrav, ako pokojnikot e zena , poradi nemesanje na polovite, odat samo zeni da ja pogrebuvaat?
Во секоја света книга на монотеистичка религија, жената е деградирана, и меѓу таквите деградирања е и забраната, таа да не оди на погреб.
Џабе ќе зборуваме за немешањето на машките и женските на ист простор.
Да не се малтретирам да ги барам деловите од Библијата каде што пишува дека жена, ако слуша проповед и не сфаќа нешто, не смее сама да праша, мора да го праша својот сопруг, иако, тој можеби и два збора не знае да каже. Таа му е потчинета до степен на лудило.
Секое друго објаснување во однос на ваквите деградирања кои ќе ги даде било кој верник, било да е Муслиман или Христијанин е чисто мачкање очи.
 
Не би се сложил со тоа бидејќи во Исламот жената го има најдобриот статус што и кореспондира на нејзината природа како жена. Во правата и обрвските се сосема изедначени мажите и жените во Исламот и во таа смисла постои полова еднаквост. Но што денес се конфудира е фактот што половата еднаквост се сфаќа како идентичност и тука црвената линијата е многу бледа, сосема невидлива. А идентичност значи таа може да работи со часови по цел ден сиротата исто како мажот, да копа бунари како мажот, да бидат рударки, да се тренираат како минофрлачи и војници во секторот на тешка артилерија и многу други примери. Од вакви нешта ние муслиманите ги чуваме жените и не ги претвараме во "мажи" и во монструми. Фала му на Господ, единиот створител на сето видливо и невидливо.
 
Дали ова е тој најдобар статус:
Сура 2:
223. Жените ваши се бавчи ваши. И како сакате пријдете им на бавчите ваши! И задоволете се! И од Аллах плашете се! И знајте дека со Него ќе се сретнете! И зарадувај ги верниците!

Сура 2:
228. ...Но, сопрузите во однос на сопругите имаат предност за еден степен. Аллах е Силен и Мудар!

Сура 4:
11. Ете, Аллах ви остава во васиет, што се однесува до вашите деца, да им оставите: на машкото дел колку од две женски.

П.С. Што стана со прашањето за ѕвездите, месечината и сонцето? Сеуште чекам да објасниш што беше глупаво и бесмислено во моето прашање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra