Бидејќи темата за авијација сепак осамна со едно мислење а темата за Црната Змија имаше дури две, отварам нова тема за која сум горе-долу сигурен дека ќе има нула постови и на тој начин ќе ја продолжат традицијата на отварање теми кои никого не го интересираат
Како долгогодишен фан на акционерското друштво The Celtic Football club со местоположба во Глазгов, Шкотска, Обединетото Кралство - повремено ја пратам шкотската лига, оригиналната Премиер (англичаните копирале име) дивизија која што денес е спадната на селска верзија на англиската ПЛ.
Иако го има задржано шармот и имиџот, квалитетот е сериозно опаднат а и публиката не е на тоа ниво како некогаш.
Лига од најмала земја по жители евер која има дадено победници на евро-куповите (ЛШ и еквиваленти на ЛЕ). Исто така лига со традиција second only на онаа во Англија. Репрезентацијата на Шкотска е најстара фудбалска селекција, неофицијално се собрале уште во 1870 и одиграле неколку меча со Англија но официјални ги сметаат само од 1872.
Професионално првенство се игра од 1890 а ФА купот од 1873. Лига-купот како ентитет е шкотска измислица која подоцна се проширила во Англија и Франција а постои од 1946.
Интересно, Селтик има стадион (Селтик Парк познат и како Паркхед) кој има скоро потполно ист капацитет со оној на Арсенал иако архитектонски е најсличен на Олд Трафорд. Не треба да се трошат суперлативи за овој клуб (ок, би се ограничил на феноменален, фантастичен, спектакуларен, секси и интересен) а може да се напомене дека имаат 46 лигашки титули, 37 ФА, 15 Лига купа и 1 Лига на Шампиони (1967, 2-1 вс. Интер), плус едно финале во ЛШ, 2 пати 1/2 финале и едно финале во ЛЕ, 2003 кога Мурињо се испили на светската сцена баш преку победа над Селтик со Порто, 3-2 во продолженија...
Најстар клуб е Квинс Парк од Глазгов од 1867 а најуспешен е покојниот Ренџерс со 54 лигашки титули, осум повеќе од Селтик.
Ривалството меѓу овие два клуба некои сметаат дека е најголемо во светот на фудбалот, а дека тоа не се само празни зборови упатуваат и преку 100-те мртви кои досега имаат паднато при мечеви на овие два ривали низ историјата.
Во наредните денови и месеци ќе си постирам повремено на темава, онака, како Дастин Хофман во Рејнмен кога ги броеше чачкалиците